Јелена Јовиќ за CRNOBELO.com: „Работам како туристички водич - ги посетив Индија, Кенија, Сејшели, а би се преселила во Мароко“

Јелена Јовиќ од Србија е туристички водич, која по 18 години успешна кариера го напуштила маркетинг секторот и сега е туристички водич, постојано откривајќи ги далечните дестинации.

jelena jovic napravete go zivotot vreden za zivenje na kraj ni ostanuva samo album od secavanja zatoa patuvanjte 16

На својот Инстаграм профил @jjtravelblog постојано ги споделува патувачките искуства. Со Јелена Јовиќ поразговаравме за многу суштински прашања и како патувањето ѝ го има сменето животот.

Мароко, Индија, Занзибар, Кенија, Сејшели и многу други дестинации се означени во твојот пасош… Јелена, излезе од светот на маркетингот и реши да бидеш туристички водич - кога сфати дека патувањето низ светот е она што најмногу го сакаш?

Откако знам за себе јас сум патник. Дури и кога бев мала, додека не тргнав на училиште, патував на кратки релации помеѓу градот каде што живееја моите родители и селото каде што голем дел од времето го минував со баба ми и дедо ми. Исто така, со моите родители многу патувавме во тогашна Југославија. Сепак, не знаев каква судбина ми крои животот, ама сонував дека ќе го пропатувам светот.

Моите тинејџерски денови, годините поминати во студирање и работа со маркетинг, се обележани со тешки настани, распад на држава во која живеевме, војни, економска криза и многу болни настани кои патувањето го ставија on hold. Некаде длабоко во себе знаев дека моите соништа за далечни патувања ќе се остварат. Кога и да имав можност и слободно време, јас патував.

По професија сум економист, маркетинг специјалист, а можеби дури и експерт зашто 18 години поминав го градење на успешна и интернационална кариера во маркетинг секторот.

Сепак, чувството на ограниченост, in the box, работа во канцеларија, малку слободни денови за одмор, недоволно флексибилно работно време направија во сето тоа да не се чувствувам добро. Мојата душа чезнееше по слобода, простор, истражување, спознавање преку патување.

Иако сите ми рекоа дека сум луда што заминувам од „сигурно“ работно место, кариерата која со години ја градев и финансиска благосостојба и се впуштам во нешто сосема непознато – внатрешното чувство ми шепотеше дека конечно го најдов сопствениот Пат.

Кога сме во шаблон, матрица, кога сè ни е испланирано и предвидено, тоа ни носи одредена доза на сигурност, но истовремено нè ограничува да доживееме некои искуства кои сосема би нè свртеле наопаку, искуства за кои солзи би ни кренале од љубов и убавина на моментот, возбудување од кое ќе снемаме здив. А тоа е Животот кој го сакав.

jelena jovic napravete go zivotot vreden za zivenje na kraj ni ostanuva samo album od secavanja zatoa patuvanjte 10

Како изгледа еден твој ден за време на некоја тура? Еве, сега си на Занзибар, па можеш да се послужиш со тој пример...

Мојот работен ден на Занзибар почнува рано наутро со подготовка за екскурзии и се радувам за сите преубави активности кои нè чекаат во текот на денот.

Со другите патувачи ја делам радоста во откривање на нови плажи, капење и нуркање во преубавиот Индискиот Океан, дружење со локалците, со задолжителна дегустација на тропското овошје, морски плодови и други локални специјалитети.

Кога одиме во посета на училиште, насмеаните дечиња секогаш ни ги стоплуваат срцата, додека на фарма за зачини дознаваме како изгледаат зачини кои ги користиме додека сè уште се на дрво или грмушка, како и кои лековити својства имаат, додека ние сме свесни само за подобрување на вкусот на храната.

Делфини, морски ѕвезди, риби и корали, подводниот свет на Индискиот Океан е нешто што не се заборава. Задоволство ми е да бидам водич низ сите овие убавини!

jelena jovic napravete go zivotot vreden za zivenje na kraj ni ostanuva samo album od secavanja zatoa patuvanjte 13

Многу е тешко еден патувач да се одлучи за омилена дестинација. Ако случајно ја имаш, слободно сподели ја со нас. Сега си на Занзибар како туристички водич и уживаш во водите на Индискиот Океан, па ако ти кажам да се сетиш на патувачки искуства од кои ти се ежи кожата од тоа што биле прекрасни кои би биле тие?

Секако дека имам омилени дестинации, тоа се оние на кои повеќе пати им се имам вратено, а на една од нив дури сакав да се преселам и да живеам таму. Тоа е Мароко, а причина е тоа што е многу слична со мојот внатрешен сензибилитет, интензитет на бои, вкусови, мириси, емоции.

Мароко е спој на сè она што го сакам и сè она што сум. Откако стапнав прв пат таму, земјата ми стана блиска. Моја душа таму се радува. Мароко го има Атлантскиот Океан, Средоземното Море, Сахара и планината Атлас, спој на арапска култура, со влијание на француска зашто биле нивни протекторати.

Во Мароко имам блиски пријатели, драги луѓе кои ме имаат прифатено како да сум им сестра и таму секогаш се чувствувам добредојдено. Слично е и на Занзибар, Јордан, Сејшелите и Индија.

Тоа се за сега моите пет дестинации, но сè уште ме чека откривање на Јужна и Средна Америка, така што верувам дека некои нови дестинации ќе се најдат во овие топ пет.

jelena jovic napravete go zivotot vreden za zivenje na kraj ni ostanuva samo album od secavanja zatoa patuvanjte 11

И убавите, но и лошите нешта се дел од животот. Знам дека се имаш најдено во различни ситуации, но те молам, сподели го накратко твоето искуство кога Индија се најде во локдаун, а ти беше заглавена во Њу Делхи?

Дестинацијата нè бира нас, а не ние неа. Затоа верувам дека секое патување ми има донесено нови погледи за животот, љубовта, а најмногу за себеси. Запознавајќи ги другите култури, обичаи и ритуали ги препознаваме и своите ограничувања, предрасуди, па секое ново патување нè прави да бидеме поотворени, помудри и посвесни.

Најголемото богатство се луѓето кои ги сретнуваме, необични, различни, но сфаќаме дека тоа е така на прв поглед …

Во Индија бев во февруари и март 2020 година и тоа ми беше едно од поважните патувања што ме промени. Индија сама по себе е повеќеслојна, ако ѝ допуштаме може да ги промени најдлабоките слоеви во нас на која им била потребна промена.

Ја имав таа среќа или несреќа да останам „заглавена“ во Њу Делхи две недели кога започна хаосот со пандемијата. Во такви ситуации сфаќаме дека не знаеме колку сме сили, храбри и способни, затоа што тоа е единствениот избор за да преживееме.

После тоа искуство ја сум целосно друга личност. Индија е земја на која често ќе ѝ се навраќам кога ќе имам можност за тоа.

jelena jovic napravete go zivotot vreden za zivenje na kraj ni ostanuva samo album od secavanja zatoa patuvanjte 2

Ако некогаш се одлучиш да напишеше роман или книга со патописи, што ќе опфатиш во нив?

Книги и романи веќе се создаваат, еден од нив е за Мароко, друг за Индија, а ќе имаат интересни наслови и нема да бидат исклучиво патеписни и фактографски, туку љубовни приказни. Секоја дестинација на која сум била ми има дадено причина да се заљубам, во неа самата, во луѓе, во живот, и тоа повторно и повторно.

jelena jovic napravete go zivotot vreden za zivenje na kraj ni ostanuva samo album od secavanja zatoa patuvanjte 14

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Ирена Силјаноска за патувањето од соништата во Мароко: „Ме чинеше 1.800 евра, го доживеав најубавото... „Во Црвената пустина, во областа Ерг Чеби доживеав прекрасно зајдисонце и изгреј...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg