Славко од Струга за патувањето на Тајланд: „Пробав месо од алигатор и скорпија на скара, ме воодушеви будењето со слонови“
- Детали
- недела, 25 мај 2025
„Го посетив прибежиштето за слонови близу Чианг Маи. Таму имав можност да се запознаам со овие навистина величествени суштества. Морам да го издвојам и будењето со нив, кога рано наутро ти доаѓаат пред бунгаловот и тропаат на прозор за да им дадеш храна, а ти си спремен со цела вреќа банани“ - вели Славко за CRNOBELO.com за патувањето во Тајланд.
Пешиноски Славко (32) од Струга има посетено многу дестинации во светот, а последната од нив е Тајланд.
Оваа земја му оставила толку убав впечаток, без оглед дали станува збор за урбаните градови со нивната динамика, за традиционалните места со будистички храмови или за величествената природа - тој вели дека би сакал барем уште еднаш да се врати во Тајланд.
За своето интересно патување, исполнето со многу авантури, Славко раскажа во разговорот за CRNOBELO.com:
Неодамна беше на патување на Taјланд. Зошто го избра како дестинација, што те привлече првенствено кон оваа авантура?
Изборот на Тајланд како дестинација беше резултат на многу фактори, но она што ме привлече првенствено беше чувството дека земјата е повеќе од туристичка точка - тоа е доживување што ги буди сите сетила.
Од величествените будистички храмови и живописните улични пазари, до спокојните тропски плажи и гостопримливите локалци - сè во оваа земја зрачи со посебна енергија.
Тајланд нудеше совршена можност да се разбудам во една сосема поинаква реалност.
Сакав да се оддалечам од сè што ми е познато, да се внесам во еден свет со сосема поинаква енергија.
Културата, природата, начинот на живеење - сè во Тајланд ми нудеше можност да застанам, да здивнам и да го почувствувам светот на своја кожа на некој нов начин.
Тоа беше патување што ми даде нова перспектива, но разбуди и нешто необично во мене.
Дали организираше сè сам или беше преку агенција? Дали ни треба виза за таму и каква е процедурата за добивање?
Патувањето го организирав сам, без помош од агенција.
Визата од лани се вади онлајн целосно, чини 40 евра и се одобрува за 2-3 недели.
Летовите (интернационални и локални) ги резервирав онлајн, а сместувањата ги најдов на Booking и Agoda. Турите и локалните екскурзии ги организирав преку Get Your Guide.
Колку време траеше летот до Тајланд? Како леташе до таму и дали е скапа авионската карта?
Летав преку Виена, со само еден трансфер до Бангкок.
Авионската карта е скапа, но со оглед на тоа што имав само еден трансфер, можам да кажам дека подобро не можев да поминам, и временски и финансиски.
Летот Виена-Бангкок траеше речиси 11 часа.
Каков ти беше првиот впечаток за земјата? Дали беше сè што очекуваше или беше поубаво (полошо) од тоа што си ги замислуваше?
Реалноста беше уште подобра од тоа што го очекував. Бангкок веднаш ме изненади со својата модерност и уреденост.
Од самото пристигнување, атмосферата на аеродромот беше пријатна - насмеани лица, јасна организација и топло чувство на добредојде.
Сè функционираше беспрекорно, а целото доживување ми остави впечаток дека сум стигнал во метропола која знае како да ја комбинира ефикасноста со топлината на локалната култура.
Сè изгледа плански и функционално изградено, а истовремено го задржува својот азиски шарм.
Бангкок е навистина комбинација од модерна инфраструктура и традиционална гостопримливост.
Што сè имаше можност да видиш - градови, храмови, плажи, познати локации? Што ти остави најсилен впечаток од местата што ги виде, а што те разочара?
Бангкок и неговите облакодери, природата и живиот свет испреплетен со урбаното.
Забава на 78-ми кат на King Power Mahanakhon со 360 степени поглед врз цел Бангкок.
The Grand Palace, импресивен кралски комплекс со богата историја.
Храмот Wat Pho, дом на гигантската статуа на Лежечкиот Буда и познат по традиционалната тајландска масажа.
Wat Arun, уникатен храм покрај реката Чао Праја, особено магичен за време на зајдисонце.
Пазарите и трговските центри MBK, Siam Paragon и Chatuchak пазарот.
Стрит фуд култура, рај за љубителите на улична храна - вкусно, евтино и разновидно.
Реката Чао Праја, животот во Бангкок пулсира околу оваа река - пловни пазари, храмови и транспорт.
Од ноќни пазари до клубови и барови, забава без пауза.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





