Љупка од Пробиштип се пресели во Сиднеј во име на љубовта: „Мојот партнер е Македонец, кој 40 години живее тука“
Дали лесно воспоставивте контакт со локалците? Што ве изненади најмногу во нивното однесување?
Да, тие се многу дружељубиви. Ме изненади нивната работна етика – многу работат, но знаат и како вистински да уживаат во слободното време и патувањата.

Како би ги опишале Австралијците како луѓе? Кои се најголемите разлики меѓу менталитетот во Македонија и Австралија?
Австралијците се многу опуштени, но истовремено ги почитуваат правилата.
Разликата е во тоа што тука луѓето се повеќе фокусирани на активности на отворено, спорт и патувања како начин на живот.

Какви се на поле брак? А работа?
Многу се посветени на семејството и заедничките активности. Што се однесува до работата, многу се вредни и дисциплинирани.

Одат ли често на плажа? А вие?
Плажата е дел од нивното секојдневие.
Ние редовно ги посетуваме Bondi, Manly, Coogee и Cronulla. Тоа е место за релаксација по напорниот ден.

Како изгледа вашиот живот денес во Австралија?
Денес мојот живот е исполнет со патувања низ целата земја (Квинсленд, Тасманија, Викторија) и светот (Сингапур, Нов Зеланд). Посетуваме тениски турнири како Australia Open, рагби натпревари и уживаме во секој заеднички момент.

Што најмногу ви се допаѓа таму, а што ви недостига од Македонија?
Ми се допаѓа уреденоста, природата и можностите за патување.
Од Македонија секогаш ми недостигаат пријателите и онаа специфична топлина на нашиот народ, па затоа често се враќаме во посета.

Дали се чувствувате како дома? Што изгубивте, а што добивте со оваа одлука?
Да, Австралија сега е мојот втор дом. Изгубив само малку од времето поминато со пријателите во Македонија, но добив непроценлива љубов, мир и можност да го видам целиот свет.

Што би им порачале на луѓето кои се двоумат да направат голем чекор за љубов?
Би им порачала да не се плашат.
Љубовта е единствената работа за која вреди да се прелета целиот свет. Животот е еден и треба да се живее со полно срце.
