Тамара Мартиновска: „Живеам во приватен ресорт со 5* на Малдиви – тропски рај е, но и реално шоу“

Те забележуваат ли дека си дојденец?

Да, тоа се забележува веднаш по целата појава. Генерално, локалците се пријателски настроени кон дојденци и сакаат да се дружат доколку ги почитуваш, но сепак постои и доза на љубомора и завидливост во однос на способностите кои ние дојденците ги имаме и благодатите кои ги уживаме тука поради тоа.

За нив доста работи се забранети, од типот на консумирање алкохол, за жените е забрането носење на бикини и слично (ова се однесува само за локално население на локални острови).

tamara-martinovska-zhiveam-vo-privaten-resort-so-5-na-maldivi-tropski-raj-e-no-i-rijaliti-shou-22.jpg

Ти се додворуваат ли?

Хахах… добро прашање. Високи бели девојки се прва опција на секој локален маж, така што да.

tamara-martinovska-zhiveam-vo-privaten-resort-so-5-na-maldivi-tropski-raj-e-no-i-rijaliti-shou-19.jpg

Висок ли е стандардот на живот? Некоја цена оттаму кафе/ пиво…

Поради тоа што е островска држава и најчесто сè е увезено, цените не се ниски, но варираат во однос на тоа дали сте на локален остров или приватен (ресорт).

Платите за локалното население се пониски од оние за дојденците. На локален остров Кока Кола е околу 2 долари, нормална вечера за двајца 50тина долари, кутија добри цигари 7 долари, кафе 3 долари, кокос 2 долари.

tamara-martinovska-zhiveam-vo-privaten-resort-so-5-na-maldivi-tropski-raj-e-no-i-rijaliti-shou-12.jpg

На приватен сè е многу поскапо и зависи која категорија е ресортот. Мојот сегашен ресорт е со 5*, но не е од највисоката категорија на 5*, така што пиво е 10 долари, коктел 20тина, пица е 30 долари, кафе 10тина долари,  водни спортови од 100 долари нагоре (зависи што), вечера за двајца во ресторан од 150 долари нагоре…

tamara-martinovska-zhiveam-vo-privaten-resort-so-5-na-maldivi-tropski-raj-e-no-i-rijaliti-shou-09.jpg

На што се навикна најтешко?

Набавка на потребни лични работи и живеење на место без ноќен живот. Работење во приватен ресорт е убаво, но не е лесно бидејќи работиш и живееш на исто место кое е многу мало, со истите луѓе и 24/7 си под опсервација на менаџментот, мора да пазиш како се однесуваш цело време.

Едноставно мора да се навикнеш на островски живот бидејќи тука животот е како едно вистинско реално шоу, но барем е во тропски рај.

tamara-martinovska-zhiveam-vo-privaten-resort-so-5-na-maldivi-tropski-raj-e-no-i-rijaliti-shou-27.jpg

Пред да одиме на Малдиви што треба да знаеме?

Дека ќе уживате и насекаде околу вас ќе имате океан, дека е многу топло и влажно денски и навечер, ќе добиете одлична услуга каде и да одите и помош за сè што ќе прашате.

Овде одморите се прилично лежечки, освен ако сакате да се размрдате со водени активности или играње тенис, претежно туристите се фамилии или парови.

tamara-martinovska-zhiveam-vo-privaten-resort-so-5-na-maldivi-tropski-raj-e-no-i-rijaliti-shou-28.jpg

Топло препорачувам комбинација од одмор на локален и приватен остров, локален природен и авантуристички, па потоа малку релакс и уживање на приватен.

Доколку не сакате вода и водени активности, не доаѓајте на Малдиви. Од нашиот регион најчесто се патува преку агенции, но можна е и организација на патувањето во сопствена режија, доколку имате отприлика ориентација што и како се случува на Малдиви.

tamara-martinovska-zhiveam-vo-privaten-resort-so-5-na-maldivi-tropski-raj-e-no-i-rijaliti-shou-34.jpg

Би се вратила ли да живееш во Македонија некогаш?

Во Македонија се враќам после 9 месеци островски живот, потребно ми е малку градски живот и време со моите пријатели и фамилија.

Ќе се вратам повторно на работа на Малдиви, но не би останала да живеам засекогаш.

tamara-martinovska-zhiveam-vo-privaten-resort-so-5-na-maldivi-tropski-raj-e-no-i-rijaliti-shou-38.jpg

Повеќе фотографии на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Македонка што живее во Бразил: „Моето омилено место е островот Ilha Grande, див рај со 15-метарски в... „По неколку години живот во Бразил точно знам кое е моето омилено место... Стану...
Сандра Цветковска, фотограф на брод: „Јамајка е рај, но нема да го заборавам зип-лајнот во прашума в... Сандра Цветковска по природа е човек којшто сака да учи и истражува, па поради т...
Лаура за CRNOBELO.com: „Живеам во комбе во Австралија – ја сакам слободата, и покрај тоа што немам т... „На почетокот ми беше страв и не спиев многу добро ноќе, туширањето не е лесно, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg