„Бев во селото Светорача, кичевско, во кое живее само едно семејство, донесов највкусни домати и мед“

„По посетата на Светорача се вратив дома обновена, нахранета со селски воздух, исполнета со енергијата на моите предци и секако со гајба највкусни домашни домати, вреќи компири, тегли планински мед, диви капини кои си ги беревме во планината“, раскажува 27-годишната Викторија.

bev-vo-seloto-svetoracha-kichevsko-vo-koe-zhivee-samo-edno-semejstvo-donesov-najvkusni-domati-i-med-01.jpg

Викторија Кочишка Димитријева, 27 години, мајка и сопруга, по професија е инженер по индустриски дизајн, вљубеник во готвењето, но и патувањата.

Таа со нас ги сподели впечатоците од посетата на кичевското село Светорача, за кое сака сите да чујат и што поскоро да го посетат. Тоа е селото на нејзините предци и Викторија вели дека навистина има што да понуди.

Викторија Кочишка ја споделува својата приказна за CRNOBELO:

„Во близина на селото Светорача се наоѓаат и селата: Миокази, Орланци, Речани, Крушица, Козичино, Дупјани, Рабетино, Патеец.

Село Светорача се дели на Горно и Долно Светорача. Мештаните го викаат Горно и Долно маало. Сите села се сместени по течението на Рабетинска река.

bev-vo-seloto-svetoracha-kichevsko-vo-koe-zhivee-samo-edno-semejstvo-donesov-najvkusni-domati-i-med-02.jpg

Во областа на Рабетинска река се наоѓа врвот Јошков Камен (Кула) 1917 метри надморска височина.

Во минатото живееле 70 семејства. Сега, за жал живее само едно семејство, а останатите само повремено.

bev-vo-seloto-svetoracha-kichevsko-vo-koe-zhivee-samo-edno-semejstvo-donesov-najvkusni-domati-i-med-04.jpg

Селото има богата историја како и сите села на територија на Македонија. Тука поминале многу војски (турска, српска, бугарска...), чети на комити и партизани. Моите предци се соочиле со палење на селото, бегање во ридовите на планината, заштитување на партизаните, дури и погледнале во очите на непријателот спасувајќи се од сигурна смрт (мојата прабаба била во последен момент спасена од бесење поради соработка со партизаните).

Во Втората Светска војна погинале 14 млади партизани од овие села. На сред село, има споменик во нивна чест, за кој главен иницијатор бил мојот прадедо.

bev-vo-seloto-svetoracha-kichevsko-vo-koe-zhivee-samo-edno-semejstvo-donesov-najvkusni-domati-i-med-03.jpg

Во селото имало пошта, училиште, месна заедница. Постои и црква Св.Кузман и Дамјан, во која секоја година се слави празникот Водици. Порано за овој празник во селото доаѓале повеќе генерации од семејствата, дури и оние кои се заминати по светот.

bev-vo-seloto-svetoracha-kichevsko-vo-koe-zhivee-samo-edno-semejstvo-donesov-najvkusni-domati-i-med-11.jpg

Два дена (машки и женски Водици) се слушале тапани и зурли, се пиело греана домашна ракија-„сливка”, се печеле домашни колбавчиња, жените сукале „поскурчиња“ (еден вид мали лепчиња), питулици, пита, зелник... Доцна во ноќта завршувале со вечера кај „кумот на селото“.

bev-vo-seloto-svetoracha-kichevsko-vo-koe-zhivee-samo-edno-semejstvo-donesov-najvkusni-domati-i-med-07.jpg

Во ова село секогаш нѐ пречекуваат со нешто вкусно. Овој пат нѐ пречекаа со прекрасна селска пита од рацете на бабичка од Крушица (87 години) и качамак од дедичко од горно Маало (78 години). Бакрданик или качамак е традиционално јадење за кое сите знаеме. Се јаде со домашно сирење и домашно кисело млеко, но некој го јаде и со домашни чварки.

bev-vo-seloto-svetoracha-kichevsko-vo-koe-zhivee-samo-edno-semejstvo-donesov-najvkusni-domati-i-med-10.jpg

Кога бевме во работен ден, се разочарав колку беше тивко и пусто, но викендот беше прекрасен затоа што дел од куќите беа исполнети со членови од семејствата, гости и дружба. Постарите работеа во градините, вадеа мед од улиштата, а помладите подготвуваа гозба, сите се потсетувавме на убавите спомени исполнети со смеа и радост.

bev-vo-seloto-svetoracha-kichevsko-vo-koe-zhivee-samo-edno-semejstvo-donesov-najvkusni-domati-i-med-12.jpg

Доживувањата се од пред еден месец и овие денови кога навлегуваме во есента си создавам слика за есенските бои во ова прекрасно село. Студениот и чист воздух на шумата и тишината во која запаѓа селото откога сите се повлекуваат во домовите во градот.

Ќе завладее мир и спокој без никакво движење низ селото, без светло во старите куќи, без ниеден човечки глас... Така ќе биде сѐ до зимата и празникот Водици.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Македонско семејство ќе живее на пат 9 месеци: „Ќе смениме 13 Airbnb сместувања и 20 летови, а ќерка... „Сакаме да скокнеме една зима во Норвешка, а среќна околност е што во Норвешка е...
На одмор со Миро Кацаров во Калитеа: „Бевме со моите родители и со децата – мајка ми готвеше, не шет... „Секоја година имаме традиција, во јуни одиме на одмор со мајка ми, татко ми и д...
Славица од Скопје 12 години живее во Осло: „Стан од 60m2 чини 348.000 евра, Норвежаните одат на одмо... „Норвежаните се големи патриоти и навистина се горди на својата земја и природа....
Јасмина Мукаетова за Њу Џерси: „Живееме во предградие со средени тревници, училишни автобуси и има м... „Песната ме однесе низ многу меридијани, но секое патување има своја конечна дес...
Ангела од Скопје живее во Лондон 6 години: „Многу локалци живеат во еднособни станови, а градот има ... „Кириите за просечен еднособен стан во Лондон се од 1.700 евра, па нагоре. Ги об...
На одмор со Илија од Скопје на Тасос: „Бев сместен во две гратчиња, траект чинеше 8€ по лице“ „Морето на Тасос е прекрасно, со многу чиста и бистра вода. Она што најмногу ми ...

Најчитани неделава