Даниела од Роам Ароунд МК за камперските тури во Исланд: „Одиме на места за кои никој не слушнал“

Какви се временските услови? Што сè треба да си понесат туристите за максимално да уживаат во турата?

Иако на многумина Исланд им звучи страшно и сурово, всушност знае да биде и преубаво. На нашата тура неодамна времето беше одлично, со исклучок на неколку врнежливи денови.

Следната тура ќе ни биде во април. Очекуваме времето да е пријатно во граница од 5 до 14 степени.

Дури и во пролет или лето, најбитно е патниците да си понесат водоотпорни и топли парчиња облека во случај на промена на време што во Исланд се случува често и многу брзо.

daniela-od-roamarounmk-za-kamperskite-turi-vo-island-gi-posetuvame-najpoznatite-crni-plazi-vodopadi-gleceri-gejzeri-a-aurora-borealis-e-nezaborvno-iskustvo_-05.jpg

Кои сè локации се посетуваат и која е вашата омилена?

Се посетуваат сите најголеми туристички атракции во Исланд. Со оглед на тоа што возиме низ цел остров, нема нешто што ќе го пропуштите доколку доаѓате со нас во Исланд.

Ги посетуваме најпознатите црни плажи, водопади, глечери, гејзери… Нашата омилена локација е дефинитивно вулканската плажа Рејнисфјара.

View this post on Instagram

A post shared by Roam Around - MK (@roamaroundmk)

Дали посетата на Леденото Езеро и глечерите е опасна?

Не, воопшто не е. Иако е поладно од другите локации кои ќе ги посетите, глетката на сантите од лед е фасцинантна. Како што ги замислувате, точно и така изгледаат во живо.

Леденото езеро е дефинитивно во топ 3 „must see“ дестинации во Исланд на нашата листа.

Се спие во камп сајтови - како се опремени и колку се безбедни?

Камп сајтовите се 100% безбедни, исто така Исланд важи за една од најбезбедните земји во светот. Камп сајтовите во кои паркираме и спиеме секоја вечер се опремени со тушеви, простории за дружење, кујни, машини за перење облека, а исто така некои од нив имаат и топли базени.

Мислиме дека секој што првпат доаѓа може да се двоуми за колку е безбедно да се спие во кампер во Исланд, но после првата ноќ, на сите ни станува јасно дека всушност нема никаква опасност и нема од што да се плашиме.

Со оглед на тоа што сме група, никогаш нема да се почувствувате осамено, а доколку се плашите од темница, не се секирајте, поларната светлина ќе го осветли небото.

Според вас, кој е најдобриот дел од годината за посета на Исланд?

Најпопуларен период за одење во Исланд е лето бидејќи температурите се движат од 7 до 18 степени. Сепак според нас, најдобри периоди за посета на Исланд се есен и пролет.

Во лето не можете да ја видите поларната светлина на небото бидејќи има 24 часа сончева светлина. Во есен и пролет има помалку туристи што значи туристичките атракции ќе бидат многу поубави бидејќи ќе има помалку посетители.

Дали за време на турата има можност да се види поларната светлина?

Ова е едно од најчестите прашања кои ги добиваме. Доколку дојдете со нас на тура во есен или пролет, веројатноста да ја видите поларната светлина е голема. Сè што треба е да биде чисто небото навечер.

Сепак, се работи за природен феномен и не можеме да гарантираме дека ќе ја видите. Секоја вечер сме во потрага по поларната светлина и доколку навистина искрено сакате да ја видите, можеби небото ќе почне да танцува.

За среќа, нашите патници од турата од која се вративме неодамна го сведочеа овој феномен неколкупати во текот на патувањето. Нивниот коментар се состои од само еден збор: ВОЛШЕБНО!

daniela-od-roamarounmk-za-kamperskite-turi-vo-island-gi-posetuvame-najpoznatite-crni-plazi-vodopadi-gleceri-gejzeri-a-aurora-borealis-e-nezaborvno-iskustvo_-07.jpg

Раскажете ми некоја случка од патувањата која никогаш нема да ја заборавите.

Целото патување во Исланд никогаш не се заборава. Една од најегзотичните дестинации во светот. Дефинитивно е место кое ќе ви го освои срцето и ќе ве збогати културолошки и спиритуално.

Сите случки се многу интересни полни со авантура. Сепак, случка која дефинитивно никогаш нема да ја заборавиме е кога пред 4-5 години за првпат ние ја видовме поларната светлина во Исланд. Ја бркавме секоја вечер и не успеавме да ја видиме, но на последната ноќ – ние разочарани дека не сме ја виделе, а таа всушност блеска над нашите глави!

Сè што требашe да направиме е да погледнеме нагоре. Незаборавно искуство!

Покрај Исланд, дали нудите и други дестинации или имате во план?

Имаме во план да ги нудиме најегзотичните дестинации во светот, но се разбира да го задржиме духот на Роам Ароунд МК.

Сакаме во моментот кога ќе помислите на нас да помислите на авантура, кампери, многу нови пријатели, незаборавни искуства и нови богатства. Очекувајте нова дестинација наскоро!

daniela-od-roamarounmk-za-kamperskite-turi-vo-island-gi-posetuvame-najpoznatite-crni-plazi-vodopadi-gleceri-gejzeri-a-aurora-borealis-e-nezaborvno-iskustvo-02.jpg

Што се прави во случај на несреќа, болка или настинка за време на патувањето? Дали има медицински тим?

Прво сите патници имаат здравствено осигурување коешто е вклучено во цената. Нашиот тим носи разни превентивни основни аналгетици и лекови коишто би можеле да притребаат.

Со оглед на тоа што сме на пат цело време и не се стационираме во едно место, за нашата безбедност се грижи исландската „Emergency“ служба која во итен случај, доколку сме на непристапен терен ни приоѓа со хеликоптер, доколку сме во град нè транспортира до здравствена установа.

Вакви случаи се многу ретки и се случуваат само доколку не ги почитувате правилата што ги имаме поставено од безбедносни причини.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело / фото: приватна архива



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg