Славко од Струга за патувањето на Тајланд: „Пробав месо од алигатор и скорпија на скара, ме воодушеви будењето со слонови“
Дали имаше некоја непријатна ситуација, имајќи предвид дека слушаме и читаме често за луѓе кои имале непријатности, па дури и завршиле во затвор таму?
За време на моето патување во Тајланд, немав никакви чудни или непријатни ситуации. Луѓето беа многу љубезни, а сите мои искуства во земјата беа позитивни.
Меѓутоа, како и во секоја друга земја, важно е да се има на ум каде се наоѓаш и што правиш.
Безбедноста во Тајланд е генерално на високо ниво, но како и секогаш, треба да бидеш внимателен и свесен за околината, луѓето и дивиот животински свет што те опкружува.
Во популарните туристички дестинации, луѓето обично се многу пријателски настроени и земјата нуди безбедна атмосфера за патниците.
Сепак, ако одлучиш да се упатиш во помалку познати или оддалечени делови, секогаш треба да бидеш повнимателен.
Никаде немаш гаранција, но моето искуство беше позитивно и без непријатности.
Како се движеше од едно до друго место - со рентакар, автобус, такси... Како е организиран превозот, колку е скап?
Се движев комбинирано, во зависност од локацијата. Во градовите и до/од аеродром најчесто користев такси преку Bolt или Grab, тук-тук (што е најпознатиот начин на превоз во Тајланд) во кои ечи музика и разни светла, а понекогаш и приватен трансфер организиран од сместувањето.
Од Бангкок до Чианг Маи, па потоа до Краби и назад до Бангкок патував со авион - брзо и практично, а цената беше прилично прифатлива.
Во Краби, за движење помеѓу островите како Ко Ланта и Ко Фи Фи, користев фери и традиционални „лонгбоатс“ - тесни дрвени чамци со мотор, кои нудат автентично незаборавно искуство.
Општо, превозот во Тајланд не е скап и е многу лесно достапен и функционален и сè е екстремно добро организирано, иако на прв поглед изгледа хаотично.
За тој што сака да оди на Тајланд, кои се твоите препораки - што мора да види или проба, а што не?
Мојата препорака за секој што сака да посети Тајланд е да престојува најмалку две недели за да може да ја искуси земјата во целост.
Каде и да се свртите има што да се види, од сè по нешто за сечиј вкус.
Не пропуштајте да ги посетите храмовите во Чианг Мај - нивната духовна атмосфера и архитектура се едноставно неверојатни.
И, секако, обавезно посетете ги плажите на Краби, како Ао Нанг и Ко Ланта - природата и водата се неописливо убави.
Бидете подготвени за физички активен одмор, со многу пешачење и активности на отворено, како посети на национални паркови или кај слоновите, а исто така треба да очекувате високи летни температури.
Но, и покрај напорот, секој момент вреди - Тајланд има толку многу да понуди што ќе ги надмине сите ваши очекувања.
Дали би отишол пак?
Иако има многу земји што сè уште сакам да ги истражам, Тајланд сигурно ќе биде една од моите омилени дестинации на кои ќе се вратам.
Бев апсолутно импресиониран од Тајланд! Патувањето беше полно со неочекувани убавини и искуства што никогаш нема да ги заборавам.
Земјата нуди неверојатна комбинација на природни пејзажи, богата култура и исклучителни луѓе, кои го прават секое патување уникатно.
Тајланд е место кое го буди секое сетило, нуди мир и авантура, и истовремено те поттикнува да го истражиш своето внатрешно и надворешно опкружување.
Без разлика дали патуваш за опуштање или за истражување, земјата нуди по нешто за секого.
Ако имам шанса повторно да го посетам, тоа ќе биде без размислување! Тајланд е земја што едноставно те влече и остава да посакуваш да ѝ се вратиш.
Повеќе фотографии во галеријата:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





