Мими од Скопје за автобуската тура во Јужна Италија: „Патувавме со траект до Бари, спиевме во Неапол, а се вљубив во Амалфи“
Го пробавме и специјалитетот наречен „Баба колаче“, потопено во шербет од рум. Имаше повеќе начини на подготовка на овој десерт, од полнето со крем од ванила до крем од чоколадо. Превкусно!
Го посетивме и градот Помпеја, град кој бил уништен од вулканот Везув.
Заедно со Херкуланеум, Стабија и многу околни вили, градот бил закопан од вулканска пепел во ерупцијата. Влезница за локалитетот беше 25 евра.
Посетата ни беше придружена од локален водич, кој ни раскажуваше интересни факти за Помпеја.
Следниот ден се упативме кон Соренто, Позитано и Амалфи.
Мислам сите го чекавме тој момент, кој беше буквално рај за очи и душа.
Од Соренто до Позитано и Амалфи бевме со брод. Пловевме покрај брегот и уживавме во убавините.
Амалфи е град во природен амбиент под стрмните карпи на југозападниот брег на Италија.
Амалфи е познат по производство на ликер од лимон - лимончело. Цените за да пробате лимончело се движеа од 9 до 10 евра за коктел лимон шприц. Сладоледот беше околу 10 евра.
Цените во Амалфи беа како на секое друго туристички место. Летната сезона иако во најава, на плажите веќе се забележуваа туристи, а дел од туристите се бањаа во прекрасно сината боја на морето.
Тесните улички беа шармантни и како „украсени“ со продавници за сувенири во боја и со изглед на лимон, па даваа неверојатен впечаток за гратчето.
Движејќи се по крајот на улицата до морето, каде од висина уживавме во погледот на сјајот на морето и живописните бои на градот, успеавме да стигнеме и да го видиме Атрани, село со мала површина, кое е меѓу најубавите во Италија.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





