Бојан од Скопје живее на Канарски Острови: „Локалците се дружељубиви, но ненајавен не можеш да отидеш ни кај семејството“

„Тука нема толку гужви како во Македонија, никој не брза за ништо, сè е полабаво и луѓето не се нервозни“, вели Бојан од Скопје кој веќе 4 години живее на островот Гранд Канарија.

bojan-od-skopje-zhivee-na-kanarski-ostrovi-lokalcite-se-druzheljubivi-no-nenajaven-ne-mozhesh-da-otidesh-ni-kaj-semejstvoto-01.jpg

Бојан Велевски (32) од Скопје е физиотерапевт, кој од 2020 година живее на Гранд Канарија, најголемиот остров во склоп на Канарски Острови.

Таму, освен што работи, Бојан ја пронајде и љубовта на својот живот, сопругата Анабел.

Во разговорот овој млад скопјанец ни раскажа за магијата на Канарските Острови, каде скоро 365 дена во годината е сончево, а животот е многу поинаков отколку кај нас.

Прочитајте го интервјуто со Бојан:

Зошто реши да си заминеш од Македонија?

Како секој млад Македонец што веќе заминал од земјата, причината да ја напуштам Македонија беше состојбата во државата и насоката во која одеше таа во тоа време.

bojan-od-skopje-zhivee-na-kanarski-ostrovi-lokalcite-se-druzheljubivi-no-nenajaven-ne-mozhesh-da-otidesh-ni-kaj-semejstvoto-17.jpg

Пред колку време се пресели на Гранд Канарија? Островот го избра случајно или, пак, замина поради работа, љубов...?

Се преселив во 2020 година, највеќе поради љубов. Јас и пред тоа бев спремен да се преселам во Германија, но мојата девојка во тоа време ме убеди да ѝ дадам шанса на Гранд Канарија прво.

Дојдов тука и еве, четири години подоцна, можам да кажам дека не жалам за одлуката.

bojan-od-skopje-zhivee-na-kanarski-ostrovi-lokalcite-se-druzheljubivi-no-nenajaven-ne-mozhesh-da-otidesh-ni-kaj-semejstvoto-15.jpg

Како би го опишал животот на Канарските Острови?

Тука нема толку гужви како во Македонија, никој не се брза за ништо, сè е полабаво, луѓето не се толку нервозни.

bojan-od-skopje-zhivee-na-kanarski-ostrovi-lokalcite-se-druzheljubivi-no-nenajaven-ne-mozhesh-da-otidesh-ni-kaj-semejstvoto-21.jpg

Што ти е најубаво, а што не ти се допаѓа поврзано со животот таму?

Најубаво ми е што скоро 365 дена во годината е сончево, што секој ден после работа можеш да отидеш на плажа, а бидејќи се стемнува подоцна, имаш чувство како денот да трае два дена.

А, што не ми се допаѓа? Тоа што мојата фамилија и другарите ми се далеку.

bojan-od-skopje-zhivee-na-kanarski-ostrovi-lokalcite-se-druzheljubivi-no-nenajaven-ne-mozhesh-da-otidesh-ni-kaj-semejstvoto-06.jpg

Успеа ли да се прошеташ низ островот и во околината? Кое место од оние што си ги посетил ти е омилено?

Островот ми е прошетан цел, не знам колкупати, бидејќи секогаш кога ќе ни дојдат гости на посета, треба да ги прошетаме секаде.

А, и веќе имав многу гости од Македонија, па има места што сум ги видел и по неколкупати.

Во овие неколку години ги посетив и другите Канарски Острови.

Инаку, омилено место на островот ми е плажата Анфи.

bojan-od-skopje-zhivee-na-kanarski-ostrovi-lokalcite-se-druzheljubivi-no-nenajaven-ne-mozhesh-da-otidesh-ni-kaj-semejstvoto-08_copy.jpg

Какви се локалците? По што се разликуваат најмногу од Македонците?

Тука луѓето се отворени и дружељубиви, пацифички настроени, немаат многу предрасуди и ги интересира само нивниот живот.

Генерално, не можеш да отидеш ненајавен на гости кај некој другар, па дури и кај фамилијата, што кај нас во Македонија многу често се случува.

bojan-od-skopje-zhivee-na-kanarski-ostrovi-lokalcite-se-druzheljubivi-no-nenajaven-ne-mozhesh-da-otidesh-ni-kaj-semejstvoto-03.jpg

Има ли дружење како кај нас, пријатели со кои можеш во секое време да излезеш на кафе, на ручек?

Не одат секој ден на кафиња бидејќи немаат толку слободно време, но сепак сакаат да се дружат и излегуваат, па има забава.

bojan-od-skopje-zhivee-na-kanarski-ostrovi-lokalcite-se-druzheljubivi-no-nenajaven-ne-mozhesh-da-otidesh-ni-kaj-semejstvoto-20.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
Јордан Колевски го замени Скопје за Торонто: „Животот овде е прекрасен, луѓето се топли и љубезни, р... „Овде секој ќе те поздрави иако не те познава, луѓето се топли и насмеани. Ми се...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Марко Џамбазоски: „Сакам да истражувам и да покажам дека Македонија е многу повеќе од Скопје и Охрид... Марко Џамбазоски од Скопје со неговиот авантуристички дух постојано ја истражува...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg