Никола Станчески за авантурата во Колумбија: „Налетав на црква со име Македонија среде пустина“

Никола Станчески од Кривогаштани е уште еден млад човек кој сака да ги спознае хоризонтите на светот, па постојано се наоѓа на различни дестинации. Тој е човек што ужива во читањето, посебно ужива во филозофија и психологија, сака активности во природа, да учи нови јазици, како и да дегустира храна од различни национални кујни. За време на своето патување на атлантското крајбрежје од Бразил дури го научил и португалскиот јазик.

nikola stanceski za avanturata vo kolumbija naletav na crkva so ime makedonija srede pustina i celoto patuvawe pretstavuvase moment na otkrovenie 17

За време на своите факултетски денови преку програмата ворк енд травел заминал да работи во Естес парк, Колорадо, гратче во националниот парк на планините Роки. Потоа заминал во Мексико и останал 2 години.

„Во Мексико давав часови по англиски, еднаш неделно одев на приватни часови по шпански кои ми ги овозможи продукцијата во која барав работа како глумец, еден период одев на хор, друг период на тренинг, се дружев со пријателите кои ги имав, често одевме во бар или на театар, се заљубував и одљубував и ги посетував околните места на Мексико Сити. Мексико е песна!“, се присетува Никола.

Од многуте посетени мести ги издвојува: Пирамидите на сонцето и месечината во Теотиуакан, археолошките ископини во Паленке, тропската шума Лакандона, водопадите Сина вода, Мексиканскиот залив. Од сè најмногу впечаток му оставиле прекрасните села на Тихиот Океан со егзотични плажи и смирувачки жолто-портокалови зајдисонца.

nikola stanceski za avanturata vo kolumbija naletav na crkva so ime makedonija srede pustina i celoto patuvawe pretstavuvase moment na otkrovenie 6

Потоа се вратил во Македонија, запишал четврта година на Природно-математички факултет, група физиологија и биохемија.

По неколку месеци започнала пандемијата, но тој воопшто не ја сетил зашто секојдневието и онака му било карантинско – во учење и работа.

Откако поминале 15 месеци со исто темпо имал најискрена намера да се врати во Мексико, но планот не му успеал. Знаејќи дека е време за професионален одмор одлучи да ја посети Колумбија со што му се потврдило гледиштето дека волшебни се патиштата на животот.

„Колумбија ми будеше сензуална љубопитност. Колумбијците кои ги запознав на претходните патувања ми се допаднаа карактерно и многу убаво си ги играат традиционалните танцови. Ми будеше љубопитност да се прошетам низ Колумбија, подетално да ја осознаам и да запознаам луѓе.

nikola stanceski za avanturata vo kolumbija naletav na crkva so ime makedonija srede pustina i celoto patuvawe pretstavuvase moment na otkrovenie 7

„Патувањето ми течеше спонтано, бавно и без предодредени датуми. Затоа и го уживав најмногу! На пример, во Картахена одев на 3 дена, а останав 38 бидејќи ме воодушеви колонијалниот стил и сликовитоста на историскиот центар, растрепереноста на ноќниот живот и вибрацијата на луѓето која ја запознавав таму.

Престојував во хостел во историскиот центар каде после првите два дена побарав да останам како волонтер во замена за престојот. Деновите во хостелот ги поминував во дружење со новостекнатите пријатели, а со другарите кои престојуваа подолг период во хостелот непрестајно се дружевме, заедно готвевме, излегувавме и правевме забави“, се присетува Никола.

Патувањето го почнал во Богота каде што слетал на аеродромот Ел Дорадо и продолжил во Кали каде славел Нова година.

Од тука со авион летал до Санта Марта, гратче на Карипско Море каде што му започнала три и пол месечната карипска идила. Од целото карипско крајбрежје на Колумбија најмногу го воодушевиле националниот парк Тајрона и пустината Гуахира.

BeFunky collage 2

„Тајрона има 46 плажи. Планот за посета е со кампување бидејќи нема хостели. Пејзажите се грандиозни! Плажите во Тајрона ми беа најомилени места на брегот поради раскошната тропска природа и величествената убавина на морето, планината и песокот.

BeFunky collage 3

На најсеверниот дел на Колумбија, воедно и на Јужна Америка, има едно место каде морето и пустината се спојуваат за да создадат пејзажи досега невидени: Гуахира.

nikola stanceski za avanturata vo kolumbija naletav na crkva so ime makedonija srede pustina i celoto patuvawe pretstavuvase moment na otkrovenie 1

Завршува со дини големи како ридови кои се слеваат во морето. Пејзажот и глетката се трансцендентални! А навечер амбиентот е како од друга планета.

Иако дува силен ветер и морето е доста ладно, по излегувањето од водата потребни се две минути за да се исушиш бидејќи сонцето грее многу силно. Во Гуахира живее домородното американско племе Гуају“, раскажува Никола.

nikola stanceski za avanturata vo kolumbija naletav na crkva so ime makedonija srede pustina i celoto patuvawe pretstavuvase moment na otkrovenie 2

Тој додава дека на патот кон дините се наоѓа селото Кабо де ла Вела, мало село со ограничен пристап на вода и струја.

Но, она што изгледа како големо ограничување за погодноста на секојдневниот живот направило пејзажот да си го зачува природниот шарм.

Никола вели дека условите за живот во пустина се сосема поинакви од оние на кои сме навикнати, бидејќи водата им ја носат во резервоари, децата навечер се „тушираат“ под ѕвезденото небо и се апсолутно среќни поради тоа!

И што е најпаметно, не се чувствуваат осакатени бидејќи немаат бањи со туш кабини.

Цело тоа искуство му одржало голема лекција дека комфорот во кој живееме може да ни стане повеќе товар отколку леснотија и дека воопшто не е неопходен за задоволството во животот.

nikola stanceski za avanturata vo kolumbija naletav na crkva so ime makedonija srede pustina i celoto patuvawe pretstavuvase moment na otkrovenie 14

„Плажата во Кабо де ла Вела е многу посебна: дува многу ветар, но морето е мирно. Плажата Виножито е најубавата плажа во Кабо поради спектакуларните бои при залезот.

Омилениот дел од Кабо е искреноста и чистотата на душата од луѓето која се чувствува од нивните очи кога разговараш со нив; како да поставиле граница до каде може капитализмот да им влијае врз животот, а зад која остануваат вистинските човечки вредностите кои не се бришат.

Многу возбудлив ми беше моментот кога на пат кон Кабо, среде пустина, здогледав црква со име Македонија. Црква со име Македонија среде пустина во Колумбија… каков момент на откровение!“, се присетува Никола на моментите од патувањето.

Сите тие доживувања засекогаш ќе останат дел од него, кои само ја отсликуваат убавината на животот и можностите што патувањето ги носи со себе. Но, тука не застанува авантурата на Никола, таа продолжува со уште многу нови искуства кои срдечно ги споделува.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Марко Џамбазоски: „Сакам да истражувам и да покажам дека Македонија е многу повеќе од Скопје и Охрид... Марко Џамбазоски од Скопје со неговиот авантуристички дух постојано ја истражува...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg