Андреа Јосифова за зимскиот одмор на Тенерифе: „Беше 25°C, идеално е за со деца“

„Доколку барате топла дестинација во зима која е лесна за организирање и не толку далечна, дефинитивно Канарските Острови се одличен избор“ – ни раскажа Андреа, сопругата на актерот Жарко Димовски.

andrea-josifova-za-zimskiot-odmor-na-tenerife-beshe-25-c-prirodata-e-prekrasna-zajdisoncata-magichni-01.jpg

Тие зимскиот одмор во јануари годинава, заедно со малиот Вито го поминаа на Тенерифе, а за CRNOBELO.com, Андреа ги сподели нивите впечатоци и искуството од патувањето.

„Идејата за Тенерифе потекна главно од мене, со тоа што барав дестинација која не е толку далечна и нема менување на летови бидејќи патувавме со 5-месечно бебе, односно сѐ да е во полза на удобноста - за нас и бебето.

Директен лет најблиску може да се најде од Будимпешта, па, со оглед на тоа дека живееме во Белград, ни требаа три часа со кола до таму. Останавме два дена да го прославиме и Божиќ, да прошетаме, па потоа се качивме на 5-часовен лет до јужниот аеродром на Тенерифе.

Летовите се многу чести од Будимпешта, скоро секој ден, и многу лесно се организира целиот одмор“, открива Андреа.

andrea-josifova-za-zimskiot-odmor-na-tenerife-beshe-25-c-prirodata-e-prekrasna-zajdisoncata-magichni-05.jpg

Во продолжение, Андреа открива повеќе детали за патувањето:

Раскажи ни малку повеќе околу сместувањето, времето во овој период од годината, дали е погодна локацијата за патување со бебе...

Сакавме да видиме што повеќе, па, така го поделивме сместувањето - 4 дена во Hard Rock хотелот и уште 4 во Gran Melia Palacio dе Isora.

andrea-josifova-za-zimskiot-odmor-na-tenerife-beshe-25-c-prirodata-e-prekrasna-zajdisoncata-magichni-07_1.jpg

Меѓусебно се оддалечени околу 20km на јужниот дел од островот, во областа Costa Adeje и се навистина прекрасни.

Eдниот хотел е модерен, жив, полн со збиднувања, додека другиот е многу помирен и природата таму не се опишува.

andrea-josifova-za-zimskiot-odmor-na-tenerife-beshe-25-c-prirodata-e-prekrasna-zajdisoncata-magichni-09.jpg

Канарските Oстрови се познати и како острови на вечната пролет. Преку целата година дневните температури се многу пријатни, достигнуваат до 27°C, 28°C максимум во зимските месеци.

andrea-josifova-za-zimskiot-odmor-na-tenerife-beshe-25-c-prirodata-e-prekrasna-zajdisoncata-magichni-10.jpg

Температура која нас ни се погоди, беа константни 25°C. Идеално за прошетка или поминато време на базен, идеално и за сончање цел ден без да почувствуваш топлина или мачење на сонце.

Буквално заборавивме дека е јануари и на крај соочувањето со реалноста беше навистина тажно.

andrea-josifova-za-zimskiot-odmor-na-tenerife-beshe-25-c-prirodata-e-prekrasna-zajdisoncata-magichni-07.jpg

Островот е многу погоден за мали деца и бебиња, многу од хотелите имаат и детски базени и детски активности.

Природата, мирисот на океанот, прекрасната клима, придонесуваат многу за здравјето и забележавме дека Вито многу порано и полесно заспиваше, климата премногу годи на сите генерално.

andrea-josifova-za-zimskiot-odmor-na-tenerife-beshe-25-c-prirodata-e-prekrasna-zajdisoncata-magichni-16.jpg

Успеавте ли да го прошетате целиот остров, како се превезувавте? Кои се активностите кои ги препорачувате на секој кој сака да го посети Тенерифе?

За подобро да го запознаеме островот, изнајмивме кола. Тоа е многу честа навика на сите туристи поради тоа што сѐ е оддалечено од околу 1 до 2 часа со кола и цените за изнајмување автомобил се навистина поволни.

Градскиот превоз не им е добро регулиран, често доцни, таксињата се многу скапи, па затоа оваа опција е најдобра.

Локалните гратчиња кои ги посетивме се навистина живописни, со многу продавници од познати брендови и премногу ресторани и барови.

andrea-josifova-za-zimskiot-odmor-na-tenerife-beshe-25-c-prirodata-e-prekrasna-zajdisoncata-magichni-02_1.jpg

Од активности кои може да се прават на островот би го издвоила качувањето на вулканот Теиде, кој е активен и има организирани тури за негова посета.

Самата местоположба го прави островот еден од најдобрите места за гледање ѕвезди. Навечер се собираат групи и, едноставно, уживањето може да почне.

Би издвоиле и посета на многу плажи, најчесто со црн песок поради вулканската област.

andrea-josifova-za-zimskiot-odmor-na-tenerife-beshe-25-c-prirodata-e-prekrasna-zajdisoncata-magichni-04_1.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
Моника и Никола патуваа од Скопје до 3 грчки острови со скутер: „Поминавме 1.800km, ни се запали куф... „На пат кон Атина имавме мало патешествие, кое за среќа нè чинеше само 2 изгорен...
Бетика, Ледената Македонка за посетата на Занзибар и Кенија: „Секаде патував сама и се чувствував бе... „Запознав многу локалци во Занзибар, им се восхитував на позитивната енергија шт...
Мери Јаневска: „Сиропиталиштето за слонови ми беше едно од најубавите места во Шри Ланка, а патување... „За македонски државјани за влез во Шри Ланка е задолжителна виза којашто се вад...
Ива од Скопје за одморот на Малдиви со две мали деца: „Сменивме 3 авиони и глисер, патот е напорен, ... „Патувавме скоро 24 часа, летавме од Белград, сменивме 3 авиони и плус глисер до...
Сања Мишковски за одморот на Тасос: „Бевме сместени во Скала Потамиа, островот има рајски плажи, а д... „Патувањето до Тасос воопшто не е напорно. Од Скопје се патува околу 5 часа со а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg