На одмор со Магдалена во Охрид: „На тура со глисер видов скриена природа, коктели се до 500 денари - исто колку во Комо“
Охрид вообичаено е најполн во првата седмица од август, а потоа со текот на времето, почнува да се празни.
Но, за разлика од минатите години, морам да кажам дека годинава забележав намалена бројка на посетители.


Водата во езерото деновиве имаше пријатна температура, тоа е мое мислење.
Едно утро се почувствува мала промена на температурата, откако ноќта врнеше силен дожд, но не беше страшно.
Што се вели, е лето, жешко е, треба да се оладиме.


Што ми е најубаво во Охрид? Како тинејџери бевме редовни туристи во Охрид со моите пријатели.
Тоа е градот што ме потсетува на почетоците на моите луди години, на многу убави моменти поминати таму.
Мојот прв бакнеж, момент што никогаш нема да го заборавам, се случи токму во Охрид.


Му се восхитувам на Охрид, одново и одново, секојпат изненадува со некое ново место или искуство.
Еден ден бев на тура со Ohrid Crew, преку која се оди со глисер на различни локации, а од самата глетка остануваш без зборови.
Беше незаборавно искуство и навистина има места што вредат да се посетат.
Ние секогаш се восхитуваме на нешто што не е наше, но не сме свесни колку нашата Македонија има убава скриена природа.


На ова мини летување, како што кажав, со мене и мајка ми, беше мојот внук Матија.
Тој има голема пасија за риболов, исто како и дедо му.
Уште кога имаше 3 години тие одеа заедно на риболов. Јас се шегувам и го нарекувам рибарот Климе, бидејќи секој ден има нова идеја како да лови риби.


Сите деца кога некој ќе им даде пари, сакаат да купат слатки, автомобили, играчки, но со Матија не е така.
Ние одиме во најблиската продавница за лов и риболов и секогаш се надградува со нова опрема - црви, јадици, тапи, тешко, не знам што, тој со сè е во тек.
И баш ми е драго, бидејќи го гледам како го исполнува и колку е среќен додека го прави тоа.
Тој е пример за вистински рибар - откако ќе фати риба, ја фрла назад во езерото за таа да продолжи да живее“.


Прочитајте и Магдалена (22) од Тетово е дизајнер на ентериери во Комо: „Жена бараше вграден сеф во спалната за нејзините Hermes чанти“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
