„Природа, мир, чист воздух, кој не би посакал тоа? Планинскиот велосипедизам сам по себе си носи авантура, истражуваш нови места, уживаш во поглед додека се искачуваш... Од опремата најважна е кацигата, ова го кажувам од искуство. Сум паѓал, сум се судрил со автомобил и сум завршил на хауба, кацигата ме спасила. Исто така, без резервна гума и алат, вода и благо не се поаѓа на велосипедска тура“ - раскажува за CRNOBELO.com Небојша Никлевски од Тетово.