Кристина, наша стјуардеса: „Имам посетено 100 земји, бев на свадба во Индија, партнерот ме запроси во Катар“

„Со партнерот ја работиме истата професија. По два неуспешни обида, успеав да поминам на интервјуто за стјуареса и да заминам сама за Доха, каде што е базата на Катар Ервејс, баш во периодот додека дечко ми (стјуард) беше на одмор во Скопје. Потоа, Доха нè зближи многу, дури и запросувањето се случи таму, а најубави спомени имаме од Мумбаи, Индија. Бевме поканети на индиска свадба. Како единствени бели луѓе, сето внимание беше кон нас. И во Австралија си поминав одлично.“, раскажува 28-годишата стјуардеса Кристина за CRNOBELO.com.

kristina-nasha-stjuardesa-imam-poseteno-100-zemji-bev-na-svadba-vo-indija-partnerot-me-zaprosi-vo-katar-01.jpg

Кристина (28) од Скопје работи како стјуардеса за авиокомпанијата Катар Ервејс веќе 3 години.

Таа досега има повеќе од 100 земји, а најубавите спомени ѝ се од Австралија и Индија. Интересно е што и нејзиниот свршеник ја работи истата професија.

За CRNOBELO.com споделува детали од својата професија и патувањата:

Како стана стјуардеса?

Повеќето стјуардеси кога ќе ги прашаат како завршиле во таа професија, би рекле дека тоа им било желба отсекогаш, што не е случајот и со мене. Но, со тек на време научив да ја сакам работата.

Идејата за да отидам на интервју беше на дечко ми. Тој веќе беше таму и работеше како стујард.

За тоа време имавме врска на далечина. Во меѓувреме се среќававме во различни земји во околината на Македонија каде што имаше летови, и каде што јас за тоа време како студент, кој следеше предавања, можев да отидам. Не се брзав да заминам, затоа што сакав да го завршам факултетот прво, па после тоа да се обидам.

kristina-nasha-stjuardesa-imam-poseteno-100-zemji-bev-na-svadba-vo-indija-partnerot-me-zaprosi-vo-katar-02.jpg

По два неуспешни обида, успеав да поминам на интервјуто и да заминам сама за Доха, каде што е базата на Катар Ервејс, баш во периодот додека дечко ми беше на одмор во Скопје.

Затоа што ми беше третпат да присуствувам на интервјуто, веќе точно знаев што ќе ме прашаат, од кој тип ќе биде тестирањето, и искрено тоа последно интервју ми беше многу досадно, затоа што веќе ми беше познато.

Како за стјуардеса, која ќе треба да работи со луѓе, тој ден не прозборев со никој од останатите кандидати. Само сакав да завршам и да заминам дома.

kristina-nasha-stjuardesa-imam-poseteno-100-zemji-bev-na-svadba-vo-indija-partnerot-me-zaprosi-vo-katar-06.jpg

Колку време се занимаваш со оваа професија, која е најдобрата и најлошата страна да се биде стјуардеса?

Како стјуардеса работам нешто повеќе од 3 години. Најдобрата страна на оваа професија е нормално патувањето, посетувањето различни дестинации. Сметам дека тоа го прави човек богат - искуството кое го собира од секоја посетена земја.

Никогаш не е досадно и монотоно. Денес се будам во Лондон, утре можеби Мајами. Запознаваш многу, многу нови луѓе. Колеги со кои работиш, патници кои ќе ти ја раскажат својата приказна, жители на местото кое го посетуваш.

kristina-nasha-stjuardesa-imam-poseteno-100-zemji-bev-na-svadba-vo-indija-partnerot-me-zaprosi-vo-katar-02_2.jpg

И добро познато е дека, оваа професија е добро платена. Ми дале коментар од типот „те плаќаат за да шеташ“, но не се согласувам целосно со тоа.

Негативната страна е што ми се измести целосно биоритамот. Многу често се случува да станам за лет тогаш кога останатите луѓе веќе се во длабок сон или да си легнам среде бел ден. 

Немам точно определено време за оброците. Колку и да сакаш да создадеш некаков ред, невозможно е.

Не важат празници во оваа професија. Работиш за Нова Година, Божиќ, сопствениот роденден, ги пропушташ родендените на најблиските, далеку си од дома. Но, работата како работа, би рекла дека не е толку тешка. Стекнуваш рутина како и во секоја друга професија.

kristina-nasha-stjuardesa-imam-poseteno-100-zemji-bev-na-svadba-vo-indija-partnerot-me-zaprosi-vo-katar-09.jpg

Како изгледаше твоето интервју за работа? Какви критериуми беше потребно да исполниш?

Интервјуто беше во Скопје. Имав два неуспешни обида. И веќе третиот пат, отидов со огромна самодоверба. Од претходните два пати, точно знаев како ќе се одвива, што приближно ќе ме прашаат и дечко ми ме подготви за постручниот дел.

Би рекла дека може скоро секој да помине. Критериумите се едноставни. Треба да имаш завршено барем средно образование, да си повисока од 160cm, да можеш да достигнеш 212cm со крената рака и на прсти (ова е поради висината на преградите во авионот во кои се чува кабинскиот багаж) и познавањето на англиски јазик. Секој дополнителен јазик што можеш да го зборуваш е голем плус за тебе.

Треба да си позитивна личност, да сакаш да работиш со луѓе, да сакаш да помогнеш.

Снаодливоста, интелигенцијата, флексибилноста,самодовербата, грациозноста, би рекла дека се исто едни од поважните особини ако сакаш да ја работиш оваа работа. Бара огромно трпение, што јас го немав, и секој што ме познава ми рече дека нема да издржам ни 3 месеци, но кога имаш мотивација, можеш сè.

kristina-nasha-stjuardesa-imam-poseteno-100-zemji-bev-na-svadba-vo-indija-partnerot-me-zaprosi-vo-katar-15.jpg

Работиш за авиокомпанија со седиште во Катар, колку животот таму е поразличен од животот во Македонија?

Седиштето на компанијата е во Доха, Катар. Катар е муслиманска земја, и животот е многу поразличен од Македонија, тргнувајќи од религијата до начинот на облекување, храната, културата.

Процентот на локални луѓе е многу мал, околу 15%. Но, си имаат свои правила кои и како турист треба да ги почитуваш.

За жените не е дозволено да носат облека која им ги открива рамениците и колената. Парови смеат да се држат за рака само доколку се венчани, и многу од хотелите во Катар бараат приложување на сертификат од венчани за туристите. 

Безбедна држава е. Жените имаат предност скоро секаде, во маркет, болница, лифт. И кога велам имаат предност, навистина имаат предност.

kristina-nasha-stjuardesa-imam-poseteno-100-zemji-bev-na-svadba-vo-indija-partnerot-me-zaprosi-vo-katar-03.jpg

И твојот партнер е стујард… Како се запознавте и како ги усогласувате обврските за да се гледате? Минувате ли многу време разделени?

Со него се познаваме од многу одамна. Заедно сме од средношколските години. Тој замина во Катар неколку години пред да му се придружам и јас.

Искрено, да не беше тој таму, мислам дека никогаш немаше да заминам сама. Тој ми беше најголемата поддршка како за време на тренингот, така и после тоа.

Како некој кој имаше веќе неколкугодишно искуство во таа професија ми помогна многу за побрзо да се вклопам, па и да се навикнам на фактот дека бев далеку од семејството.

Многу е тешко да се добие истиот лет, но успеавме неколкупати да работиме заедно. Ги користиме слободните денови колку што можеме за приватно да патуваме.

kristina-nasha-stjuardesa-imam-poseteno-100-zemji-bev-na-svadba-vo-indija-partnerot-me-zaprosi-vo-katar-20.jpg

Се случувало многупати тој да има лет на добра дестинација тогаш кога јас имам слободни денови, па јас одам на летот како патник додека тој работи, и обратно.

Бидејќи неколку години функциониравме на далечина и се случуваше да не се видиме воопшто и по неколку месеци, сега се гледаме многу почесто, и функционираме одлично и покрај различните распореди.

Ја работиме истата работа, и двајцата имаме разбирање и почит. Доха нè зближи многу, дури и запросувањето се случи таму.

kristina-nasha-stjuardesa-imam-poseteno-100-zemji-bev-na-svadba-vo-indija-partnerot-me-zaprosi-vo-katar-16.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Катерина Пипонска, стјуардеса во Саудиска Арабија: „Се случува да сум на работа 24 часа, но си ја об... „Прво аплицирав за Qatar Airlines, но бев одбиена неколку пати и тука потполно с...
Ана од Скопје: „Неколкупати бев одбивана на интервјуата, но кога успеав и станав стјуардеса - живото... „Нигерија како држава важи како една од најопасните, каде што секојдневно голем ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg