„Животот на екипажот зависи многу од самиот брод, дали е нов или стар. Доколку е нов бродот, тогаш генерално има многу повеќе простор за екипажот, подобар фитнес-центар, посреден ресторан итн. Но, квалитетот на животот зависи и од позицијата, а условите за живот се многу подобри ако работиш како офицер“, вели Александра Цветковска (32) од Скопје за CRNOBELO.com.