„Бев на борба со бикови во Севиља, Малага ги има најубавите зајдисонца“: Боро од Скопје за посетата на Шпанија

„Без разлика дали ги сакате или мразите, борбите со бикови во Шпанија се многу привлечни за љубопитните луѓе од целиот свет, а многу експерти ги сметаат за национално и уметничко богатство“, вели скопјанецот Боро Секуловски, кој неодамна посети десетина града во Андалузија.

boro-od-skopje-voodusheven-od-posetata-na-andaluzija-bev-na-borba-so-bikovi-vo-sevilja-malaga-gi-ima-najubavite-zajdisonca-01.jpg

Боро Секуловски (44) или Боро Коса, како што го знаат многумина, скоро 20 години работи во делот за ПР на фризерското студио „Коса“, кое го основал со својата сопруга.

Но, тој е познат и по својата љубов кон домашниот декор, па така, неговиот дом е секогаш уреден со многу мерак, со внимателно избрани детали и предмети кои раскажуваат приказни.

boro-od-skopje-voodusheven-od-posetata-na-andaluzija-bev-na-borba-so-bikovi-vo-sevilja-malaga-gi-ima-najubavite-zajdisonca-14.jpg

boro-od-skopje-voodusheven-od-posetata-na-andaluzija-bev-na-borba-so-bikovi-vo-sevilja-malaga-gi-ima-najubavite-zajdisonca-23.jpg

Овој скопјанец има и голема страст за патување, па неодамна, заедно со сопругата и двете деца беа на авантуристичко патување во Андалузија, Шпанија каде што посетија десетина града и многу знаменитости.

За нивното интересно патешествие и убавите нешта што ги доживеале, тој ни раскажа во разговорот за CRNOBELO.com:

Неодамна се вративте од едно долго патување низ Шпанија – каде сè бевте, колку места посетивте? Како изгледаше вашето патување?

Андалузија е, веројатно, еден од најпривлечните региони во Шпанија.

Овој дел од земјата e дом на градските плоштади со калдрми, каде што звуците од гитари се шират низ околните улици.

Тоа е место, каде што во баровите се служат вкусни традиционални предјадења, надополнети со сортни вина и свежи пива, каде ноќта се предава на страстите на фламенкото, во традиционалната изведба на регионот.

Тука се пејзажите по должината на Медитеранот, плажите преплавени со сонце.

Туристичките одморалишта на Коста дел Сол се компензирани со карпести планински градови, кои изгледаат како да не се сменети со векови.

Сето ова ја прави Андалузија еден од најпопуларните делови на Шпанија. И навистина е прекрасна!

Во текот на семејното патување посетивме повеќе градови – најтесниот град на светот Ла Манга, карпестата Сетенил де Лас Бодегас, Гранада каде што целиот град мириса на арапските зачини, најубавиот поглед од „Балконот на Европа“ кој се наоѓа во Нерја, монденската Марбеља, Кадис – градот кој се наоѓа на Атлантскиот Океан и е местото од кое Кристофер Колумбо отпловил дури двапати.

Бевме и во Малага за која прва асоцијација се Помпиду и Пикасо, Севиља каде што бевме на борба со бикови, Кордоба - градот кој ве поврзува со хипнотизирачката катедрала-џамија Мескита, бевме и во Картагена, Мазарон, Бенидорм, но и во Аликанте кој ја има најпрепознатливата пешачка улица и најубавиот поглед на градот од замокот Света Барбара.

boro-od-skopje-voodusheven-od-posetata-na-andaluzija-bev-na-borba-so-bikovi-vo-sevilja-malaga-gi-ima-najubavite-zajdisonca-01_1.jpg

boro-od-skopje-voodusheven-od-posetata-na-andaluzija-bev-na-borba-so-bikovi-vo-sevilja-malaga-gi-ima-najubavite-zajdisonca-02.jpg

Од сите места што ги видовте, кое ти остави најубав впечаток?

Од ова патување, човек веројатно би згрешил ако издвои само едно место како „посебно“.

Секој град има своја убавина и остава личен печат.

boro-od-skopje-voodusheven-od-posetata-na-andaluzija-bev-na-borba-so-bikovi-vo-sevilja-malaga-gi-ima-najubavite-zajdisonca-06.jpg

boro-od-skopje-voodusheven-od-posetata-na-andaluzija-bev-na-borba-so-bikovi-vo-sevilja-malaga-gi-ima-najubavite-zajdisonca-03.jpg

Постои ли место кое те разочара и кое не беше како што си го замислуваше (или како што си гледал на фотки/видеа)?

Секогаш пред да одиме на некое патување, доста читаме и истражуваме на Јутјуб за местата што би сакале да ги посетиме.

Досега ме нема разочарано ниту едно место што го имам посетено.

Од градовите каде што човек патува не треба да биде разочаран, напротив, треба да ги види убавите работи. Зарем кога човек патува треба да биде разочаран?

Патувањето е само уште една прочитана книга во која ги носиме само добрите и убави спомени.

boro-od-skopje-voodusheven-od-posetata-na-andaluzija-bev-na-borba-so-bikovi-vo-sevilja-malaga-gi-ima-najubavite-zajdisonca-04.jpg

boro-od-skopje-voodusheven-od-posetata-na-andaluzija-bev-na-borba-so-bikovi-vo-sevilja-malaga-gi-ima-najubavite-zajdisonca-10.jpg

Во текот на патувањето имавте можност да ја посетите и шпанската корида и прочуените (но во делови од земјата и забранети) борби со бикови. Какво искуството беше тоа?

Борбата со бикови е еден од најрепрезентативните аспекти на шпанската култура, а во исто време е и еден од најконтроверзните спектакли во светот.

Тоа е обично на топ 10 листата на традиционални шпански активности, заедно со фламенкото, вкусните предјадења или освежувачката сангрија.

Настанот во суштина се сведува на изведба помеѓу високо обучен професионалец – тореро или матадор и најмоќното животно на медитеранскиот екосистем – храбриот бик (el toro de lidia).

Борбата со бикови е една од најпознатите шпански свечености и веројатно една од најстарите во светот.

Сезоната на борби со бикови во Шпанија почнува на пролет и трае до есен, а често е важен дел од регионалната прослава. А нив може да ги најдете во Севиља, Кордоба или Ронда.

Традиционалниот настан на коридата е познат како корида де торос.

Тука се појавуваат тројца тореадори и секој од нив изведува двапати корида, односно излегуваат вкупно шест диви бикови.

boro-od-skopje-voodusheven-od-posetata-na-andaluzija-bev-na-borba-so-bikovi-vo-sevilja-malaga-gi-ima-najubavite-zajdisonca-44.jpg

boro-od-skopje-voodusheven-od-posetata-na-andaluzija-bev-na-borba-so-bikovi-vo-sevilja-malaga-gi-ima-najubavite-zajdisonca-46.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Јордан Колевски го замени Скопје за Торонто: „Животот овде е прекрасен, луѓето се топли и љубезни, р... „Овде секој ќе те поздрави иако не те познава, луѓето се топли и насмеани. Ми се...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
Битолчанката Дивна 13 години работи на брод: „Од аниматор за деца стигнав до директор на одделот, Ма... „Со оглед дека во Македонија беше тешко да се добие работна позиција по завршува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg