Сања Спиридоновска живее во Јапонија: „Не смее да се зборува гласно во воз, во училиштата не се дозволени чевли“

Знаат ли сите англиски? Лесно ли се снаоѓаш во маркетите?

Не знаат сите англиски, и дури и да знаат тие воопшто не се охрабруваат да ти кажат нешто на англиски. Дефинитивно помладите генерации се похрабри кога треба да зборуваат англиски.

Доколку живееш тука мораш да знаеш јапонски. Пред 5 месеци почнав да земам онлајн часови по јапонски и тоа многу ни го олесни секојдневниот живот тука.

Во супермаркетите сè е напишано на јапонски и тоа на нивните азбуки хирагана, катакана и канџи. Дури и состојките на пакувањата се напишани само на јапонски и ни беше многу тешко на почетокот бидејќи мојот сопруг е алергичен на морска храна, па поминувавме скоро 2 часа во супермаркет додека да преведеме се со google translate.

Сега научивме скоро сè, а и познаваме основен јапонски, па може да се консултираме со вработените доколку нешто не ни е јасно.

sanja-spiridonovska-zhivee-vo-japonija-ne-smee-da-se-zboruva-glasno-vo-voz-vo-uchilishtata-ne-se-dozvoleni-chevli-06.jpg

Има ли роботи во услужната дејност?

Во моментов Јапонија е држава со најмногу „вработени“ роботи во светот. Имаат ресторани и хотели во кои скоро 90% од вработените се роботи, во моментов има во неколку града роботи во трговските центри кои стојат на главните влезови и те потсетуваат дека треба да се носи маска пред да влезеш внатре.

Дали Јапонија е добро место за да се расте дете?

Според мене Јапонија е најдобрата држава за да се расте дете. Тука е толку безбедно што децата дури од 3 години веќе сами се возат во училишни автобуси. Од 5 години сами одат на училиште или спортска активност со воз, велосипед или пешки.

Тука секое дете мора минимум 2 активности да одбере што ќе посетува секоја седмица, дали било тоа спорт, музика, балет …

Децата се учат на голема хигиена од многу мали, тие сами се грижат за хигиената на нивните училници, јадат многу здрава храна во училиштата, и поминуваат многу време надвор. Овде и да се минусни температури, и да врне снег или дожд тука децата се цело време надвор.

Не постои тука правило „доколку е ладно нема излегување надвор“, напротив децата се охрабруваат од страна на родителите да се постојано надвор. За време на викендите сите родители се со шатори и ќебиња во локалните паркови и го поминуваат цел ден во паркот без разлика на температурите.

Како што напоменав во едно од претходните прашања, државата дава финансиска помош на родителите сè додека нивните деца не наполнат 18 години, без разлика на нивото на финансиската состојба на семејството. Тоа е многу голема помош за еден родител.

sanja-spiridonovska-zhivee-vo-japonija-ne-smee-da-se-zboruva-glasno-vo-voz-vo-uchilishtata-ne-se-dozvoleni-chevli-10.JPG

Би можела ли да замислиш да дочекаш пензија таму?

Дефинитивно, ова ми е најомилената држава во светот, и би сакала да дочекам пензија тука доколку имаме можност.

Што од Јапонија би донела тука и од Македонија би однела таму?

Од тука би донела во Македонија, дисциплина, грижата за здравјето и секојдневните активности, особено на повозрасните луѓе. Грижата за животните и тоа колку се тие важни во нашиот живот, и колку тие треба да се третирани со љубов и внимание, почитта и трпението во сообраќајот, јапонската храна и уште многу други работи.

Од Македонија овде би ги донела моите пријатели и мојата фамилија за и тие да можат да искусат како се живее тука, и сирењето и кашкавалот. Овде е многу скапо тоа и нема голем избор.

Прочитајте и Сања Спиридоновска има живеено на 2 рајски острови: „Леб на Туркс и Кајкос е 250 денари, а на Маурициус ме однесе љубовта на мојот живот“

Повеќе фотографии од Сања во Јапонија:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Катерина живее на Малта: „Ја напуштивме Македонија со две мали деца, воопшто не беше лесно“ „За Малта заминавме со 2 деца, Петар (6) и Огнен Георги (1) и не можам да кажам ...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...
Антонио Димоски живее на Бали: „Луѓето се многу фини и добри, но сообраќајот е хаос“ Антонио Димоски од Охрид е фриленсер во областа на човечки ресурси и дигитален м...
Стефан Маневски живее во Стразбур: „Велосипед е основно превозно средство, рестораните работат само ... „Живеењето во Стразбур веројатно не може да се замисли без велосипед како основн...
Анџело Павловски за патувањето во Јапонија: „Младите обожаваат караоке, дневна карта за метро во Ток... „Секој Јапонец, без разлика на тоа од каде сте и како изгледате, се однесува со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg