„Ја посетив Кина, летав од Скопје до Виена и од таму до Пекинг – каков впечаток ми остави оваа земја?“

Гуижоу

После тоа, со авион од Пекинг, заминавме во провинцијата Гуижоу и главниот град Гујанг.

Bev-vo-Kina-zemja-na-magijata-i-chudnite-kombinacii-na-hrana-11.jpg

Гуижоу е провинција без излез на море во југозападниот регион на Народна Република Кина. Нејзин главен град и најголем град е Гујанг, во центарот на провинцијата.

Ја посетивме оваа провинција на крајот од патувањето; односно последната седмица. И ова беше мојот омилен дел. Природа, чист воздух, здрава храна и многу весели луѓе.

Многу ретко се задржувавме во градот. Само еден ден беше посветен да го посетиме Националниот парк Кјанлинг (што впрочем е и планина). Во планината Кјанлинг живеат многу диви мајмуни и може да се каже дека тие се вистинските сопственици на планината.

Мајмуните се од видот макаки, кои се заштитени од Државниот степен II и се еден од најчестите типови мајмуни во природата. Мајмуните се многу палави и може да украдат храна и пијалоци од рацете на туристите, па затоа најдобро е целата храна да ја ставите во вашата торба.

Bev-vo-Kina-zemja-na-magijata-i-chudnite-kombinacii-na-hrana-12.jpg

И ние имавме мала незгода, кога еден од мајмуните изгреба еден член од нашата група, која мораше итно да замине да прими вакцина.

Последните денови ги поминавме во посета на разните водопади во оваа Провинција (Хуангошу, Дупотанг, и многу други).

Bev-vo-Kina-zemja-na-magijata-i-chudnite-kombinacii-na-hrana-13.jpg

Здивот ти се одзема од природата. Како да беше отсечок од некој кинески фантастичен филм со боречки вештини; како разгледница; како слика на платно. Не беше реално. Дури и денес кога си ги гледам фотографиите не ми изгледаат реално.

Bev-vo-Kina-zemja-na-magijata-i-chudnite-kombinacii-na-hrana-14.jpg

Во оваа провинција патувавме со автобус. Така најубаво може да се доживее Кина. Посебно место во моето срце доби областа Ванфенглин, со нејзините прекрасни ридчиња и мали селца.

Bev-vo-Kina-zemja-na-magijata-i-chudnite-kombinacii-na-hrana-15.jpg

Во текот на патувањето, некако потсвесно се надевав да не налетаме на следното нешто. Но ете, како да сакало да нѐ поздрави на крај, вакумирано, во продавница на бензинска пумпа. Кучешко месо.

Bev-vo-Kina-zemja-na-magijata-i-chudnite-kombinacii-na-hrana-16.jpg

Тоа беа три седмици исполнети со културен шок (скоро секој ден), разновидна храна која за нас не е сфатлива, преубава природа (величествени водопади, зелени ридови, прекрасни долини), стари градби, и многу интересен народ.

Bev-vo-Kina-zemja-na-magijata-i-chudnite-kombinacii-na-hrana-17.jpg

Имав многу голема среќа да појдам на вакво патување во Кина. И се надевам дека секој еден од вас ќе има шанса да појде на овој далечен Исток.

Топло ја препорачувам Кина секому, а посебно јужниот дел односно провинцијата Гуижоу. Тоа е такво катче на оваа планета, што мора да се посети. Настрана сите работи кои не ни се познати нас, доволно е да се посети за природата. Тоа е доволно да ве промени. Како што ме промени и мене.

Bev-vo-Kina-zemja-na-magijata-i-chudnite-kombinacii-na-hrana-18.jpg

По патот накај дома, не можев а да не помислам на сите убавини на оваа планета. Колку има да се посети. Колку има само да се види. А животот прекраток. Но мора. Мора. 

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Кирил Ангелов | Црнобело



Би можело да ве интересира:

На одмор со Даниел Данн во Атина: „Бев сам 8 дена, плажите се убаво организирани - кафе е од 3€, леж... „Сместувањето буквално го резервирав истиот ден додека возев кон Атина. Но, врв ...
На одмор со Таско во Врасна: „Мирно е, идеално за со мали деца, бевме сместени на 20m од плажа“ „Децата не сакаат да пливаат, претпоставувам дека кога ќе видат толкава површина...
На одмор со Илија од Скопје на Тасос: „Бев сместен во две гратчиња, траект чинеше 8€ по лице“ „Морето на Тасос е прекрасно, со многу чиста и бистра вода. Она што најмногу ми ...
Славица со семејството 2 месеци беше во Тајланд: „Има совршен оброк за 100 денари, но во ресторан со... „Животот во Тајланд започна со две болни деца, од прв ден, и ова не е некој доба...
На одмор со Миро Кацаров во Калитеа: „Бевме со моите родители и со децата – мајка ми готвеше, не шет... „Секоја година имаме традиција, во јуни одиме на одмор со мајка ми, татко ми и д...
На одмор со Кристина Арнаудова на Мајорка: „Островот е пречист, но плажите не ме воодушевија“ „Беше полноќ кога пристигнавме, па не сфативме како изгледа околината, но затоа ...

Најчитани неделава