Сања Коцева за патувањето во Оман, пред војната: „Литар нафта беше 30 денари, како да сте во бајката Аладин“
Во однос на храната, оманската кујна претставува богата комбинација од арапски, индиски и источни вкусови.
Најчесто се подготвуваат јадења со ориз, месо, риба, како и познатото национално јадење shuwa. Тоа е бавно печено месо со зачини, кое се пече во земјен сад со часови.
Секако, морам да ги спомнам и урмите кои имаат посебно место во оманската традиција.
Најчесто се служат со арапско кафе, се прават најразлични десерти од нив, а има преку десетина вида.
Алкохол скоро и да нема никаде, освен во лиценцирани хотели.
Особен впечаток ми оставија луѓето во Оман. Гостопримливи, љубезни, скромни и особено покажуваат голема топлина и внимание кон децата.

Оман потполно ме освои - мирен, достоинствен, преубав и поразличен од сè што сум видела досега.
Ако сакате егзотика, без метеж, автентична култура и срдечни луѓе, Оман ќе ве воодушеви“.