Ивана од Скопје живее во швајцарско село: „Си садам растенија во двор, јадам од локални фарми, гледам зајдисонца“

Инаку, и Швајцарците буквално живеат за природата и тоа е нешто што многу го ценам кај нив.
За просечен Швајцарец, најголем луксуз не е скап автомобил, туку совршено средена градина и чист воздух.

Многу се скромни и поврзани со земјата... Сабота им е ден за косење трева и средување на дворот со таква посветеност, што дури ти доаѓа и ти да фатиш лопатка.

Имаат голема почит кон сè што е природно и домашно што си го одгледал, па затоа тука градинарството не е само хоби, туку начин на живот што сите нè поврзува.

Најмногу уживам кога купувам директно од фармите тука во околината – има нешто многу убаво во тоа кога знаеш дека јадеш нешто што соседот го направил со свои раце, а некако и храната има поинаква вредност кога ја поддржуваш локалната заедница.

Особено интересни ми се автоматите среде село. Буквално ставаш картичка и си земаш свежо сирење или кашкавал во секое време - тоа ми е омилениот „банкомат“, а наместо само потврда за сметка, добиваш вкусна домашна храна што те потсетува на вистински дом“.

