Крушево низ објективот на Ана Петроска: „Зошто топло ви го препорачувам овој град за викенд посета?“

„По утринското кафе со неверојатен поглед, ви препорачувам прошетка, која започнува од центарот на градот, продолжува до скијачкиот центар и може да финишира на Крушевско Езеро и на Гумење. И, се разбира, некој од превкусните крушевски специјалитети...“, раскажува Ана Петроска (24) од Скопје за нејзиното омилено Крушево.

krushevo-niz-objektivot-na-ana-petroska-zoshto-toplo-vi-go-preporachuvam-ovoj-grad-za-vikend-poseta-01.jpg

Ана Петроска (24) од Скопје e вљубеничка во фотографијата, која вели дека најголема инспирација за фотографирање ѝ е убавината на градовите низ Македонија, а особено на нејзиното омилено Крушево, кое го посетува во секој слободен миг.

Таа за CRNOBELO.com открива дека развила голема љубов кон фотографијата, а своето знаење се труди да го подобри секој ден. Нејзина официјална страница на социјалните мрежи на која ги споделува фотографиите е Ana’s photos – justaphoto.аp.

Ана за CRNOBELO.com ни го доловува Крушево низ нејзините искуства и фотографии:

„Градовите низ Македонија се неизмерна инспирација за фотографија за мене. Најголемиот дел од моите фотографии се од Крушево каде што поминувам многу време, а самиот град нуди одлични можности за фотографија во текот на целата година.

ana-petroska-krushevo-e-mojot-omilen-grad-vo-makedonija-zoshto-toplo-vi-go-preporachuvam-za-vikend-poseta-02.jpeg

Ова лето Крушево беше одлично место за одмор, прошетка, запознавање со историјата, традицијата и културата, вкусување на крушевската кујна и многу други искуства кои ги претставувам преку моите фотографии.

ana-petroska-krushevo-e-mojot-omilen-grad-vo-makedonija-zoshto-toplo-vi-go-preporachuvam-za-vikend-poseta-33.jpeg

Еден викенд во Крушево може да биде лесно пополнет со активности и истиот додека трепнете ќе помине.

ana-petroska-krushevo-e-mojot-omilen-grad-vo-makedonija-zoshto-toplo-vi-go-preporachuvam-za-vikend-poseta-17.jpeg

Препорачувам денот да започне со утринско кафе. Ако имате добар поглед од тераса кафето може да биде домашно, но секогаш имајте на ум да испиете кафе во локалните места каде што покрај убавиот вкус ќе добиете поглед, природа, свежина.

ana-petroska-krushevo-e-mojot-omilen-grad-vo-makedonija-zoshto-toplo-vi-go-preporachuvam-za-vikend-poseta-10.jpeg

ana-petroska-krushevo-e-mojot-omilen-grad-vo-makedonija-zoshto-toplo-vi-go-preporachuvam-za-vikend-poseta-07.jpeg

По освежувањето и расонувањето прошетка е нешто што треба да следи. Природата околу Крушево е исполнета со патеки кои ќе ви овозможат дружба со крушевската корија, чистиот воздух и мирот.

ana-petroska-krushevo-e-mojot-omilen-grad-vo-makedonija-zoshto-toplo-vi-go-preporachuvam-za-vikend-poseta-18.jpeg

Омилена ми е прошетката кон ски центарот, место кое во лето станува сè попопуларно заради авантуристичкиот парк.

ana-petroska-krushevo-e-mojot-omilen-grad-vo-makedonija-zoshto-toplo-vi-go-preporachuvam-za-vikend-poseta-16.jpeg

Прошетката која започнува од центарот на градот, продолжува до скијачкиот центар и може да финишира на Крушевско Езеро и на Гумење.

ana-petroska-krushevo-e-mojot-omilen-grad-vo-makedonija-zoshto-toplo-vi-go-preporachuvam-za-vikend-poseta-20.jpeg

ana-petroska-krushevo-e-mojot-omilen-grad-vo-makedonija-zoshto-toplo-vi-go-preporachuvam-za-vikend-poseta-24.jpeg

Езерото е едно од најпосетените места во Крушево. Препознатливо е кај најголемиот дел од гостите кои доааѓат тука.

ana-petroska-krushevo-e-mojot-omilen-grad-vo-makedonija-zoshto-toplo-vi-go-preporachuvam-za-vikend-poseta-12.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кика од Скопје за престојот во Куба: „Локалците се намачени, платите се прениски, но Хавана има душа... „Платите се екстремно мали, а и кога имаат малку пари за да си дозволат храна, с...
Мане и Ана од Велес, пар кој кампува низ Македонија: „Најнеобично ноќевање ни беше на Галичица, наше... „Со Арон сме посигурни во моменти кога сме сами во некоја шума, го регистрира се...
Ана е во брак со фудбалерот Чума Анене: „Се запознавме во Скопје, а сега водиме ‘живот во куфери’ – ... „Се запознавме пред 7 години во Скопје, тој играше фудбал во ФК Работнички, но п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg