Ленин Јовановски: „Ја видов и бедата во блескавиот Париз, велеград со навистина лоша страна“

Со оглед на тоа дека го сакам Париз, а за среќа имам и пријатели кои живеат таму, по завршување на деновите од службениот престој останувам некој два-три дена повеќе кои ги користам за прошетки со пријателите и посети на париските знаменитости. И секако, моја традиција при посетата на кој било град е задолжително посетување на Hard Rock Cafe, каде пијам кафе или чај на отворена тераса на главниот плоштад и вкусувам типична храна и пијалак.

lenin-jovanovski-ja-vidov-i-bedata-vo-bleskaviot-pariz-velegrad-so-navistina-losha-strana-10.JPG

Од знаменитостите што ги имам посетено се: Базиликата на Светото Срце, Нотердам, (Богородичната црква), Лувр, мостот Цар Александар III, уметничкото катче Монмартр, Версај, Мулен руж, Ајфеловата кула (се подразбира:) Триумфалната капија и Елисејските полиња, вечните почивалишта на познатите каде покрај Оноре де Балзак, Едит Пјаф, Чарлс Дувал, Марија Калас, Исидора Данкан, Елвира Попеску … и многу други уметници, пејачи, актери, писатели, политичари, научници скоро од целиот свет, е и почивалиштето на легендарниот Џим Морисон, причината заради кој се навлеков на Рок музиката, а над чиј гроб е расфрлена пепелта на американскиот панк-рок гитарист Стив Баторс.

lenin-jovanovski-ja-vidov-i-bedata-vo-bleskaviot-pariz-velegrad-so-navistina-losha-strana-09.JPG

Впечатоците од патувањата во Париз ги споделував и со мојата сестра, која пред да го посетам Париз, живееше еден период таму (сега е во Австралија) и ми велеше дека скоро ништо не сум видел и почувствувал од она што во Париз може да се види и доживее.

lenin-jovanovski-ja-vidov-i-bedata-vo-bleskaviot-pariz-velegrad-so-navistina-losha-strana-11.JPG

Не знам, веројатно е во право, веројатно Париз е едно неисцрпно доживување кое отвора видици до недоглед, многу повеќе од она што е општопознато, како што е на пример Ајфеловата кула.

lenin-jovanovski-ja-vidov-i-bedata-vo-bleskaviot-pariz-velegrad-so-navistina-losha-strana-02.JPG

Веројатно за вистинското доживување на Париз потребни се многу повеќе од неколкудневен службен или туристички престој и секако, да си со карактер и ум кои на некој начин можат да припаѓаат или природно да се вклопат во еден, не случајно токму таков продуховен град.

Повеќе фотографии од Ленин, направени во Париз:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

На одмор со Илија од Скопје на Тасос: „Бев сместен во две гратчиња, траект чинеше 8€ по лице“ „Морето на Тасос е прекрасно, со многу чиста и бистра вода. Она што најмногу ми ...
На одмор со Магдалена во Охрид: „На тура со глисер видов скриена природа, коктели се до 500 денари -... „Со мајка ми и внук ми одевме на плажата Даљан, која има слободен дел без лежалк...
На одмор со Кристина Арнаудова на Мајорка: „Островот е пречист, но плажите не ме воодушевија“ „Беше полноќ кога пристигнавме, па не сфативме како изгледа околината, но затоа ...
Ристе од Скопје за посетата на Лондон: „Авионски билет се наоѓа и за 20€, градот е многу небезбеден ... „Туристичка виза се добива исклучиво преку онлајн апликација бидејќи кај нас нем...
Фросина од Пробиштип за семејниот живот во Холандија: „Тука никој не вика по децата, времето го мину... „Породилното тука трае само 3 месеци, но огромен број жени работат само неколку ...
На одмор со Агнеса во Неа Мудања: „Бев со ќерките и мајка ми, вечера со морско во таверна чинеше 55€... „Пријатно се изненадив од цените. За чадор и две лежалки се плаќаат 25 евра, но ...

Најчитани неделава