Славко од Струга за патувањето на Тајланд: „Пробав месо од алигатор и скорпија на скара, ме воодушеви будењето со слонови“

Едно од највпечатливите искуства ми беше посетата на прибежиштето за слонови во близина на Чианг Маи.

Таму, далеку од туристичките спектакли, имав можност да се запознаам со овие навистина величествени суштества, нежни џинови, во нивна природна и заштитена околина.

Денот поминат со нив - хранење, капење во река и само споделување простор со нив - беше емотивен и длабоко значаен момент.

Морам да го издвојам и будењето со слонови, каде рано наутро ти доаѓаат пред бунгалови и буквално тропаат на прозор за да им дадеш храна, а ти си спремен со цела вреќа банани.

Навистина надреално искуство.

slavko-od-struga-za-patuvanjeto-na-tajland-probav-meso-od-aligator-i-shkorpija-na-skara-me-voodushevi-budenjeto-so-slonovi-41.jpg

Храмовите во Чианг Маи исто така ми оставија силен впечаток - нивната духовност, тишина и архитектура пренесуваат посебна енергија што тешко се опишува со зборови.

Вториот дел од патувањето ме однесе на југ, во провинцијата Краби, каде што природата едноставно одзема здив.

Ао Нанг, со своето живописно крајбрежје, беше идеално место за релаксација, додека Ко Ланта ми понуди мир, опуштена атмосфера и преубави зајдисонца.

Ко Фи Фи, иако популарен и малку пофреквентен, ме воодушеви со своите тиркизни води и спектакуларни карпести формации и сиот тој морски свет што го направи целото искуство како од некој шаренолик сон.

slavko-od-struga-za-patuvanjeto-na-tajland-probav-meso-od-aligator-i-shkorpija-na-skara-me-voodushevi-budenjeto-so-slonovi-51.jpg

Од сè што видов, најсилен впечаток ми оставија токму тие моменти на поврзаност со природата и животните, како и тишината во храмовите.

Ако нешто би го издвоил како помалку импресивно, тоа би биле некои пренатрупани туристички делови каде што недостасува автентичност - но сето тоа лесно се заборава кога си опкружен со толку многу убавина и искреност.

Ги издвојувам и последните денови во Бангкок кои беа деновите на Сонгкран и тоа е вистински спектакл - традиционалната тајландска Нова година се прославува со масовни водени битки по улиците, насмевки и забава на секој чекор.

Луѓето од сите возрасти, локалци и туристи, учествуваат со водени пушки, кофи и црева, симболично „чистејќи се“ од лошата енергија и подготвувајќи се за нов почеток.

Бангкок за време на Сонгкран е хаотичен, весел и незаборавен.

slavko-od-struga-za-patuvanjeto-na-tajland-probav-meso-od-aligator-i-shkorpija-na-skara-me-voodushevi-budenjeto-so-slonovi-44.jpg

Имаше ли можност да комуницираш со локалното население? Какви се тие?

Да, имав можност да комуницирам со локалното население и тоа беше едно прекрасно искуство.

Тајланд со право го нарекуваат „земјата на насмевките“ - луѓето се секогаш насмеани, топли и гостопримливи.

Дури и кога не зборуваат англиски, со насмевка и трпение се обидуваат да те разберат и да ти помогнат.

slavko-od-struga-za-patuvanjeto-na-tajland-probav-meso-od-aligator-i-shkorpija-na-skara-me-voodushevi-budenjeto-so-slonovi-49.jpg

Проба ли традиционална храна, некој специјалитет што го нема кај нас? Или некој пијалак специфичен за тоа поднебје?

Да, пробав секаква традиционална тајландска храна - од стрит фуд тезги до поелегантни ресторани, и сè беше вистинско гастрономско уживање.

Едно од омилените ми беше Pad Thai - пржени нудли со јајце, тофу, кикиритки и лимета.

Пробав и Tom Yum - лута и кисела супа со ракчиња, полна со свежи зачини и ароми кои веднаш те будат.

Нивните специјалитети од крцкаво свинско месо, големите пржени риби со лук и специјален лут сос, Pad Krapow со босилек и јајце, Som Tam лутата салата со зелена папаја се одлични.

slavko-od-struga-za-patuvanjeto-na-tajland-probav-meso-od-aligator-i-shkorpija-na-skara-me-voodushevi-budenjeto-so-slonovi-05_copy.jpg

Тајландската кујна навистина знае како да ги комбинира лутото, слаткото, киселото и соленото на начин што го прави секој залак незаборавен.

Освен класичните јадења, пробав и многу необични деликатеси - од кои би издвоил месо од алигатор и пржена скорпија, различни подвидови на јастози и морска храна, што беше навистина авантуристичко искуство.

slavko-od-struga-za-patuvanjeto-na-tajland-probav-meso-od-aligator-i-shkorpija-na-skara-me-voodushevi-budenjeto-so-slonovi-07.jpg

Од десерти, нивниот најпознат „стики рајс“ со кокосово млеко и свежо манго, беше фантастичен спој на вкусови. Вкусот на пандан во некои класични десерти беше исклучително добар.

Од егзотични овошја, пробав сè што не сум пробал до сега, a go издвојувам дуријан кое е најсмрдливото овошје на светот и е забрането да се носи во хотели или јавен превоз заради истата причина.

Тајландскиот чај со желе од тревки беше спој на традиција и вкус, воедно ептен освежувачки.

Морам да го спомнам и ланецот на продавници 7/11, кој многу често го посетував.

Таму има буквално сè што би ти потребало, од различни несекојдневни грицки и десерти, секакви подготвени азиски специјалитети, па и познатите тостиња, до основни лекови и спрејови против комарци.

slavko-od-struga-za-patuvanjeto-na-tajland-probav-meso-od-aligator-i-shkorpija-na-skara-me-voodushevi-budenjeto-so-slonovi-47_copy.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Бранко Попоски патуваше низ Португалија: „Ме воодушеви Синтра, не смеете да пропуштите возење со жол... „Албуфеира, за мене, беше бисерот на југот. Многу ме потсети на наш Охрид и Варо...
Диџеј Мац за патувањето на Сицилија: „Летавме со авион преку Тирана, видовме вулканска ерупција на С... „Во Милацо се запознавме со локален угостител кој беше пријателски настроен и ни...
Стефан Спирковски за авантурата на Исланд: „Патував 30 часа, бев сместен во кампер, а ме воодушеви п... „Гледањето китови е дефинитивно една од факултативните екскурзии што секој треба...
Тиана од Скопје за кампувањето во Струга: „Нема гужва, а будењето со птици во природа е уникатно иск... „Струга ја сакам бидејќи е многу помирна од Охрид, особено во летниот период ког...
Биљана од Битола за патувањето во Британија: „Шкотланѓаните не носат ништо под килтот и се гордеат с... „Сè беше убаво, но како мало разочарување би го споменала дека во Англија моравм...
Теодора од Скопје беше во Дубаи со мало дете и бебе: „Ме плашеше летот со 2-месечно бебе, Дубаи е ра... „Нашата мала тајна за лесно патување со деца е - ноќни летови. Секогаш кога пату...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg