Скопјанката Анамарија досега посетила 24 земји: „Бали ми е најубав, камила во Египет ми легна во скут“

„Мојата љубов кон патувањето потекнува од баба ми Ботка, која како дете ме воведе во овој свет. Често патувавме заедно, а таа знаеше да патува и со своите другарки. Нејзините приказни од Тајланд, Индија, Египет, Италија, ме натераа да мечтаам за сите дестинации кои ги посетила. Секој сувенир што го носеше, од магнети, слончиња, па до сари од Индија, ја засили мојата желба да посетувам нови земји“, вели Анамарија од Скопје.

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-01.jpg

Анамарија Грујоска (23) од Скопје веќе неколку години живее во Америка. Таму се преселила со родителите, и се запишала на студии на Универзитетот Оукленд.

Во моментов живее на релација Македонија-САД, а во Америка е на магистерски студии по бизнис администрација.

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-18.jpg

Паралелно со студиите работи и како финансиски аналитичар за американски фирми.

„Ова практично искуство ми овозможува да ги истражувам и применувам теоретските концепти научени на предавањата и постепено да одлучам за мојата професија.

Истовремено предавам математика на ученици кои се подготвуваат за факултет“, вели Анамарија.

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-11.jpg

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-44.jpg

Но, нејзина голема страст се патувањата, па досега посетила 24 земји во светот.

Целта ѝ е да ги посети сите држави што пред неа ги видела и нејзината баба Ботка, жената поради која Анамарија толку многу сака да патува и истражува.

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-40_copy.jpg

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-26.jpg

За своите бројни патувања, позитивни впечатоци и разочарувања од некои дестинации, Анамарија раскажа за CRNOBELO.com:

„Мојата љубов кон патувањето потекнува од баба ми Ботка, која ме воведе во светот на истражувањата уште од моето детство.

Често патувавме заедно, ама таа често знаеше и да патува со своите другарки.

Нејзините приказни од Тајланд, Индија, Египет, Италија, и ред други земји ме натераа да мечтаам за сите дестинации кои ги посетила.

Секој сувенир што го носеше, од магнети, слончиња, па сè до сари од Индија, ги засили моите желби да посетувам нови земји и да ги запознаам нивните традиции.

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-02.jpg

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-03.jpg

До сега посетив 24 земји, што е само 11% од светот.

Честопати знам да се вратам и да ја посетам истата држава неколкупати, но различно гратче, бидејќи секој дел си има различна убавина.

Мојата цел е да ги посетам сите места на коишто била баба ми, а и што повеќе да видам од различните култури во светот додека можам.

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-04.jpg

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-05.jpg

Моите патувања не се ограничени со одреден број во годината - понекогаш одам на два или три подолги одмори, а понекогаш на повеќе пократки одмори, зависно од времето.

Сакам да посетувам различни места, дали се тоа блиску околу Македонија или многу подалеку, уживам да истражувам.

Некогаш сакам и двапати на исто место да одам, поради убавините што ми ги оставило во сеќавање.

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-08.jpg

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-09.jpg

Најубавата дестинација на која сум била е Бали - Индонезија.

Бевме таму 14 дена и за мене тоа не беше само одмор, туку и доживување со различно гледиште на животот.

Многу ја ценам нивната култура, тоа што се добри и благодарни за она што го имаат и колку ценат сè што имаат, иако немаат многу.

Толку добри души - тоа многу ме привлече таму. Прво, културата и добрината на луѓето, а потоа животинскиот свет.

Бев во контакт со животните, хранев жирафи и галев слонови, шетав додека мајмуни трчаа околу мене. За мене ова се незаборавни искуства и моменти.

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-48.jpg

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-50.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Антонио Димоски живее на Бали: „Луѓето се многу фини и добри, но сообраќајот е хаос“ Антонио Димоски од Охрид е фриленсер во областа на човечки ресурси и дигитален м...
Виктор од Скопје за одморот во Египет: „Локалците се многу нападни кога продаваат сувенири, Каиро е ... „Дали одморот во Египет беше баш тоа што го замислував? Делумно да, бидејќи не о...
Моника и Никола патуваа од Скопје до 3 грчки острови со скутер: „Поминавме 1.800km, ни се запали куф... „На пат кон Атина имавме мало патешествие, кое за среќа нè чинеше само 2 изгорен...
Тиктокерот Карим од Казахстан за Македонија: „Охрид е моето среќно место, таму го видов најубавото з...  „Кога пристигнав во Охрид, недостасуваа 30 минути до зајдисонцето, па брзо...
Стефан Димитриевски, патувачки фотограф: „На Шар Планина го фотографирав најубавото изгрејсонце“ Стефан Димитриевски е од оние млади луѓе кој не оди никаде без својот фотоапарат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg