Теодора од Скопје беше во Дубаи со тодлер и бебе: „Ме плашеше летот со 2-месечно бебе, Дубаи е рај за деца“

„Нашата мала тајна за лесно патување со деца е - ноќни летови. Секогаш кога патуваме на подолги дестинации, се трудиме да избереме термини кога природно ќе им дојде време за спиење. Така и овој пат, летот беше навечер, што се покажа совршено“, ја започнува својата приказна за престојот од 20 дена во Дубаи со деца Теодора од Скопје, UI/UX дизајнер.

teodora-od-skopje-beshe-vo-dubai-so-todler-3-i-bebe-mi-izgledashe-predizvikuvachki-letot-so-2-mesechno-bebe-no-pomina-odlichno-01.jpg

Теодора (29) e мајка на две момчиња, тодлерот Давид (3 и пол години) и бебето Дарин (3 месеци), која успешно балансира меѓу семејниот живот и професионалната страст.

По професија е UI/UX дизајнер, а покрај тоа е и сопственик на мал бизнис посветен на внимателно одбрани детски играчки.

Теодора верува во значењето на креативната игра и квалитетното време со децата – инспирација која ја носи и низ секојдневието и низ патувањата кои ги обожава со своето семејство.

Патувањата се нивната најголема мотивација и извор на идеи, и токму тие ја водат напред и како мајка и како креативец.

Теодора за CRNOBELO.com споделува детали за нивното патување во Дубаи:

Што ве поттикна да го одберете Дубаи како дестинација за семејно патување и колку време престојувавте таму?

Одлуката за Дубаи дојде речиси природно.

Ова ми беше веќе четврто патување таму, а трето заедно со децата.

Дубаи е едно од оние места каде што едноставно сакаш повторно да се вратиш. Безбедноста, чистотата, гостопримливоста, разновидноста на содржини - сето тоа го прави идеална дестинација и за мирен семеен одмор и за поактивна авантура.

teodora-od-skopje-beshe-vo-dubai-so-todler-3-i-bebe-mi-izgledashe-predizvikuvachki-letot-so-2-mesechno-bebe-no-pomina-odlichno-05.jpg

Имаме некоја негласна желба или можеби веќе и традиција еднаш годишно или барем секоја втора година да му се навратиме.

Овојпат останавме подолго, цели 20 дена. Првата половина беше посветена на релаксација покрај плажа, додека во втората веќе го засиливме темпото со активности, истражување и забавни семејни моменти.

Тоа е убавината на Дубаи - секогаш може да го обликуваш одморот според тоа што ти треба во тој момент.

teodora-od-skopje-beshe-vo-dubai-so-todler-3-i-bebe-mi-izgledashe-predizvikuvachki-letot-so-2-mesechno-bebe-no-pomina-odlichno-18.jpg

Колку месеци имаше помалото дете, односно бебето, кога патувавте и како го поднесе летот?

Кога патувавме, Дарин имаше точно 2 месеци. Искрено, имавме големи резерви дали е вистински момент за патување со толку мало бебе - особено бидејќи сè уште имаше грчеви и беше во типичната фаза на новороденче.

Бевме спремни на многу плачки. Но, Дарин супер нè изненади - во најпозитивна смисла!

Рутата ни беше Скопје – Истанбул – Дубаи со FlyDubai, со совршена конекција – немавме ни 5 минути пауза меѓу летовите, буквално мораше да трчаме.

Но, Дарин не ни почувствува ништо од таа брзина - летовите ги преспа цели.

Се будеше само да цица и веднаш повторно заспиваше. Летот од Истанбул до Дубаи трае околу 5 часа, но за него тоа беа 5 часа спокој.

teodora-od-skopje-beshe-vo-dubai-so-todler-3-i-bebe-mi-izgledashe-predizvikuvachki-letot-so-2-mesechno-bebe-no-pomina-odlichno-11.jpg

Што беше клучно за децата да бидат мирни при авионскиот лет?

Нашата мала тајна за лесно патување со деца е - ноќни летови.

Секогаш кога патуваме на подолги дестинации, се трудиме да избереме термини кога природно ќе им дојде време за спиење. Така и овојпат – летот беше навечер, што се покажа совршено.

Давид, нашиот постар син, беше воодушевен од самото искуство. Возбудата му беше огромна.

Сам сакаше да се врзе, да седи покрај прозорец, да го доживее авионското возење.

teodora-od-skopje-beshe-vo-dubai-so-todler-3-i-bebe-mi-izgledashe-predizvikuvachki-letot-so-2-mesechno-bebe-no-pomina-odlichno-10.jpg

Но по 30-тина минути, кога првичната возбуда стивна, сам побара да се спреми за спиење.

Не носевме ни играчки, ни други реквизити. И тоа се покажа како полн погодок.

И Давид, и бебето Дарин, спиеја речиси цел лет. Искрено, не очекувавме вака лесно да помине, но навистина беше беспрекорно и мирно искуство.

teodora-od-skopje-beshe-vo-dubai-so-todler-3-i-bebe-mi-izgledashe-predizvikuvachki-letot-so-2-mesechno-bebe-no-pomina-odlichno-13.jpg

Што сè спакувавте за бебето и што ви фалеше кога пристигнавте?

За Дарин спакувавме сè што секојдневно го користиме дома – ништо повеќе, ништо помалку, а тоа е облеката.

Бидејќи патувавме во топла дестинација, фокусот беше на лесна, летна облека, однапред комбинирана по денови – тоа ми е секогаш тактика за да не носам непотребни работи.

teodora-od-skopje-beshe-vo-dubai-so-todler-3-i-bebe-mi-izgledashe-predizvikuvachki-letot-so-2-mesechno-bebe-no-pomina-odlichno-15.jpg

Во багажот беа и стандардната козметика што ја користам за него, плус дневните витамини.

Пелени носевме само за првите два дена, знаевме дека таму лесно ќе најдеме сè што ни треба. Купувавме редовно од локални маркети или аптеки без никаков проблем.

Искрено, ништо не ни фалеше. Кога однапред се размислува и се планира според реалните дневни потреби, дури и патување со бебе може да биде лесно и удобно.

teodora-od-skopje-beshe-vo-dubai-so-todler-3-i-bebe-mi-izgledashe-predizvikuvachki-letot-so-2-mesechno-bebe-no-pomina-odlichno-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Маријана живее во Прага: „Чешките парови страсно се бакнуваат среде улица, има многу Македонци - од ... „Љубовта тука се изразува во метро, во трамвај, во автобус, на улица, на културе...
Искра од Скопје за животот во Брно: „Ако дојденец стапи во брак со Чех - доаѓа љубовна полиција, Чес... „Во Македонија имаше еден долг тежок период, кога се чувствував како пеперутка н...
Го посетив замокот Голубац кој е на 5 часа возење од Скопје - Што ме импресионираше кај „скапоцениот... Го нарекуваат „скапоцениот камен“ на Србија, а многу од луѓето во регионот не зн...
Мими од Скопје за автобуската тура во Јужна Италија: „Патувавме со траект до Бари, спиевме во Неапол... „Тргнавме со комбе од Скопје, а се качивме на траект од Драч до Бари. Време...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg