Душан Стојилковиќ живее 6 години на Сејшели: „Има највкусен рум и уникатни плажи, но нема ноќен живот“

Душан Стојилковиќ (32) од Врање, завршил Медицински факултет во Белград и одма по стажирањето заминал на островската африканска држава Сејшели.

dushan-stojilkovikj-zhivee-6-godini-na-sejsheli-ima-najvkusen-rum-i-unikatni-plazhi-no-nema-nokjen-zhivot-01.jpg

Душан во меѓувреме завршил постдипломски студии за дерматологија на универзитетот Плимут во Англија. Душан е страстен љубител на билки, тенисер и посветен лекар. На својот Инстаграм профил @thedushan ги споделува своите доживувања од островите. 

Душан, ајде да се навратиме на самиот почеток, како ти се вкрстија коцките во животот и патот те одведе на Сејшели?

Моето заминување на Сејшели всушност е сплет на интересни околности – мојот авантуристички дух и желбата по завршување на студиите да откријам нови, други светови е можеби најважниот детаљ.

Баш во тој момент познаници на еден мој пријател од Србија бараа млади лекари да работат на островот… И ете, веќе шест години го живеам својот „островски живот“.

Непознатото нè плаши, но и постојано растеме благодарение на него. Како течеше привикнувањето на новиот живот?

Привикнувањето носеше со себе многу предизвици. Од тропска клима и висока влажност, па сè до различен менталитет кој е сосема поинаков од сè она на што сме навикнати. Создавање на нови социјални кругови и најважното од сè, самостојна работа во потполно ново и несекојдневно окружување.

Меланхолијата на самиот почеток беше силна, ама со текот на времето сè си дојде на своето место.

Секоја дестинација си има добри и лоши периоди за посета, но кога е најпогодно да се посетат островите Сејшели?

Најдобриот период за посета е помеѓу март и јули и помеѓу октомври и почеток на декември за да се избегне периодот на дождови. Нема зима, јас сакам да го ја употребам фразата: „аll year summer“.

Температурите секогаш се над 26 степени, а за време на врнежливиот период влажноста на воздухот знае да биде превисока. Во суштина туристи има во текот на целата година.

dushan stojilkovikj sejsheli nema vozbudliv nokjen zivot no zatoa e destinacija kade sto mozete da gi odmorite i dihot i teloto 6

Како е организиран транспортот на островите?

Транспортот на главниот остров Махе во главно е организиран со автобуски линии кои се релативно чести и кои туристите ги користат. Сообраќајниот метеж често знае да биде неподнослив.

Помалите острови, како Ла Диг имаат само велосипеди што е сосема доволно. Туристи често изнајмуваат автомобил и тогаш движењето е многу лесно.

До најубавите плажи нема автобуски линии, така што ако сакате целосно да го истражите островот Махе кој е најголем, препорачувам да користите такси или да изнајмите автомобил. На помалите острови е полесно – велосипед или со пешачење.

По толку години поминати таму сигурно си имал можност да запознаеш многу нови луѓе, да слушнеш стотици различни приказни. Ме интересира какви се мештаните таму со странци?

Локалното население генерално е целосно посветено на туризам. Како што целиот живот на островот е бавен, таква е и услугата – опуштена и спора. Затоа задолжително треба да се препуштите на тропскиот живот, не брзајте и дајте си себе време за уживање.

Пред појава на коронавирусот, светот беше обоен со други бои. Низ какви искуства помина Сејшели од почетокот на пандемијата па до сега?

Претходната година беше навистина тешка за сите. Земјата со месеци беше затворено. Немавме COVID, но исто така немавме ни туристи што е најважниот извор на приход.

Многу бизниси престана да работат, поголем дел од населението остана без приходи што ги отежнуваше работите. Имавме мирна година, ама сите се радуваме на враќањето на туристите, зашто динамиката на островот целосно се смени.

dushan stojilkovikj sejsheli nema vozbudliv nokjen zivot no zatoa e destinacija kade sto mozete da gi odmorite i dihot i teloto 4

Во моментот актуелно во светот е вакцинацијата? Што случува таму периодов?

Во моментот вакцината не е задолжителна за да се влезе во земјата. Оние што се вакцинирани со која било вакцина им се дава предност што не мора да останат во изолација по 5 или повеќе денови. PCR тест е задолжителен за сите. Вакцинираните уште од првиот ден можат да се однесуваат сосема нормално со дополнителни мерки (маски).

По што ги паметиш годините поминати на островите Сејшели?

На Сејшели веќе живеам 6 години и она што ми е прва асоцијација се бескрајната убавина на природата која е невозможно да ја опишете и која од ден во ден е неповторлива. Сè уште ми се нема случено едно зајдисонце или поглед на море да ми здодее.

Друга важна работа – живот толку далеку, на мал остров среде океан го приоретизира времето поминато со самиот себе, квалитетно дружење со луѓе од целиот свет без дистракции кои во Европа и остатокот од светот ги имаат пласирано како важно – потрошувачко општество, материјализам… Квалитетот на животот е едноставен. Иако Сејшели е афричка земја, безбедноста генерално е одлична. Навистина немав непријатни искуства до сега.

Имам слушнато дека алкохолот е многу скап таму, точно ли е тоа?

Кога станува зборот за алкохол добро имаш слушнато, навистина е скап без разлика што имаат локална пивара со навистина добро пиво. Произведуваат темен рум, а и бел со вкус на кокос е одличен за коктели на плажа.

dushan stojilkovikj sejsheli nema vozbudliv nokjen zivot no zatoa e destinacija kade sto mozete da gi odmorite i dihot i teloto 2

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Милош Боев: „Работев во Етиопија 8 месеци како градежен инженер – сакав да се вратам назад со првиот... „Кога пристигнав во кампот, од сите страни беше затворено со бетонска ограда вис...
Јордан Колевски го замени Скопје за Торонто: „Животот овде е прекрасен, луѓето се топли и љубезни, р... „Овде секој ќе те поздрави иако не те познава, луѓето се топли и насмеани. Ми се...
Бетика, Ледената Македонка за посетата на Занзибар и Кенија: „Секаде патував сама и се чувствував бе... „Запознав многу локалци во Занзибар, им се восхитував на позитивната енергија шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg