Најдобрата македонска скијачка на сите времиња – Јана Атанасовска (16): „Повеќе време поминувам на планина отколку дома“

Како ви се организирани тренинзите во текот на целата година?

Јана: Подготовките и припремата за една скијачка сезона почнуваат од месец мај и траат до декември во тековната година. Во декември веќе почнува натпреварувачката сезона и трае до почетокот на април месец.

Според тоа, може слободно да кажам дека подготовките се преку целата година. Во текот на летото имаме еден месец пауза и одмор и потоа повторно почнуваме со кондициски и нутриционистички подготовки.

Сè што се прави е со цел секогаш да се биде во „конкурентен режим“ и да ги одржувате батериите да работат со полно работно време.

Покрај тренинзите на ски терените имаме и суви припреми односно ја подобруваме и одржуваме кондицијата во сала или на отворено.

Сега само што ни заврши натпреварувачката сезона и имам пауза од 20-тина дена да се опоравам, да се врати телото во нормала и потоа полека почнуваме со суви тренинзи.

Во нашиот спорт посебен акцент се става на периодизација на тренинзите и планирање на формата. Многу е битно полека да се враќам во форма и да се испланира пикот на формата да биде достигнат за почетокот на сезоната.

Првите глечерски припреми ни се во мај и траат од 2 до 3 недели.

najdobrata-makedonska-skijachka-na-site-vreminja-jana-atanasovska-22.jpg

Александар: За нејзините летни тренинзи на снег, база е австрискиот глечер Хинтертукс, Австрија, додека во зимскиот период нејзините тренинзи се реализираат во ски центрите во регионот Карнтен, Австрија, Италија и Словенија.

Глечерот се наоѓа во областа Тирол Зилертал, тоа е најголемиот светски тренинг центар на 3250 m, каде што си добиваме стази, согласно од тоа што сакаме да тренираме. Таму тренираме од мај до почетокот на декември секој месец.

Јана од најрани години е подложна на целогодишни тренинзи, како на снег така и кондициони тренинзи од највисок степен.

Нејзиниот годишен тренинг се движи околу 130-150 дена снежни тренинзи, а останатиот дел се кондициски тренинзи адаптирани за нејзин целосен психофизички развој, компатибилен со нејзината возраст.

Септември, октомври, ноември се месеци во кои повеќе време поминуваме на планина отколку дома. Во зависност од температурата и условите, формата на скијачите, може да останеме и повеќе денови.

Може да се случи овие три месеци односно 90 дена, 75 дена да сме на планина, а само 15 дена дома. Кондиција се работи 340 дена во годината, а само 15 дена вака како сега на крај на сезона, има слободни за тотален ресет на телото и умот.

najdobrata-makedonska-skijachka-na-site-vreminja-jana-atanasovska-11.jpg

Веќе 11 сезона сме во истата куќа во Австрија, која е закупена преку цела година и целокупната фитнес опрема и справи е таму стационирана, така да другиот дел од кондицијата таму ја одржуваме.

За жал веќе втора година по ред во јули и август има недостиг на снег во светските тренинг центри, па скијаме и во затворени ски центри. Оваа година бевме во Литванија за подготовки во затворена хала.

Во ноември односно декември веќе се првите трки. Тоа се трки на коишто гледаме до каде сме, што сме постигнале за време на тренажниот процес, а останатите трки се веќе од декември до април.

Овие месеци правиме маршрута, односно почнуваме од едно место, па потоа се следат трките низ регионот. Почнуваме пример од Словенија, потоа тренираме во Австрија, и по неколку дена тренинг се разгледуваат трките во регионот на кои би настапиле.

Патуваме по различни планини каде што има добри тренинг центри. Максимум сме од 2 до 4 дена на едно место, затоа што пристигнуваме, тренираме, се тркаме и потоа одиме на друго место.

Многу луѓе го гледаат скијањето како уживање во Австрија, земјата од соништата. Всушност не знаат како изгледа еден нејзин ден, колку рано станува, тренира на секакви услови, на температури до -20 степени, каде што нема никој друг, ништо не работи на тие услови, потоа краток одмор до новиот тренинг или натпревар, во меѓувреме треба да учи, да внимава на начинот на исхрана, целосна посветеност на спортот, сите тие се жртви, што не секој ги гледа.

najdobrata-makedonska-skijachka-na-site-vreminja-jana-atanasovska-14.jpg

Алпското скијање многу зависи од опремата, нели? Тоа е индивидуален спорт, но каква улога има сервисерот за скијачите?

Јана: Токму така. Тоа е тимски спорт во таа смисла. За успешно скијање потребна е најквалитетната опрема, од комбинизон, до кацига, наочари, ракавици, штитници, но најбитни се скиите и подготовката на скиите од страна на сервисерот.

Времето и структурата на снегот се менуваат секој ден. Работата на сервисерот е да го најде идеалниот восок за времето и снегот во тој ден, или она што може да го наречете „Светиот грал од восоци“ како и начинот на подготовка на самите скии. Тој го избира најдобриот восок од десетици различни видови.

Како што знаете, подготовката на скиите е многу важна за брзината. Ако восокот не е соодветен за квалитетот на снегот, ја губите брзината.

Ако ова не е направено правилно, не можете да добиете брзина. За секој скијач, пронаоѓањето на идеалниот восок за временските и снежните услови е исто така важен дел од натпреварот.

najdobrata-makedonska-skijachka-na-site-vreminja-jana-atanasovska-08.jpg

Кој ги спрема твоите скии?

Јана: Многу од развиените скијачки нации имаат цел тим на тренери и сервисери кои ја вршат својата работа секој во својот дел.

Со други зборови, земјите каде што скијањето е популарно имаат многу вработени и големи финансии за реализација на плановите.

Кај нас мојот тренер кој воедно е и мој татко, е и тренер, и сервисер, и возач, и организатор, и готвач.

najdobrata-makedonska-skijachka-na-site-vreminja-jana-atanasovska-19.jpg

Дали македонските скијачи се соочуваат со прилично неповолни околности?

Александар: Реално околностите во Македонија не се најповолни. Почнувајќи од нашата местоположба, односно многу сме оддалечени од сите скијачки центри, што значи поминување на илјадници километри на пат, многу повеќе од другите нации.

Финансиите се исто така огромен проблем. Ние сме сиромашна држава и немаме финансии за врвниот спорт односно немаме систем за врвен спорт.

Исто така општествената одговорност на нашите компании за скијањето е на најниско можно ниво. Невозможно е да се најде компанија или компании кои би застанале зад нашиот пат кон успехот.

najdobrata-makedonska-skijachka-na-site-vreminja-jana-atanasovska-24.jpg

Како е да се натпреваруваш под притисок?

Јана: Справувањето со голем притисок е клучен елемент на алпското скијање, спорт во кој една мала грешка често може да ве исфрли од трка, дури и ако сте еден од најдобрите.

Состојбата на умот е многу голем фактор и од таа причина работиме со спортски психолог кој ми помага околу фокусот, пронаоѓање на баланс помеѓу позитивниот и негативниот тремор за време на натпревари.

Грижата за мојот ум е важен сегмент од мојата работа: имам кондиционен тренер за телото, тренер за техника, и исто така спортски психолог кој се грижи за состојбата на моето ментално здравје.

najdobrata-makedonska-skijachka-na-site-vreminja-jana-atanasovska-15.jpg

Продолжува на следната страница... 


Би можело да ве интересира:

Александар Цветковски: „Со сопругата се боревме со неплодност, имавме и мртвороденче, но сега сме бл... „Јас правев буквално сè за да го преболиме мртвороденчето по второто ИВФ и сега ...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg