Александра Атанасовска: „Локалците не зборуваат за Пабло Ескобар, а Колумбија е прекрасна земја со најљубезни луѓе на свет“

Александра ни пренесува дел од своите искуства од Колумбија од каде едвај се вратила поради корона вирусот. Вели дека Богота е напорен град за живот, но и вистински рај едновремено. Ни раскажува за ниските цени во Колумбија, љубезните луѓе, највкусниот рум и најубавите зајдисонца на плажа.

aleksandra-atanasovska-lokalcite-ne-zboruvaat-za-pablo-eskobar-a-kolumbija-e-zemja-koja-vi-stanuva-doma-za-mig-01.jpg

Александра Атанасовска (39) од Скопје е вистински вљубеник во патувањата. Посетила многу земји досега, но вели дека најсилен впечаток ѝ оставиле Ирска и Колумбија.

Проговоривме со неа за нејзиното патување во Колумбија, од каде враќањето ѝ беше искомплицирано поради корона вирусот.

Зошто токму Колумбија и колку време престојуваше таму?

Имам пријатели Колумбијци од повеќе места во земјата. Ги запознав додека бев на постдипломски студии во Мадрид. Тогаш се вљубив во земјата и во луѓето и решив дека еден ден морам да ги посетам.

Бев таму 15 дена, требаше да останам подолго но морав да го скратам патот поради целава ситуација со Ковид 19.

aleksandra-atanasovska-lokalcite-ne-zboruvaat-za-pablo-eskobar-a-kolumbija-e-zemja-koja-vi-stanuva-doma-za-mig-03.jpg

Како изгледаше патувањето дотаму?

Летав од Виена до Мадрид, и Мадрид до Богота. Патот траеше околу 13 часа, а билетот чинеше 600 евра.

Има и летови од Скопје, но беа со две застанувања и многу часови чекање по аеродроми, затоа одбрав да летам од Виена. Добра опција е исто така да се лета од Барселона.

Летав со Ибериа и летот беше удобен, персоналот љубезен не беше воопшто напорен.

Напорен беше патот за назад поради целата ситуација и за малку ќе останев заглавена во Мадрид додека Шпанија беше во главниот пик на пандемијата, но имав среќа и сепак успеав да стигнам дома.

aleksandra-atanasovska-lokalcite-ne-zboruvaat-za-pablo-eskobar-a-kolumbija-e-zemja-koja-vi-stanuva-doma-za-mig-07.jpg

Првиот впечаток по слетувањето во Колумбија?

Андите. Најубавата глетка од авион, глетката на Андите. Богота се наоѓа на 2.640 метри надморска височина.

Прв впечаток по слетувањето додека поминував на пасошка контрола беа луѓето. Дефинитивно најљубезнот и најнасмеаниот пречек во мојот живот.

aleksandra-atanasovska-lokalcite-ne-zboruvaat-za-pablo-eskobar-a-kolumbija-e-zemja-koja-vi-stanuva-doma-za-mig-09.jpg

Богота би ја опишала како …

Богота. Чудна мешавина на колонијална и модерна архитектура. Многу богати и многу сиромашни делови на градот.

Најубав дел од градот за мене е населбата Канделарија, токму таму е формирана Богота. Во тој дел од градот сè уште е зачувана старата колонијална архитектура. Би ги препорачала и рестораните кои се наоѓаат во овој дел од градот, некои од нив се култни места и сè уште ја служат најдобрата храна типична за Богота.

Богота е огромна, има повеќе од 7 милиони жители и е вистински предизвик да се живее таму поради постојаниот сообраќаен метеж. Еден ден ни требаа 2 часа со кола да поминеме 18 километри. Тоа е најголемиот проблем во градот во кој сè уште нема метро.

Огромна, а сепак зелена. Навистина многу зелени површини, и секако планините на Богота од кои најпозната е Монсерате, каде што може да се пешачи или да се качи до врвот, до манастирот кој го носи истото име, со жичарница.

Погледот на Богота е прекрасен од горе. Ако имате среќа додека се качувате нагоре ќе видите птици колибри. Колумбија ги има во изобилие.

Интересен факт е дека Колумбија е земјата со најголем број видови на птици во светот.

На околу еден до два часа со автомобил надвор од Богота има две мали гратчиња кои вреди да се посетат, ако веќе се наоѓате во Богота.

Зипакира, мало,шармантно гратче каде главна туристичка атракција е катедрала направена во стар рудник за сол. Беше навистина интересно да се види.

Гватавита. Селото е познато како бело село, симпатично е. Но, тоа што треба да се посети е националниот парк и лагуната Гватавита. На 3.000 метри надморска височина се наоѓа лагуната која била свето, обредно езеро на племето Муиска. Токму тука е роден митот за Елдорадо.

aleksandra-atanasovska-lokalcite-ne-zboruvaat-za-pablo-eskobar-a-kolumbija-e-zemja-koja-vi-stanuva-doma-za-mig-05.jpg

Дали навистина е земјата на Пабло Ескобар? Што мислат локалците за него?

Колумбијците, поготово оние од Медељин се посебно чуствителни на оваа тема. За Пабло едноставно не се зборува.

Најубавата работа во Колумбија е …

Не можам да кажам една, јас сериозно ја сакам Колумбија и Колумбијците, за мене има многу убави работи. Почнувајќи од прекрасниот народ, прекрасната атмосфера, неверојатната природа, до највкусните тропски овошја кои ги има во изобилие.

Најлошата работа во Колумбија е …

Сè уште постои високо ниво на криминал, и не е безбедно како што е тука кај нас.

Какви жени се Колумбијките? Дали навистина зрачат сексапил?

Зависи од жената. Има од сè по нешто. Навистина се многу измешани.

aleksandra-atanasovska-lokalcite-ne-zboruvaat-za-pablo-eskobar-a-kolumbija-e-zemja-koja-vi-stanuva-doma-za-mig-04.jpg

Какви се цените?

Цените се пониски од Македонија, а Колумбија има поголема минимална плата од нас. Цените зависат од местото каде што сакаш да јадеш, и од градот.

Сепак како пример еве вечера за двајца со пиење во добар ресторан во Картагена (која е најтуристичкиот град и е поскап) чинеше околу 25 американски долари.

aleksandra-atanasovska-lokalcite-ne-zboruvaat-za-pablo-eskobar-a-kolumbija-e-zemja-koja-vi-stanuva-doma-za-mig-11.jpg

Имаше ли некој немил настан?

Не. Но бев внимателна, и не одев на места кои не се безбедни.

Најживописно место што го посети во Колумбија е?

Колумбија е целата живописна. Тешко е да одберам нешто што е нај ама еве како пример нека биде лагуната на Гватапе. За да може да ја видиш убаво треба да искачиш 705 скали на карпа на која на врвот има дури и гифт шоп.

Верувам дека најживописен би бил делот од Амазон, областа Летиција. Но, тоа за следната посета.

aleksandra-atanasovska-lokalcite-ne-zboruvaat-za-pablo-eskobar-a-kolumbija-e-zemja-koja-vi-stanuva-doma-za-mig-12.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Милош Боев: „Работев во Етиопија 8 месеци како градежен инженер – сакав да се вратам назад со првиот... „Кога пристигнав во кампот, од сите страни беше затворено со бетонска ограда вис...
Весна Коцевска, туристички водич, за патувањето во Сицилија: „Во Палермо е многу евтино, во Катанија... На сите им препорачувам да патуваат со деца во Сицилија. Без разлика дали би се ...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Христијан Стојановски за животот во Тајван: „Присуствував на реална воена вежба, го посетив најголем... „Тајван е една од ретките држави каде сите се активни на спортски план. Во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg