Елена Митева за семејното патување во Милано: „Ние сме опасно добра комбинација, иако сме 3 различни генерации“
- Детали
- петок, 12 јуни 2026
„Милано нè воодушеви со сè што поседува. Не се прибиравме во апартман освен за спиење. Преморени, ама пресреќни. Се јадеше пица, џелато, се правеа над 25 илјади чекори дневно… и се уживаше максимално“, рече Елена за CRNOBELO.com.

Водителката Елена Митева, која важи за една најубавите жени кај нас, неодамна беше на семејно патување во Милано со својата мајка и со синот.
Трите генерации од семејството одлично се забавуваа и уживаа во секој момент.

А освен што ја посетија престолнината на модата во Италија, отидоа и до Комо, монденскиот град со познатото езеро, кое е многу близу до Милано.

За нивното патување од соништата, Елена раскажа накратко за CRNOBELO.com:
„Искрено, Милано беше повеќе од патување и шетање.
Беше драгоцено време поминато со син ми и мајка ми. Ние сме опасно добра комбинација иако сме три различни генерации.
Често знаеме да се наречеме тројцата мускетари.

Заедно создадовме спомени исполнети со смеа, нови доживувања и многу убави моменти.
А Милано нè воодушеви со сè што поседува. Убав, елегантен, модерен и прекрасен.

Не се прибиравме во апартман освен за спиење. Преморени ама пресреќни.
Како што кажав: има дестинации разно-разни ама Милано има карактер и персоналити (ха, ха).

Ги видовме сите знаменитости, плус езерото Комо кое е, исто така, многу убаво.

Се јадеше пица, џелато, се правеа над 25 илјади чекори дневно… и се уживаше ‘макс’.
Некако и дојде убаво како завршница за училишната година на Дион, кој е одличен ученик и многу вреден“.

Погледнете повеќе фотографии:




