Стефан Савевски: „Во Индија моите прашања се продлабочија на начин на кој вистината стана единствен авторитет во мојот живот“

После сè ова што го сподели, верувам дека на многумина ги заинтегрира за „Иша“ Јога Центарот. Можеш ли да ни откриеш нешто повеќе за местото кое претставува збирно место на различни култури и луѓе од целиот свет?

Во „Иша“ Јога Центарот живеат околу 4.000 – 5.000 луѓе кои наизменично доаѓаат и си одат, некои остануваат подолго, некои пократко.

Мојата програма броеше околу 1.200 луѓе кои беа дојдени од целиот свет и имав можност да запознаам луѓе од секаков тип, со најфасцинанти приказни.

Најзачудувачки беше како толку различности, толку многу култури на едно место, а сепак сите работи функционираа беспрекорно, навидум хаотично, но всушност многу ефективно.

Секој од нас беше поставен да волонтира на одредено место како дел од програмата или она што тие го викаат „Сева“.

Ова беше многу клучен дел од целата програма кој ми овозможи да се запознаам себеси на многу подлабоко ниво и да откријам работи за себе кои претходно иако беа постојано присутни, не сум можел да ги забележам или биле прифатени како „нормални“ во моето окружување.

Иако постоеше момент на социјализација, сепак не беше охрабруван бидејќи главната цел на луѓето кои доаѓаат таму е патувањето кон внатре и секој го почитуваше тоа максимално.

Во тој контекст исто така беа одвоени и местата за спиење и престој, односно мажите престојуваа во еден дел од центарот, а жените во друг.

Секако преку ден функциониравме сите заедно, но исто така и овој тип на социјализација не беше охрабруван.

На прашањето Зошто? – затоа што многу луѓе сме одвоиле скоро 1 година од своите животи за да можеме да го истражуваме и уредуваме својот внатрешен живот на најпогодното место на светот за таа работа и не треба да го губиме фокусот на други работи кои можеме да ги правиме каде било на светот.

stefan savevski vo indija moite prasanja se prodlabocija na nacin na koj vistinata stana edinstven avtoritet vo mojot zivot 16

Уникатноста на местото се чувствуваше и гледаше на секој чекор. Секое делче е внимателно дизајнирано за да не поддржи на нашето внатрешно патување на начини кои ги разбираме и не ги разбираме, 50% од електричната енергија во центарот доаѓа од обновливи извори на енергија и е вистинска утопија во секој поглед.

Одредените простори и простории за медитација и јога практики имаа атмосфера која е многу тешко да се опише со зборови бидејќи дефинитивно имаше некаква магија таму која нè носеше во медитативни состојби и нè поддржуваше во она што го правевме, но не знам дали некогаш вистински ќе ја разбереме, можеме само да ја чувствуваме.

Широкиот спектар на индиската кујна дури и најпребирливите ќе ги натера да се препуштат на дегустирање на различни вкусови и комбинации. Стефан како ти се навикна на нивната храна и постоеше ли некој посебен режим на исхрана?

Храната која се подготвуваше за сите кои престојуваа во центарот беше превкусна и веројатно најздравиот избор кога станува збор за што е она што му одговара на нашето тело кога сме на ова внатрешно патување.

Целосно вегетаријански оброци кои вклучуваа свежо овошје и зеленчук, неколку типови ориз и просо, разни индиски специјалитети кои беа приспособени да не се лути и зачинети како оригиналните рецепти, оризово млеко, кокосово млеко, разни смутиња или како што ги нарекуваат таму – канџи, чија содржина варираше од манго и кокос до ориз и просо.

Сè беше зготвено на пареа, а многу ретко, најчесто само за прослави, имаше пржена храна во мали количини. Храната беше во неограничена количина.

stefan savevski vo indija moite prasanja se prodlabocija na nacin na koj vistinata stana edinstven avtoritet vo mojot zivot 6

Како се стекнуваше со нови практики?

Најважниот дел беа јога практиките. Хата јога практики – пофизичкиот дел на јогата, тоа се оние асани и позиции кои ги правиме по одреден редослед и начин, па потоа имавме крија јога практики кои се фокусираат повеќе на суптилните аспекти на нашето тело, ум, емоции и енергии преку дишење и неколку други техники.

Кога се изучуваа практиките, тоа се правеше во специјално дизајнирани сали за таа намена, во строго контролирани услови и дисциплина која на почетокот се бараше од сите учесници, потоа веќе немаше потреба бидејќи секој брзо научи колку е важна атмосферата и дисциплината при пренесувањето на практиките и дека не треба да се наруши поради што било.

stefan savevski vo indija moite prasanja se prodlabocija na nacin na koj vistinata stana edinstven avtoritet vo mojot zivot 15

Имаше ли невообичаени практики?

Покрај секојдневните практики, тука беа и периодите од неколку дена кои можевме да ги поминеме во тишина без никаква интеракција вербална или невербална, дури и без никаков контакт со очи со кој било, а сепак можевме да функционираме комплетно бидејќи добивавме значка во боја на која пишуваше „Тишина“ и така сите луѓе знаеја дека не треба да му се обраќаат или да пробуваат да комуницираат со носителот на значката на каков било начин. Иако навидум звучи едноставно да си во тишина неколку дена, апсолутно не е и не пробувајте го ова дома ако немате соодветна подготовка.

stefan savevski vo indija moite prasanja se prodlabocija na nacin na koj vistinata stana edinstven avtoritet vo mojot zivot 3

Кој стои зад „Иша“ јога центарот и постојат ли други центри каде луѓето можат да престојуваат и да изучуваат јога практики?

Сето ова немаше да биде возможно за мене и за милиони луѓе низ целиот свет кои ги практикуваат овие практики и волонтираат во работата на фондација „Иша“ доколку не беа создадени и споделени од Јаги Васудеев – Садгуру, јогин, визионер, мистик. Човекот кој го создаде овој мини-град од ништо и го смени животот на многу луѓе.

stefan savevski vo indija moite prasanja se prodlabocija na nacin na koj vistinata stana edinstven avtoritet vo mojot zivot 14

Во моментов има уште два јога центри, во САД и во Бенгалур, а ќе се отвораат уште. Кога си во негово присуство, едноставно знаеш дека е тој таму и тоа не може да се објасни со зборови.

Имавме често средби со него и на секоја средба не пропушташе „да ни ја растресе земјата под нозе“ и да ги сруши нашите илузии за реалноста и да ни покаже во кој правец треба да одиме, без да ни каже што треба да видиме, како на оние зен мастери кои сме ги гледале на телевизија или читале по книги.

Никогаш не прифаќав авторитет во животот, па ни сега, ама она што гледам дека функционира за мене го правам без да барам дозвола од некој.

stefan savevski vo indija moite prasanja se prodlabocija na nacin na koj vistinata stana edinstven avtoritet vo mojot zivot 5

Многу луѓе ме прашаа дали сум сега Хинду или на која религија припаѓам сега, а јас секогаш се смеам без исклучок на прашањето. Никогаш не сум бил религиозен, а на местото каде што бев во Индија, бев да ја изучувам и практикувам јогата како суптилна наука за благосостојбата на живеењето сега, во овој единствен момент, a не каква било религија.

Дали ги најде одговорите на твоите прашања?

Ако на крајот треба да кажам дали најдов одговор на моите прашања, одговорот е НЕ. Но, моите прашања се продлабочија на начин на кој вистината стана единствен авторитет во мојот живот, радоста и екстатичноста се моето ново нормално и се ослободив од едно чудо ограничувања кои ги имав насобрано во животот.

Сега можам да кажам дека живеам потполно и знам како да ги управувам своите тело, ум, емоции и енергија.

Веројатно никогаш порано не би напишал толку отворен текст, но сега не само што немам проблем туку и имам голема желба да споделам колку што можам од оваа радост што ја најдов со сите оние кои можеби си ги поставуваат истите прашања како мене или цикличноста на нашиот живот ги притиска во аголот на вистината.

Или, пак, едноставно луѓе кои сакаат да го истражуваат животот на нов начин од нам досега познатите.

Да, постојат и други.

Секој што има какви било прашања, сака да проба некаква практика или можеби размислува за да појде во „Иша“ Јога Центарот може слободно да ме контактира на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или да ме заследи на Инстаграм каде често споделувам интересни содржини на оваа тема.

stefan savevski vo indija moite prasanja se prodlabocija na nacin na koj vistinata stana edinstven avtoritet vo mojot zivot 4

Помина една година во Индија на едно посебно и волшебно место, пред да ни кажеш повеќе за тоа, можеш ли да ни раскажеш кој беше Стефан пред да замине во Индија?

Моето име е Стефан Савевски, роден во Скопје во 1992 година и како мал сакав да бидам астронаут. До 13 години живеев и израснав во Хиподром, во предградието на Скопје, а кога завршив основно училиште се преселив во Карпош 4, на другата страна на градот во комплетно нова средина и помеѓу нови луѓе.

Бидејќи сè уште не го знаев „вистинскиот“ одговор на прашањето „што ќе бидам кога ќе пораснам“ се запишав во гимназијата „Георги Димитров“ како најнеутрален избор со најмногу професионални можности подоцна.

Додека бев во средно училиште испробував многу работи кои ме интересираа: јавно говорење, симулации на судење, свирење клавијатура во бенд, компонирање музика, снимање рап песни, разни спортови, бегање од часови и слични активности.

Меѓу другото додека бев во основно училиште паралелно завршив и нижо музичко училиште со клавир како главен инструмент.

stefan savevski vo indija moite prasanja se prodlabocija na nacin na koj vistinata stana edinstven avtoritet vo mojot zivot 20

Кога дојде време за запишување на факултет повторно немав одговор на прашањето „што сакам да бидам кога ќе пораснам“, но овојпат знаев дека сакам да имам простор за креативно изразување во она што ќе го правам.

Првичната идеја ми беше да студирам звучен инженеринг, но по краток период сфатив дека ми треба нешто што ќе биде финансиски поиздржано или барем така мислев тогаш.

Па така, упатувајќи се кон Економскиот факултет ја избрав насоката Маркетинг, од која ќе можам да заработувам добро и ќе можам креативно да се изразам.

Брзо по запишување на Економскиот факултет во Скопје се приклучив кон студентската организација АИЕСЕК и имав можност да работам со прекрасни луѓе на водење на проекти и тимови, волонтирање со активности кои освен што правеа нешто добро за средината, ми помагаа и мене да научам повеќе и да пораснам на различни начини, меѓу другото и да се дружам со луѓе кои доаѓаа од најразлични краишта на светот.

stefan savevski vo indija moite prasanja se prodlabocija na nacin na koj vistinata stana edinstven avtoritet vo mojot zivot 19

Токму ова искуство ми овозможи уште пред да завршам со студиите да се вработам во една од поуспешните маркетинг агенции во Македонија како акаунт менаџер и меѓу први клиенти да ги имам еден од телекомуникациските оператори во земјата и еден познат бренд на автомобили, на возраст од 22 години.

Иако работев сè и сешто и имав можност да учествувам во креирањето на некои од најголемите кампањи во Македонија, сепак после некое време се заситив од работата и барајќи излез од рутината се приклучив како волонтер на настан кој доаѓаше директно од НАСА, а се одржуваше во мојот град, да не речам во моето маало.

Иако на почетокот бев скептик дека навистина се работи за настан на НАСА, навистина беше настан за иновации и нови технологии на НАСА кој се случуваше низ целиот свет, a и во Македонија.

stefan savevski vo indija moite prasanja se prodlabocija na nacin na koj vistinata stana edinstven avtoritet vo mojot zivot 12

Три месеци подоцна добив понуда да работам како оперативен менаџер на компанијата која го организираше настанот и започнав со работа на многу интересни и несекојдневни проекти кои ги креирав јас или бев директно вклучен во нивното креирање.

Еден од поинтересните проекти беше организирање на настани за вселенски иновации за Европската и Француската вселенска агенција, за првпат, на 5 локации во САД, како и посетата на НАСА вселенскиот центар во Кејп Канаверал за лансирање на ракета на SpaceX.

Ако како мал сакав да бидам астронаут, ова е најверојатно најблиску што можеше да се случи.

После 3 години неуморна работа на најразлични предизвикувачки проекти почувствував дека ми треба одмор и решив да поминам неколку месеци без да работам, ниту да барам нова работа додека не ми се сталожат и кристализираат идеите за тоа што сакам да правам понатаму.

Секако, одмор ми беше и повеќе од потребен бидејќи темпото на работа и активности кои ги имав бараа целосен фокус и големи количества енергија.

stefan savevski vo indija moite prasanja se prodlabocija na nacin na koj vistinata stana edinstven avtoritet vo mojot zivot 11

Иако добро го користев времето за одмор, сепак во глава ми поминуваа некои прашања, како на пример, после сите овие интересни проекти дали воопшто постои компанија која би ги исполнила моите (сега веќе високо поставени) стандарди за „интересни“ проекти, дали сега е моментот да отворам своја компанија, дали имам доволно волја за тоа…?

Ова беа само површинските прашања кои всушност ја поставуваа основата за она што следеше.

Во меѓувреме почнав секојдневно да практикувам водени медитации кои ми носеа одредена јасност.

Уште од средно училиште имав практикувано разни типови медитации и секогаш добро ми влијаеле, но никогаш не сум ги правел на подолг период.

stefan savevski vo indija moite prasanja se prodlabocija na nacin na koj vistinata stana edinstven avtoritet vo mojot zivot 10

Некако дојдов до заклучок дека можеби треба да се ориентирам повеќе кон создавање на капитал, но немав јасна визија за тоа што ќе се случува и решив да не брзам со одлуките.

Наскоро добив повик од маркетинг агенцијата каде што работев порано нудејќи ми можност за менаџерска позиција во нафтена компанија која ја прифатив без многу размислување.

Нови почетоци и нов лист во животот, малку посмирена работа со горе-долу утврдено работно време, своја канцеларија во близина на мојот дом, повторно менаџерска позиција и одредени придобивки кои одат со неа.

Иако навидум се изгледаше супер, сепак некои прашања се кристализираа во мене, а немањето одговор стануваше сè потешко да се носи од ден на ден.

stefan savevski vo indija moite prasanja se prodlabocija na nacin na koj vistinata stana edinstven avtoritet vo mojot zivot 9

Тука ќе мора да го завршиме разговорот. Како за крај можеш ли да споделиш некоја моќна, но едноставна практика што читателите би можеле да ја испробаат?

Кратка водена медитација која може да ја пробате, трае 15 минути и е најдобро да се прави изутрина после туш, а пред појадок:

stefan savevski vo indija moite prasanja se prodlabocija na nacin na koj vistinata stana edinstven avtoritet vo mojot zivot 13

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Битолчанката Дивна 13 години работи на брод: „Од аниматор за деца стигнав до директор на одделот, Ма... „Со оглед дека во Македонија беше тешко да се добие работна позиција по завршува...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg