Силвана од Скопје: „Работам како туристички водич, годинава Крф ми беше дом 4 месеци - веќе 10 години е така“

Најпосетувано место на Крф кај македонските, па и српските туристи е местото Ипсос. Тоа е мало селце со долга обала и шеталиште, околу два километри, каде плажата е од една страна, а од другата сите продавници, таверни, кафулиња, барови, ресторани, маркети.

Плажите нудат можност да си поставите сопствени лежалки, но и органзирани бич барови каде цените се движат од 4 евра по лежалка со пијалок до 5 -6 евра.

silvana-od-skopje-rabotam-kako-turistichki-vodich-godinava-krf-mi-beshe-dom-4-meseci-vekje-10-godini-e-taka-09.jpg

Островот нуди неисцрпни можности да се прошета, а Ипсос има најидеална локација каде сите места се многу блиску. Оддалечен од главниот град на 15 километри, како и околу 20 – 30 километри од Палеокастрица, Глифада, Касиопи, Нисаки.

Изборот е голем, а исто така има можност да се оди на прекрасно крстарење по североисточната обала каде се посетуваат прекрасните диви плажи, со нереално тиркизно-зелена боја на морето.

silvana-od-skopje-rabotam-kako-turistichki-vodich-godinava-krf-mi-beshe-dom-4-meseci-vekje-10-godini-e-taka-08.jpg

Она по што надалеку е познат Крф, е неговиот град. Крф има мултукултурен дух. Додека шетате низ стариот дел од градот, ќе имате чувство како да се враќате во минатото, а истовремено се наоѓате во сегашноста. Неговата архитектура е успешен спој на разноликостите кои истовремено го имаат шармот на Париз, Венеција и Лондон. Големиот број на тесни улички со куќи од тоа време се речиси непроменети до денес.

Постои забрана да се модернизираат куќите со цел да се задржи автентичноста на градот. Малите улички му даваат посебна отменост на стариот град, некаде се толку тесни што можете со раширени раце да ги допрете куќите од двете страни. Малите фонтани и плоштади, старите млетачки куќи во кои денес се сместени многубројните таверни, галерии и продавници за сувенири, бројни цркви со монументални фасади се изградени од времето на Млет, а денес му даваат посебен шарм на стариот град.

silvana-od-skopje-rabotam-kako-turistichki-vodich-godinava-krf-mi-beshe-dom-4-meseci-vekje-10-godini-e-taka-06.jpg

Од друга страна плажите, секоја приказна за себе. Сидари, познато по тунелот на љубовта, местото на најубавото зајдисонце и глинени карпи, Палеокастрица, карпест предел, со нереално убави диви плажи, Глифада долга плажа со сино знаме и најпозната по златните песоци... На списокот му нема крај.

silvana-od-skopje-rabotam-kako-turistichki-vodich-godinava-krf-mi-beshe-dom-4-meseci-vekje-10-godini-e-taka-10.jpg

Ноќниот живот оваа година не беше онаков каков што обично е, а инаку важи за остров со еден од најдобрите ноќни клубови. Ќе го споменам мојот омилен „54 Dreamy Nights“, прогласен за една од топ 10 дискотеки во Европа.

Се чувствувам привилегирано што имам можност да живеам барем неколку месеци островски живот, а кога би бирала, дефинитивно би го одбрала засекогаш. Сонце, море, чист воздух, живот без стрес, без нервози, се што ти треба е тој поглед на море. Затоа и Грците го имаат најдолгиот животен век. Нема поголемо задоволство кога ги пречекувам моите патници и им го пренесувам целото искуство кое го имам стекнато и кога заедно ги шетаме сите места, а на последниот ден од патувањето ќе кажат: Во право беше, островот е магичен!

И вистина, не залудно велат, кој еднаш бил на Крф, секогаш се враќа повторно.“

Повеќе фотки од Силвана на Крф:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Вера Радески за преселбата во Чикаго: „Првата година е хаотична, ве мачи носталгијата, се колебате д... „Првата година по преселбата е страшно хаотична. Тоа е период во кој навистина н...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Искра од Скопје за животот во Брно: „Ако дојденец стапи во брак со Чех - доаѓа љубовна полиција, Чес... „Во Македонија имаше еден долг тежок период, кога се чувствував како пеперутка н...
Маријана живее во Прага: „Чешките парови страсно се бакнуваат среде улица, има многу Македонци - од ... „Љубовта тука се изразува во метро, во трамвај, во автобус, на улица, на културе...
Го посетив замокот Голубац кој е на 5 часа возење од Скопје - Што ме импресионираше кај „скапоцениот... Го нарекуваат „скапоцениот камен“ на Србија, а многу од луѓето во регионот не зн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg