Елена од Скопје за посетата на Виетнам: „Локалците се пријателски настроени, никој не застанува на пешачки, а јадат пржени бубачки“

Што те нервираше најмногу таму?

Слабо зборуваат англиски и морав да се разбирам преку Транслејт апликација, или со пантомима. Огромни бубашваби и стаорци што претрчуваат по улиците, геко гуштери кои лазат и влегуваат во домот, дури и на 21 спрат и сето тоа за локалците е нормално.

Топла и влажна клима, која смета на дишењето, бездомници на секој чекор, грда слика на луѓе што просат и сл.

Гужви во сообраќај и никој не ти застанува на пешачки премин како секаде во светот, туку мораш да поминуваш, додека сите возат!

elena-od-skopje-za-posetata-na-vietnam-sajgon-ima-20-milioni-zhiteli-i-12-milioni-motorchinja-na-ulica-prodavaat-przheni-bubachki-liljaci-37-2_resize.jpg

Каков е јавниот превоз?

Главно се возат со моторчиња, автомобили поретко (најчесто богата класа), но функционираат и автобусите како јавен превоз. A користат и велосипеди.

Метро сè уште нема, иако имаат во план да се изгради и пушти во употреба. Постои сервис Grab такси/моторчиња нешто слично како Uber.

Висок ли е стандардот на живот? Какви се цените?

Стандардот е сличен како кај нас во поглед на цени за основни прехранбени продукти, облека, такси или за нијанса поевтино (барем така беше во 2018-та година, при мојата посета).

Генерално се возат германски или пак азиски брендови на автомобили и што е најважно, сите возила се нови!

elena-od-skopje-za-posetata-na-vietnam-sajgon-ima-20-milioni-zhiteli-i-12-milioni-motorchinja-na-ulica-prodavaat-przheni-bubachki-liljaci-39.jpg

Дали ти се допадна храната таму? Некој тамошен специјалитет што ти остави најмногу впечаток?

Традиционалната храна не ми се допадна баш најмногу, иако сакав да експериментирам и да пробувам одредени специјалитети, и тоа го правев во локални ресторани.

Ние сме научени на балканска вкусна кујна и вегета зачин, на пример , кој се користи во секое јадење тие таму готват со сол, бибер, соја сос, сос од школки или риба, свежо нане, босилек, кари и практикував вегетаријанска исхрана и би издвоила специјалитети од типот на ориз во ананас, супата Фо, нудли со зеленчук или пак морска храна со сосови, сендвич Bánh mì итн.

elena-od-skopje-za-posetata-na-vietnam-sajgon-ima-20-milioni-zhiteli-i-12-milioni-motorchinja-na-ulica-prodavaat-przheni-bubachki-liljaci-40.jpg

Избегнував улична храна, од причина што се подготвува на улица, не е хигиенски, а и немам обичај да јадам сè и сешто, без да знам на кој начин е подготвувано.

Виетнам е рај за љубители на кафиња, постојат секакви видови, смутиња, сладоледи, чоколади, источни специјалитети како слатко, кисело, луто,солено, богатство на вкусови на кои не сме научени, комбинирање на ориз во секој оброк, тропско овошје, мали банани, ананас, манго, кокос во изобилие кои чинеа многу ефтино.

Овошјето на кое сме ние научени како јаболка, круши, грозје, сливи итн. беа увозни и скапи, најчесто од Австралија/Нов Зеланд.

elena-od-skopje-za-posetata-na-vietnam-sajgon-ima-20-milioni-zhiteli-i-12-milioni-motorchinja-na-ulica-prodavaat-przheni-bubachki-liljaci-41.jpg

Во одредени маркети се наоѓаат и ред увозни продукти, што ги има стандард по Европа и особено ме радуваа фета сирење, кашкавал,италијанска пршута и др. салами, маслинки, сенф, кечап, багет леб или останати лебови од полно зрно и семиња, чаеви,чоколади , чипсови, кекси, вино, пиво, кои чинеа многу скапо, а секако дека ги купував со задоволство.

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Мартина од Битола ја посети Латинска Америка: „Ми се допадна месото од лама, не ме исплашија кримина... „Во Буенос Аирес го гледав дербито Ривер - Бока и мислам дека секој вистински љу...
На одмор со Маја Глигоровска во Сани Бич: „Лежалки се од 50 до 300€ за сет, на граница чекавме само ... „На одмор повеќе сакам да уживам во локалната храна, па често јадевме во рестора...
На одмор со Илија од Скопје на Тасос: „Бев сместен во две гратчиња, траект чинеше 8€ по лице“ „Морето на Тасос е прекрасно, со многу чиста и бистра вода. Она што најмногу ми ...
На одмор со шеф Никола во Неа Флогита: „Си носиме чадор и лежалки на плажа, секоја вечер возиме роле... „Најмалата ќерка нè насмеа најмногу. Цел ден собираше школки и полжавчиња на пла...
На одмор со Кристина Арнаудова на Мајорка: „Островот е пречист, но плажите не ме воодушевија“ „Беше полноќ кога пристигнавме, па не сфативме како изгледа околината, но затоа ...
Славица со семејството 2 месеци беше во Тајланд: „Има совршен оброк за 100 денари, но во ресторан со... „Животот во Тајланд започна со две болни деца, од прв ден, и ова не е некој доба...

Најчитани неделава