„Беше полноќ кога пристигнавме, па не сфативме како изгледа околината, но затоа кога се разбудивме, погледот беше фасцинантен, како разгледница од Мајорка - секаде наоколу море и палми! Бевме 8 дена, мислев дека ќе е доволно за да се прошета островот, ама ни требаа барем уште 8 дена за да видиме сè“ - вели за CRNOBELO.com, Кристина Арнаудова, која летуваше со семејството на познатиот остров.