Славица со семејството патува низ светот со ограничен буџет: „Имам трикови за штедење, купувам 20l боцa вода“
Облека
Никогаш не купуваме облека пред патување. Доколку нешто вистински ни фали, тогаш планирам да го купиме таму, па да ни остане како спомен и сувенир од местото.
Јас неретко проаѓам низ гардероба која ми е подзаборавена и неупотребена неколку години.
Можеби е чудно, ама ако лани нешто не ти се свиѓало или не ти „стоело“ како треба, не значи дека и годинава исто ќе се чувствуваш за истото парче облека.
Храна
Кога патуваме, особено ако сме подолго време на исто место, правиме голем „пазар“ уште првиот ден кога ќе се сместиме.
Така можам однапред да испланирам поголем број на оброци кои ќе ги приготвиме и јадеме дома и кои ќе бидат секако поевтина варијанта, отколку оброк во ресторан.
Пред стигнување истражувам кој маркет има најдобри цени (од информации кои можам да ги изгуглам) и таму пазариме сè - од леб и млеко, преку месо и риба од овошје и зеленчук.
Ресторан
Кога одлучуваме да јадеме во ресторан, тогаш се тоа локални ресторанчиња и барови кои не само што ја имаат највкусната автентична храна, туку се и со најповолни цени.
Најдобар знак е кога во ресторанот се седнати локалци. Колку повеќе туристи, толку е поголема веројатноста дека цените се безосновано високи поради „туристичкиот“ данок.
Вода и шише за вода
Во земји каде водата од чешма не е безбедна за пиење, купуваме голема боца со вода.
Далеку поевтина варијанта отколку единечни еднолитарски шишиња.
Некогаш е толкава разлика во цената што една боца од 20 литри чини исто како 5 еднолитарски шишиња.
И секогаш си носиме шишиња за повеќекратна употреба кои си ги полниме со вода уште пред да излеземе од сместување.
Сувенири
Иако продавничките за сувенири се во најголем број распоредени околу најгужвестите туристички атракции, одбираме да купиме сувенири неколку улици подалеку, зошто истите производи се со пониски цени.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело



