Никица Ацева за престојот во Египет: „Пливав во најтиркизното море, Египќаните се напорни со нудењето услуги“


Никица Ацева за престојот во Египет: „Пливав во најтиркизното море, Египќаните се напорни со нудењето услуги“

„Црвеното Море е најчистото, најтиркизното, најтоплото и најсоленото море во кое сум пливала, познато по преубавите корални гребени. Во склоп на сафари турата имаше јавање камили, но тоа беше само кратка прошетка од 2 минути и сè помина во најдобар ред, на подолго не би се нафатила.“, раскажува 24-годишната Никица Ацева за Хургада, Египет.

nikica-aceva-za-prestojot-vo-egipet-plivav-vo-najtirkiznoto-more-egipkjanite-se-naporni-so-nudenjeto-uslugi-01.jpg

Никица Ацева од Скопје (24), по професија блогер летово како дестинација за одмор го избра Египет.

За нејзиниот престој таму таа ги споделува впечатоците за CRNOBELO.com:

Зошто токму Египет годинава? Кој период патуваше и имаше ли некои рестрикции на аеродромите?

Да бидам искрена Египет никогаш не ми бил во топ листата на дестинации кои сакам да ги посетам, барем не засега, но со оглед на ситуацијата која дозволуваше само неколку опции ова лето, се одлучивме токму за Египет за да видиме нешто ново, нешто различно.

Процедурата за самото патување не беше ништо поинаква од онаа за поблиските дестинации кои се нудат оваа сезона. Негативен ПЦР тест или документ за вакцинација беа двата задолжителни услови за влез во „пустинскиот рај”, додека таму маски се носеа само во внатрешноста на локалите во градот.

nikica-aceva-za-prestojot-vo-egipet-plivav-vo-najtirkiznoto-more-egipkjanite-se-naporni-so-nudenjeto-uslugi-22.jpeg

Во ресортите за сместување не се употребуваа маски, ниту пак на факултативите, но поради самозаштита ние си носевме маска за превозот од и до хотел кога одевме на екскурзии. Доколку има контролна полиција додека сте во комбето за превоз до некоја факултатива треба да имате заштитна маска.

nikica-aceva-za-prestojot-vo-egipet-plivav-vo-najtirkiznoto-more-egipkjanite-se-naporni-so-nudenjeto-uslugi-11.jpeg

Чувството по слетувањето... Каква клима те дочека таму?

Прво нешто што забележав кога слетавме е дека не е толку топло колку што го опишуваат. Можеби и ние го погодивме периодот, не знам, но јас немав чувство како да не можам да дишам.

Дува многу ветер и тоа е голема предност да не ја почувствуваш толку топлината, инаку највисоката температура додека бевме ние достигна 38 степени.

nikica-aceva-za-prestojot-vo-egipet-plivav-vo-najtirkiznoto-more-egipkjanite-se-naporni-so-nudenjeto-uslugi-02.jpeg

Какви ресорти нудат Египќаните?

Генерално кога биравме, видов многу убави ресорти, но не во мој стил. Беа во црвено златни нијанси, за мој вкус кич.

Добив чувство како повеќе да се сконцентрирани на надворешниот, отколку на внатрешниот дел, и со право бидејќи имаат преубава основа на која можат да работат.

nikica-aceva-za-prestojot-vo-egipet-plivav-vo-najtirkiznoto-more-egipkjanite-se-naporni-so-nudenjeto-uslugi-21.jpeg

Секоја градина изобилуваше со палми, различни видови на кактуси, урми, едноставно беше преубаво. Собите со сигурност содржат сè што би ти било потребно на еден одмор, но во граница на нормалата, не видов некој ексклузивитет.

Ние одбравме хотел уреден во boho стил, подалеку од градот, со убава плажа со сопствен корален гребен (најкарактеристичното нешто за Црвеното Море), чиста вода и мислам дека го направивме вистинскиот избор.

Со оглед на тоа дека во самиот град нема многу што да се види и доволно е едно попладне за посета, дефинитивно вреди да си малку подалеку од тоа, а поблиску до почиста вода.

nikica-aceva-za-prestojot-vo-egipet-plivav-vo-najtirkiznoto-more-egipkjanite-se-naporni-so-nudenjeto-uslugi-13.jpeg

Дали Хургада е навистина рај за туристи?

После поминати 10 дена во Хургада јас не го сменив мислењето за оваа дестинација. Како што кажав на почетокот на овие години повторно не би ми била прво нешто што сакам да го видам.

nikica-aceva-za-prestojot-vo-egipet-plivav-vo-najtirkiznoto-more-egipkjanite-se-naporni-so-nudenjeto-uslugi-18.jpeg

Дефинитивно е убаво искуство, кое никако не треба да пропуштите да го доживеете барем еднаш во животот, различна култура, традиции, историски знаменитости, па и адреналински екскурзии и секако најубавото море во кое сум пливала.

Сепак, со оглед на обликот на одморот, во кој сè е на едно место, би го препорачала на малку постарата популација.

nikica-aceva-za-prestojot-vo-egipet-plivav-vo-najtirkiznoto-more-egipkjanite-se-naporni-so-nudenjeto-uslugi-04.jpeg

Црвеното Море е најубавото море на светот затоа што....

Е најчистото, најтиркизното, најтоплото и најсоленото море во кое сум пливала. Познато по преубавите корални гребени, кои не случајно се секојдневна попатна станица за нуркање на турите кон островите кои се „must see” ако одите во Египет.

nikica-aceva-za-prestojot-vo-egipet-plivav-vo-najtirkiznoto-more-egipkjanite-se-naporni-so-nudenjeto-uslugi-16.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Соња Златановска живее во Египет: „Жените се разгалени, а од Нил и Црвеното Море не можам да се наси... Соња вели дека како граѓанин на Египет или го сакаш или го мразиш, нема златна с...
Мими Анастасова за престојот на Малдиви: „Под бунгаловиот ни пливаа ајкули навечер, а најмногу турис... „Имавме можност 2 дена да престојуваме во вилите на вода, искуството е навистина...
Ивана од Куманово за животот во Малта: „Влагата придонесува да изгубиш воздух, киријата за стан е ок... Ако некогаш имате прилика да се запознаете со Ивана Младеновска (29) од Куманово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg