Теодора од Скопје беше во Дубаи со тодлер и бебе: „Ме плашеше летот со 2-месечно бебе, Дубаи е рај за деца“
Дали користевте количка или кенгур/носилка низ градот и дали беше практично?
Овојпат тргнавме без количка. Дарин цело време беше со мене во кенгур на аеродроми и тоа беше вистински спас.
Искрено, кенгурот е must-have за секој родител, без разлика дали патува или не.
Го кажувам тоа од срце, затоа што слободата што ја дава е незаменлива.
Секако, клучно е да се избере ергономски правилен кенгур – со „М“ позиција на нозете, кој го поддржува правилното развивање на колковите на бебето, а истовремено не го оптоварува грбот на родителот.
За количка, одлучивме да изнајмиме во Дубаи, и тоа се покажа како одлична одлука.
Така што - комбинацијата од кенгур за динамични моменти и количка за подолги прошетки беше совршена формула за удобен одмор.
Дали беше лесно да најдете кашички, формула или други потребни производи таму? Како се снаоѓавте со храна за поголемото - дали проба нешто ново?
Во Дубаи – има сè и тоа 24/7. Буквално нема што нема.
Постојат многу апликации преку кои можеш да нарачаш сè што ти е потребно – пелени, козметика, храна и да ти го достават за 15–20 минути, каде и да си.
И во продавници и аптеки има огромен избор, па навистина нема причина за грижа.
Бидејќи Дарин е на ексклузивно доење, немавме потреба од формула. Но, од претходно искуство со Давид кога патувавме со него на годинка – без проблем најдовме формула во аптека.
А кога сме кај Давид… иако е дете кое сака да пробува нови вкусови, во Дубаи најголема ѕвезда му беше – лубеницата. Секојдневно, без исклучок.
Сè друго беше само дополнување.
Дали имаше добри услови за деца – игралишта, детски мени, базен?
Уф, предобро! Токму затоа Дубаи ни е честа дестинација – не само што е луксузен и модерен, туку е исклучително пријателски настроен кон деца.
Прво и основно – безбедноста. Искуство што искрено би сакала да го има и кај нас, чувството дека децата се сигурни каде и да се движиш.
Секој ресторан и кафуле има детско мени, а најчесто и мали изненадувања – боенки или сетови за цртање.
И покрај тоа што е град кој буквално е изграден среде пустина, Дубаи е неверојатно добро испланиран за семејства – има детски игралишта, паркови, базени со плитка зона, па дури и целосно посветени простори за играње низ трговски центри и хотели.
Навистина го чувствуваш тој „семеен“ дух и внимание кон децата во секој детаљ.
Дали користевте јавен превоз или такси? Како се снаоѓавте низ градот со деца?
Главно користевме такси – преку Uber или Careem – бидејќи Дубаи не е град каде што може лесно да се движиш пешки од едно место до друго.
Градот е дизајниран така што сè е широко, просторно и одлично прилагодено за семејства со колички, што многу ни олесни.
Сепак, еден ден му ја исполнивме желбата на Давид и се качивме во автоматскиот воз – оној што се движи сам, без возач.
За него тоа беше вистинско доживување – со ширум отворени очи, од првиот ред гледаше како „возот сам вози“. Прекрасен момент за паметење и доказ дека и јавниот превоз може да биде авантура за најмалите.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





