Бојан Најдов за животот во Јужна Африка: „Лесно е да видиш жирафи, зебри, бафала, но има многу криминал и напади“


Бојан Најдов за животот во Јужна Африка: „Лесно е да видиш жирафи, зебри, бафала, но има многу криминал и напади“

„Растејќи во Јужна Африка најмногу ме нервирашe што никој не можеше точно да го изговори моето име, ме викаа Бохан или Божан, а во средно прекар ми беше Борис. Таму најмногу ми се допаѓа квалитетот на животот, климата и храната, ноќниот живот и целата природа. Многу е лесно да видиш диви животни како жирафи, зебри, бафала, а сакам да ги посетувам и резерватите, кои се дом на лавови, гепарди и слонови.“, раскажува Бојан Најдов.

bojan-najdov-zivot-na-relacija-skopje-durban-juznoafrikanccite-ne-mozea-da-go-izgovorat-moeto-ime-me-vikaa-bohan-ili-bozan -01.jpg

Бојан Најдов е 30-годишен Македонец кој е роден во Скопје, но пораснал во Јужна Африка. Во последниве години живее на релација меѓу овие две држави, бидејќи, како што открива, не ги сака скопските зими, снегот и ниските температури.

Во Македонија му се допаѓа мирот и безбедноста што Скопје му ги нуди, а сака да ги посетува Охрид и Маврово, додека на другиот крај од светот му се допаѓа природата и ноќниот живот.

За CRNOBELO.com овој млад скопјанец раскажува за животот во Јужна Африка, за студирањето во странство, а вели дека Македонките се поубави од Јужноафриканките.

Роден во Скопје, а израснат во Јужна Африка, што ти беше најтешко таму како дете и тинејџер?

Како дете им бев интересен на врсниците, бидејќи не бев од таму. Секогаш некој сакаше да прашања од каде сум. Растејќи најмногу ме нервирашe што никој не можеше точно да го изговори моето име, ме викаа Бохан или Божан, а во средно прекар ми беше Борис. Поради тоа, сега, како возрасен, секогаш се обидувам точно да го изговорам името на соговорникот без разлика од кој крај на светот тој доаѓа.

bojan-najdov-zivot-na-relacija-skopje-durban-juznoafrikanccite-ne-mozea-da-go-izgovorat-moeto-ime-me-vikaa-bohan-ili-bozan -14.jpg

Автоматски се издвојував од останатите ученици, а тоа успеав да го искористам во моја полза и силно да ја изградам мојата самодоверба.

Што ти беше најголем предизвик растејќи во Јужна Африка?

Кога се преселивме во Преторија имав само четири години, едвај зборував македонски, а веќе требаше да учам англиски. Дефинитвно учењето на јазикот беше најголемиот предизвик за мене.

И моите родители тогаш не го владееја јазикот добро, па беше ситуација „слеп води слепец“. Имав тешкотии и при пишувањето и читањето, но ги совладав со текот на годините, но го заборавив македонскиот јазик.

bojan-najdov-zivot-na-relacija-skopje-durban-juznoafrikanccite-ne-mozea-da-go-izgovorat-moeto-ime-me-vikaa-bohan-ili-bozan -12.jpg

По 15 години се врати назад во Скопје и студираше во Скопје, како се снајде во новата средина, како странец во родената земја?

Не ми беше лесно, нова средина, не многу позната, морав да создавам нови пријателства, не знаев каде одам, каде да излегувам, што да правам, повторно бев на почеток. А уште потешко ми беше што не го зборував македонскиот јазик и по секоја цена сакав да си заминам од Скопје.

Сакајќи да избегам, бев три лета по ред во Америка, со студентската програма work and travel.

bojan-najdov-zivot-na-relacija-skopje-durban-juznoafrikanccite-ne-mozea-da-go-izgovorat-moeto-ime-me-vikaa-bohan-ili-bozan -13.jpg

По дипломирањето на Американскиот колеџ во Скопје, замина на пост-дипломски студии во Аризона. Какво беше тоа искуство?

Одлично искуство. Навистина супер си поминав на мастер во Аризона. И покрај напорното учење, беше забавно и интересно, запознав многу пријатели и шетав многу. Научив многу таму, а баш оттаму ми е навиката да читам многу бидејќи во рамките на Универзитетот, Thunderbird scholl of global managemet имаше голема библиотека, каде постојано одев.

bojan-najdov-zivot-na-relacija-skopje-durban-juznoafrikanccite-ne-mozea-da-go-izgovorat-moeto-ime-me-vikaa-bohan-ili-bozan -08.jpg

Таму студирав Интернационални финансии, а во моментов работам како Консултант за имплементација и унапредување на софтверски решенија за банки.

Во рамки на програмата семестар во странство, ги посети и учеше во Хонгконг и Сингапур. Што најмногу ти се допадна, а што не во Хонгконг?

Кога студирав во Хонгконг и Сингапур се запознав со нови култури, нови вкусови и сосема различен начин на живот.

Ми се допаѓа што Хонгконг е град со многу енергија, брзо темпо, едноставно жив град со многу настани и постојано нешто се случува.

bojan-najdov-zivot-na-relacija-skopje-durban-juznoafrikanccite-ne-mozea-da-go-izgovorat-moeto-ime-me-vikaa-bohan-ili-bozan -23.jpg

Она што не ми се допадна што беше многу валкан. Не ми е јасно како сред толку модерен, урбан и технолошки развиен град имаше толку валкани пазари за храна од каде се ширеше непријатна миризба и висеа мртви животни за продажба. Има огромен јаз меѓу богатите и сиромашните во градот.

Што ти се допадна во Сингапур?

Градот, кој го носи истото име како и државата беше навистина мал, дури и помал од Скопје, па беше лесно да го запознам и доживеам градот. Ми се допаѓаше што градот имаше многу зеленило, убави градини и многу парови. Градот беше модерен, со феноменален трговски центар, луксузни хотели и одлична природа.

bojan-najdov-zivot-na-relacija-skopje-durban-juznoafrikanccite-ne-mozea-da-go-izgovorat-moeto-ime-me-vikaa-bohan-ili-bozan-02.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Владимир Чурлиновски: „Кутија цигари во Виетнам е 25 денари, резервација во диско во Катар 1.000 евр... Овој Македонец вели дека во Катар те почитуваат како работник, а во Тајланд луѓе...
Патувањето на Around Gaia продолжува: „Комбето е сега наш дом и ќе посетиме што е можно повеќе места... Да се патува четири години со мотор, да се живее од ден за ден, да се посетат 70...
Владо Јаневски живее во Австралија, а има посетено 60 земји: „Змија може да има и среде Сиднеј, на п... „Целиот свет е убав и треба да се патува. Со големо задоволство ги прераскажувам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg