Иво Ранѓеловиќ посетил повеќе од 50 држави: „Во Камбоџа пренесуваат скорпии во тегла како сувенир, а би живеел во Кејптаун“


Иво Ранѓеловиќ посетил повеќе од 50 држави: „Во Камбоџа пренесуваат скорпии во тегла како сувенир, а би живеел во Кејптаун“

„Во Маракеш, Мароко, моравме да поминеме низ дневниот простор на неколку домови за да стигнеме до автентичен ресторан, а најмногу ме изненадија чистите улици во Сингапур и осеката на индискиот океан на островот Занзибар“, 29-годишниот Иво од Скопје ни пренесува дел од искуствата од своите незаборавни патувања.

ivo-rangjelovikj-posetil-povekje-od-50-drzhavi-vo-kambodja-prenesuvaat-skorpii-vo-tegla-kako-suvenir-a-bi-zhiveel-vo-kejptaun-01.jpg

Иво Ранѓеловиќ, има 29 години, роден e во Скопје. Посетил повеќе од 50 земји низ светот досега и едноставно не може да се насити од патувања. Смета дека токму тие се рецептот за среќа.

На 18 години заминал на колеџ во САД, завршувајќи ги своите додипломски студии во Бостон, Масачусетс, студирал меѓународни односи и економија, паралелно два факултетa за нешто повеќе од 4 години на Boston University.

Потоа се преселил во Лондон, на постдипломски студии на University College London (UCL) каде што магистрирал политички науки, односно компаративна политика и демократија, во времетраење од две години.

Во моментов живее и работи во Скопје, но релативно често патува. Покрај патувањата и книгите, во слободно време пишува колумни и анализи. Вели дека патувањата, политиката и спортот се пасиите кои го формираат неговиот карактер.

За своите авантури низ земјите во светот тој споделува за CRNOBELO.com:

Како успеваш да работиш, а паралелно да патуваш толку многу?

По завршувањето на студиите во Лондон, донесов, би рекол, несекојдневна одлука, за мене и животна. Наместо формален докторат решив да патувам по светот, бидејќи сметам дека највисокиот степен на образование е патувањето.

За таа цел се вратив во Македонија каде што започнав со работа која засега ми ги дозволува времето и средствата.

ivo-rangjelovikj-posetil-povekje-od-50-drzhavi-vo-kambodja-prenesuvaat-skorpii-vo-tegla-kako-suvenir-a-bi-zhiveel-vo-kejptaun-08.jpg

Колку земји имаш посетено досега?

Досега имам посетено 50тина земји или како што јас сакам да ги бројам – скоро два пати повеќе од тоа колку години имам. Се разбира, би сакал да ги посетам сите.

ivo-rangjelovikj-posetil-povekje-od-50-drzhavi-vo-kambodja-prenesuvaat-skorpii-vo-tegla-kako-suvenir-a-bi-zhiveel-vo-kejptaun-02.jpg

Каде сè имаш живеено, по колку време и која земја ја чувствуваш како вторa дома?

Кога бев мал, со мојата фамилија често престојував во близината на Минхен, Германија, со цел таму да живеам, но тоа не се случи.

Подоцна отидов на колеџ во Бостон, САД, каде што живеев 4 години. Откако ги завршив додипломските студии во Бостон, се преселив во Лондон, завршувајќи ги пост-дипломските студии, така што живеев 2 години во Британија.

Моите емоции секогаш ќе бидат врзани за Бостон и Њујорк, па во тој контекст би рекол дека Соединетите Американски Држави ги сметам за мојот втор дом.

ivo-rangjelovikj-posetil-povekje-od-50-drzhavi-vo-kambodja-prenesuvaat-skorpii-vo-tegla-kako-suvenir-a-bi-zhiveel-vo-kejptaun-12.jpeg

Која е најдалечната земја што си ја посетил и впечатокот оттаму?

Далечината е релативна во зависност од појдовната точка нели, но би ја издвоил Јужноафриканската Република.

Мојот детски сон се исполни токму овој период лани, посетувајќи го крајот на светот во кој се спојуваат Атлантскиот и Индискиот Океан, пингвините во близина на ’Ртот на Добра Надеж и чудесните вински предели.

Би ја издвоил и историската населба Бо-Каап со шарените фасади и чудесната Table Mountain.

ivo-rangjelovikj-posetil-povekje-od-50-drzhavi-vo-kambodja-prenesuvaat-skorpii-vo-tegla-kako-suvenir-a-bi-zhiveel-vo-kejptaun-15.jpeg

Кој е најубавиот град, според тебе, што си го посетил досега?

На некој чудесен начин, тоа е Хо Ши Мин (поранешен Саигон) во Виетнам. Град во кој се пие најубавото кафе на светот и се ужива во споевите на локалната и европската архитектура.

Храната на улиците е исклучително вкусна, додека тесните канали по делтата на Меконг само ја потврдуваат магијата на овој град. Сообраќајниот хаос предизвикан од неизбројни скутери е всушност ред. Чудо од град...

ivo-rangjelovikj-posetil-povekje-od-50-drzhavi-vo-kambodja-prenesuvaat-skorpii-vo-tegla-kako-suvenir-a-bi-zhiveel-vo-kejptaun-07.jpg

Најинтересна ситуација што ти се случила за време на некое патување…

Еве една мала ретроспектива. Во автобус во Камбоџа на самата граница со Виетнам полицијата вршеше претрес за тоа кој се пренесува скорпии во тегла како сувенир. Се испостави дека повеќето патници го правеа тоа.

Во Пунта Кана, Доминиканска Република, отидовме на тура на најубавиот див остров заборавајќи го паричникот во хотел, па наместо да се враќа бродот со сите патници тие решија да издвојат по нешто за нас.

Во Лондон, бев повикан од лидерот на тогашната опозиција, Ед Милибанд, да ме праша за Македонија бидејќи самиот кажа дека не знае скоро ништо за нашата земја.

Во Маракеш, Мароко, моравме да поминеме низ дневниот простор на неколку домови за да стигнеме до автентичен ресторан.

Во Сингапур спиев 5 часа пред храмот во кинескиот кварт поради разлика во временски зони. Има уште многу…

ivo-rangjelovikj-posetil-povekje-od-50-drzhavi-vo-kambodja-prenesuvaat-skorpii-vo-tegla-kako-suvenir-a-bi-zhiveel-vo-kejptaun-14.jpeg

Највкусна храна има во…

Јас сум љубител на морска храна, па би рекол дека највкусна храна има во Грција, со сета почит кон лобстерот од Меин и остригите во Кејп Таун.

Фан сум и на кореанската кујна која се базира на говедското месо. Од месо, одличен е бифтекот во Копенхаген и Лондон (иако сè уште не сум бил во Буенос Аирес) како и познатиот Philly Cheesesteak во Филаделфија.

И се разбира, чоколадата во Брисел за десерт.

ivo-rangjelovikj-posetil-povekje-od-50-drzhavi-vo-kambodja-prenesuvaat-skorpii-vo-tegla-kako-suvenir-a-bi-zhiveel-vo-kejptaun-09.jpeg

Повеќе прашања и фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кико Митев: „Бев меѓу последните туристи на Мачу Пикчу пред да го затворат поради короната“ Постојат луѓе кои не се плашат да експериментираат со животот, да менуваат среди...
Владимир Чурлиновски: „Кутија цигари во Виетнам е 25 денари, резервација во диско во Катар 1.000 евр... Овој Македонец вели дека во Катар те почитуваат како работник, а во Тајланд луѓе...
„Животот е авантура!“ - Мила, нашата стјуардеса која го живее својот сон! Таа е Мила, прекрасно македонско девојче кое го живее својот сон. Работи како ст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg