Мими од Скопје за автобуската тура во Јужна Италија: „Патувавме со траект до Бари, спиевме во Неапол, а се вљубив во Амалфи“
- Детали
- недела, 04 мај 2025
„Тргнавме со комбе од Скопје, а се качивме на траект од Драч до Бари. Времето на патување на траект е приближно 9 до 10 часа, во текот на ноќта. Коктел со лимончело во Амалфи чини околу 10 евра, а ова место е рај за очи“, споделува Мими од Скопје за CRNOBELO.com.
Mими од Скопје со партнерот ја посети Јужна Италија, а вели дека Соренто, Амалфи и Позитано ѝ оставиле најсилен впечаток – дека овие места се буквално рај за очи и душа.
Со комбе од Скопје, па траект од Драч до Бари, со ноќно патување, па до првата дестинација, каде и спиеле, Неапол.
Таа за CRNOBELO.com ги споделува своите впечатоци оттаму:
„Се одлучивме сосема случајно и непланирано да патуваме на неколку дена во Јужна Италија со автобуски превоз и брод.
Патував со својот партнер, времето за планирање на ова патување беше кратко, па затоа се одлучивме да одиме преку агенција.
Сè што беше предвидено во програмата беше реализирано.
За време на патувањето постојано бевме со туристички придружник, кој многу ни олесни и помогна да се снајдеме брзо и за кратко време колку што беше предвидено за слободни активности.
Тргнавме со комбе од Скопје, а се качивме на траект од Драч до Бари.
Времето на патување на траект е приближно 9 до 10 часа, во текот на ноќта.
Имате опција преноќување на „палуба“, специјални места со седишта како во авион, или во барот, како и опција за преноќување во кабина.
Веднаш по пристигнувањето во Бари, ја посетивме црквата Св. Никола, која беше во непосредна близина на пристаништето.
Поради претстојните празници кои оваа година беа во исто време за православните и католиците затекнавме церемонија која беше низ уличките во близина на црквата.
Патувањето го продолживме кон Неапол, каде и бевме сместени во непосредна близина на градот.
Неапол е небезбеден град за туристи во однос на кражби, па така и бевме предупредени да внимаваме на личните документи, но и покрај тоа пленеше со својата убавина на свој начин.
Преполн со луѓе, тесни улички, „лудо” возење на веспа, мирис на пица, жагор од луѓе.
Цени имаше за сечиј џеб, па така варираа од 6-7 евра или од 15 – 25 евра од порција.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





