Тамара Мартиновска: „Живеам во приватен ресорт со 5* на Малдиви – тропски рај е, но и реално шоу“

„Искрено, никогаш не се надевав дека ќе имам можност да живеам и работам на Малдиви. Идејата дојде откако добив понуда за работа како тренер по тенис во приватен ресорт. На тема животот на локалците, интересно е што овде 3 пати да си кажете пред сведоци дека се разведувате и веќе сте разведени, па затоа има многу разводи, а белите високи жени им се слабост на локалците“, раскажува Тамара Мартиновска (38) од Скопје, која живее на приватен остров на Малдиви, каде во луксузен ресорт работи како тениски тренер.

tamara-martinovska-zhiveam-vo-privaten-resort-so-5-na-maldivi-tropski-raj-e-no-i-rijaliti-shou-01.jpg

Тамара Мартиновска (38) од Скопје на Малдиви живее од јуни 2021 година. Таа е тренер по тенис околу 10 години, и има работено во неколку скопски клубови, член е на Тениска федерација на СРМ, јуниорски првак во повеќе категории и репрезентативец, а сега работам за „Tipsarevic Tennis Luxury“ на Малдиви.

Во интервју за CRNOBELO.com таа открива зошто токму Малдиви и како изгледа животот таму:

Зошто Малдиви како дестинација за живеење? Од каде оваа идеја?

Мислам дека Малдиви од секогаш била дестинација која сите сонуваме да ја посетиме.

Искрено, никогаш не се надевав дека ќе имам можност да живеам и работам тука. Идејата дојде откако добив понуда за работа како тренер по тенис во приватен ресорт и воопшто не се размислував, веднаш прифатив.

tamara-martinovska-zhiveam-vo-privaten-resort-so-5-na-maldivi-tropski-raj-e-no-i-rijaliti-shou-15.jpg

Зошто токму тенис, колку време се занимаваш со овој спорт?

Со тенис се занимавам од детство, бев јуниорски државен првак во повеќе категории, ја претставував државата како јуниор долго време.

tamara-martinovska-zhiveam-vo-privaten-resort-so-5-na-maldivi-tropski-raj-e-no-i-rijaliti-shou-17.jpg

Тенисот е моја љубов, подоцна во животот добив можност да работам како тренер, во што комплетно се пронајдов. Работам како тренер околу 10тина години.

Минатата година добив понуда да работам за академијата на Јанко Типсаревиќ (поранешен тенисер од Србија – место број 8 во свет) во луксузни ресорти на Малдиви каде компанијата има договори, и еве сум тука, уживам да го учам светот да игра тенис.

tamara-martinovska-zhiveam-vo-privaten-resort-so-5-na-maldivi-tropski-raj-e-no-i-rijaliti-shou-11.jpg

Зошто ти се допадна Малдиви уште на првото стапнување таму?

Тука работам од јуни минатата година и ова место за мене освен прекрасна туристичка дестинација, стана место каде научив нов начин на гледање на работите… Еден нов свет каде никој не те познава и можеш комплетно да бидеш особата која сакаш светот да ја види.

tamara-martinovska-zhiveam-vo-privaten-resort-so-5-na-maldivi-tropski-raj-e-no-i-rijaliti-shou-13.jpg

Ова е уште полесно кога се наоѓаш на рајска локација, опкружен со прекрасна тиркизна вода, палми, многу богат воден свет и сите благодати на оваа природа која ја има тука.

tamara-martinovska-zhiveam-vo-privaten-resort-so-5-na-maldivi-tropski-raj-e-no-i-rijaliti-shou-03.jpg

Зошто оваа островска држава е уникатна за живот според тебе?

Како што кажа, затоа што е островска, опкружена со преубави бои на Индискиот океан, едноставно рајот е насекаде околу.

Живеењето на острови на Малдиви е убаво, но не е лесно. Малдиви е прилично „млада“ држава, околу 50тина години самостојна, но сепак недоволно развиена како државите од Западот на кои сме навикнати.

Бидејќи се живее на острови, не е секогаш сè достапно, односно сè што ти е потребно од козметички производи, облека, лекарства, електроника итн. Мора добро да се испланира за да се набави.

tamara-martinovska-zhiveam-vo-privaten-resort-so-5-na-maldivi-tropski-raj-e-no-i-rijaliti-shou-20.jpg

На почетокот ми беше тешко и чудно дека не можам во секое време да си ги набавам потребните производи, но потоа се навикнав да ги планирам работите и научив многу повеќе да ги ценам работите бидејќи не се лесно достапни. Тоа го прави животот уникатен овде, сите се опуштени, никаде не се брза, кога врне дожд животот си тече нормално.

Нас градот малку нè расипува и нè прави размазени, што искрено почна доста да ми пречи во последно време.

tamara-martinovska-zhiveam-vo-privaten-resort-so-5-na-maldivi-tropski-raj-e-no-i-rijaliti-shou-14.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Македонка што живее во Бразил: „Моето омилено место е островот Ilha Grande, див рај со 15-метарски в... „По неколку години живот во Бразил точно знам кое е моето омилено место... Стану...
Сандра Цветковска, фотограф на брод: „Јамајка е рај, но нема да го заборавам зип-лајнот во прашума в... Сандра Цветковска по природа е човек којшто сака да учи и истражува, па поради т...
Лаура за CRNOBELO.com: „Живеам во комбе во Австралија – ја сакам слободата, и покрај тоа што немам т... „На почетокот ми беше страв и не спиев многу добро ноќе, туширањето не е лесно, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg