Кога швајцарските Алпи ги имаш во Македонија: Репортажа од Лабунишки бачила (фото+видео)

На планината Јабланица се наоѓа едно од најмагичните места во Македонија. Амер Демиши нè носи таму…

koga-shvajcarskite-alpi-gi-imash-vo-makedonija-reportazha-od-labunishki-bachila-foto-01.jpg

Амер Демиши е вљубеник во природата. Тој преку своите фотографии и искуства за миг ќе нè однесе на едно од најубавите места во Македонија – Лабунишки бачила.

Тој вели дека „Дома си е дома“ и дека сите треба да научиме да ги цениме убавините на нашата држава.

За CRNOBELO.com Амер го пренесува своето искуство оттаму:

„Многумина кои ја посетиле Јабланица, се воодушевиле од убавината на оваа планина. Таа се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, помеѓу Охридско – Струшката и Дебарската котлина, западно од Црн Дрим и брегот на Охридското Езеро.

koga-shvajcarskite-alpi-gi-imash-vo-makedonija-reportazha-od-labunishki-bachila-foto-02.jpg

Голем дел од нив сметаат дека ова е нашата најубава планина. Кога ќе ги видите фотографиите оттаму нема да можете да верувате дека оваа убавина е всушност во Македонија, а не некој дел од швајцарските Алпи. Ние на шега Лабунишки бачила си ги викаме Лабунишки Алпи.

Лабунишки бачила се наоѓаат на само 6 километри од селото Лабуништа. Лесно се стигнува со кое било возило бидејќи патот е асфалтира (4 км) и тампониран (2 км).

koga-shvajcarskite-alpi-gi-imash-vo-makedonija-reportazha-od-labunishki-bachila-foto-03.jpg

При самото пристигнување кај местото наречено Лабунишки бачила ќе ве обземе една фасцинантна глетка која ќе ве остави без зборови, а врвот Стрижак кој гордо стои исправен пред вас ќе ви посака топло добредојде.

Веднаш ќе посакате да го освоите и да уживате во волшебната глетка која нуди бесконечен спокој на душата.

koga-shvajcarskite-alpi-gi-imash-vo-makedonija-reportazha-od-labunishki-bachila-foto-09.jpeg

Врвот Стрижак е втор по големина со 2.233 метри надморска височина и за многумина е еден од најубавите врвови во Македонија.

koga-shvajcarskite-alpi-gi-imash-vo-makedonija-reportazha-od-labunishki-bachila-foto-10.jpeg

Планината е богата со вода и шума костенова, дабова и најмногу букова, како и пребогати планински пасишта. На планината се наоѓаат и 4 глацијални езера кои воедно претставуваат и бисер на планината.

Од четирите езера најголемо и најдлабоко е Подгоречкото со површина од 4000 метри квадратни, додека Вевчанското е второ по големина.

Помали по површина и поплитки се Лабунишкото Горно Езеро (1930 м н.в.) и Лабунишко Долно Езеро (1915 м н.в.).

koga-shvajcarskite-alpi-gi-imash-vo-makedonija-reportazha-od-labunishki-bachila-foto-06.jpeg

Од бачилата до езерата има 2,5 км и се стигнува за 30-40 минути, одењето е прилично лесно, а уморот исчезнува благодарение на чистиот планински воздух, колоритните бои и свежата планинска вода која ја има во изобилство.

koga-shvajcarskite-alpi-gi-imash-vo-makedonija-reportazha-od-labunishki-bachila-foto-11.jpeg

Планината е посетена од многу домашни планинарски клубови, а во последно време има интерес и од надворешни планинари, па сите кои биле барем еднаш посакале да ја почувствуваат оваа уникатна планина повторно.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Наталија (36) од Русија вторпат ја посети Македонија: „Омилена земја ми е, преку песните на Тоше доз... „Немам македонски корени (барем колку што знам), но со целото срце ја сакам Маке...
Фросина од Пробиштип за семејниот живот во Холандија: „Тука никој не вика по децата, времето го мину... „Породилното тука трае само 3 месеци, но огромен број жени работат само неколку ...
Марија Главчева за животот во Чикаго: „Многу македонски деца има овде, а сите тие можеа да растат во... „Живеам во околина на Чикаго, ме нервираат измамниците, да ти е страв да кренеш ...
Наде се прослави во „Танц со ѕвездите“, а сега живее во Њујорк: „Се преселив тука од Лондон, летните... „Во 2014 година ја напуштив мојата родна Битола и се преселив во Рим, потоа 10 г...
Роби, Сашо и Кети за камперските авантури: „Кампување на диво е рај, Ситонија е магична - инвестирав... „Истражувам доста пред да се упатам во некој камп. Гледам да е мал и да има лока...
Тања Атанасовска за патувањето во Занзибар: „Локалците ме викаа Шакира, Масаите и денес живеат во ку... „Масаите своите деца ги обрежуваат на 12 години. Ако некое од нив заплаче за вре...

Најчитани неделава