Карина од Колумбија живее во Неготино со сопругот: „Ми се допаѓа што Македонците се многу блиски со своите баби и дедовци“
Кое ти е омиленото место во Македонија?
Моето омилено место во Македонија е Попова Шапка затоа што е многу чисто и бидејќи јас сакам многу да планинарам и да шетам по планините.
Често ја посетуваме затоа што маж ми има викендичка таму.
Колку често се враќаш дома? Дали некој од твоето семејство те посетил во Македонија?
Од кога си заминав од Колумбија сè уште не сум се вратила назад.
За сега сè уште никој од моето семејство нема дојдено тука. Сè уште не знам кога ќе одиме пак на прошетка во Колумбија, но се надевам дека ќе биде оваа година.
Колку ти беше лесен македонскиот јазик за учење?
Ми беше многу лесно да научам македонски. Многу работи научив со зборување со луѓето, но и со слушање како зборуваат другите околу мене, а најмногу со запишување на непознатите македонски зборови на шпански.
Новите зборови ги читав многу пати на ден и така ги научив сите македонски зборови што ги знам.
Бурек, ајвар или ракија – што најмногу ти се допаѓа од македонската кујна? А која храна од Колумбија ти недостига и дали може да се најде тука?
Алкохол не пијам, а и во Колумбија младите многу ретко пијат алкохол. А најмногу ми се допаѓа бурекот.
Кога првпат пристигнав во Македонија, отидовме во Охрид, а таму јадев само бурек и шопска салата цела недела. Превкусни се.
Што најмногу ти недостасува од Колумбија?
Она што најмногу ми недостига од Колумбија е моето семејство, авокадото и некои други тропски овошја.
Од кој град или регион доаѓаш во Колумбија и по што е познат?
Јас сум од Меделин, а мојот град е познат по многуте забави и бурниот ноќен живот.
Исто така, има многу светски познати пејачи кои се од таму.
Како изгледа еден типичен ден во Колумбија?
Типичниот ден во Колумбија е многу нормален. Луѓето работаат подолго отколку тука во Македонија, сите работат минимум 9 до 12 часа на ден.
И речиси секогаш по завршување со работата сите одиме на прошетка или во некое кафуле со колегите. Секогаш имаме многу добри односи и се дружиме многу.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





