Најдобрата македонска скијачка на сите времиња – Јана Атанасовска (16): „Повеќе време поминувам на планина отколку дома“

Дали имаш некое хоби?

Јана: Да правите нешто различно е добро и за вашата глава и за вашето тело. Сакам да гледам филмови и сакам да возам мотори. Мотокросот ми е пасија.

Сметам дека тоа е корисно за мојот ум, но и за моето скијање бидејќи кога возам мотор ми треба сила, треба да бидам концентрирана цело време и ми треба стабилност: убаво е вашиот ум да се промени и да проба нешто поинакво.

Доброто во скијањето е што мораш да пробаш и да тренираш многу спортови како велосипедизам, атлетика, мотоциклизам, фудбал, ролери, пливање, летање и сл.

najdobrata-makedonska-skijachka-na-site-vreminja-jana-atanasovska-16-povekje-vreme-pominuvam-na-planina-otkolku-doma-.jpg

Со оглед на тоа што поминуваш многу време на планина, како се справуваш со училиштето, како се компензира отсуството?

Јана: Тој дел досега не ми бил проблем, бидејќи имам одлични професори, кои ме поддржуваат и секогаш можам да надоместам кога ќе се вратам.

Александар: Основно училиште заврши во ОУ Лазо Трповски. Таму беше неверојатно каква поддршка имавме.

Почнувајќи од класната Милица Патраклиева до педагогот Рената Поповска и сите нејзини наставници, не само што ја поддржуваа туку и безусловно ѝ помагаа.

Јана сама по себе е дете што многу учи и успеа да надомести сè од наставната програма.

Сега учи во приватната гимназија Алгоритам. Оваа гимназија пред сè ја одбравме бидејќи имаа најмногу разбирање за нејзиното отсуство меѓутоа и поради можноста за адаптација на наставната програма на нејзините потреби и потполната поддршка од целокупниот професорски кадар на Алгоритам.

najdobrata-makedonska-skijachka-na-site-vreminja-jana-atanasovska-12.jpg

Која трка ти е најдрага, што би сакала да ја издвоиш, и кои се твоите достигнувања?

Јана: Досега имам учествувано на повеќе од 120 натпревари до 16 години, од кои повеќе од 90% се натпревари од меѓународен и интернационален карактер.

Заклучно со сезоната 2020/2021 имам освоено преку 70 медали и пехари на различни домашни и меѓународни натпревари како што се Хрватска, Словенија, Австрија, Италија, Словачка, Чешка, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина.

Од детското скијање најдрага ми е победата на Little Fox во Словенија. Беше еден од најголемите натпревари на кои имав учествувано, имаше огромен број на деца натпреварувачи, имаше парада како за на Олимпијада и како дете ми беше многу интересно. Таа трка и таа победа ми е најдрага, иако сум имала и поголеми победи.

Што се однесува до FIS трките најдраги ми се двата подиума на трката во Форни ди Сопра, Италија освоив бронзен медал во конкуренција U18 и на трката во Пасо Оклини, Италија освоив сребрен медал во конкуренција U18.

najdobrata-makedonska-skijachka-na-site-vreminja-jana-atanasovska-16.jpg

Дали ја остваривте зацртаната цел во вашата дебитантска сезона во FIS?

Александар: Јас како тренер секогаш барам повеќе. Оваа година имав за цел од појдовните 1000 FIS точки да се спушти на 80 FIS точки, а Јана се спушти на 54, што ја рангира на 666 место на FIS листата.

Гледано од овој аспект зацртаната цел е надмината, но кога гледам колку е моќна, колку знае, колку може, и моите цели се поголеми.

Оваа година покажа многу ладна глава, којашто и понатаму ќе ѝ треба, а тоа ми е најголемото достигнување за оваа година – нејзината психолошка состојба. Јана многу созреа и успеа да се справи со сите предизвици, а ги имаше многу.

Постојано се бориме и со моќта и искуството на другите нации коишто се многу побогати од нас, и со скијачка традиција и можности, но и финансиски. Но, оваа година, Јана докажа и на мене, и на себе, дека и покрај тие предности кои ги имаат, таа може да биде повеќе од конкурентна.

Психолошкиот сегмент ѝ е многу појак, не се сомнева во себе, знае дека може, се труди, работи, храбра е.

Како прва година во сениорското натпреварување, каде што има голем број на натпреварувачи, многу ми е драго дека Јана секогаш беше во првите 3 девојчиња во нејзината возраст.

najdobrata-makedonska-skijachka-na-site-vreminja-jana-atanasovska-18.jpg

Каков беше преминот од детските купови до ФИС куповите, што е поразлично?

Јана: Поразлично е што е многу помал притисокот. Пред да влезам во оваа сезона очекував дека ќе ми биде полесно во сениори, бидејќи има многу трки во сезоната, ако не направам нешто на оваа, за два дена има друга.

Сениорските трки ги гледам како секојдневен тренинг, само некој ти ја наместил стазата, ја средил ти само треба да се пуштиш и да дадеш сè од себе.

Додека во детското скијање имаше многу малку трки што ги таргетиравме. Бркавме големи резултати и се боревме со очекувањата да направиш нешто.

najdobrata-makedonska-skijachka-na-site-vreminja-jana-atanasovska-17.jpg

Дали тоа што не ја познаваш стазата ти прави некоја возбуда, страв?

Јана: Сите стази на кои се натпреварував оваа година ги возев за првпат. Тренираме на други стази, натпреварувањето е на сосем нова стаза. Порано тоа ми правеше возбуда, но сега веќе не, многу стази сменив, многу стази видов и сега веќе сите ми се исти.

Александар: Тоа е тоа искуство што ни фали и што е потребно за врвни резултати. Јана ги виде конфигурациите на стазите, на снегот, колку е природен колку е вештачки, како е подготвен теренот.

Го виде и моментот да имаш стартен број над 100 и со каква стаза и каков терен се соочуваш. Ако имаш високо стартно бројче, каков сака и да бил снегот, каква и да била подготвена стазата ти се соочуваш со друг терен со дупки, и треба да најдеш техника за да го извозиш и за жал веќе од старт си неколку секунди поспор од првата натпреварувачка која се спуштила на идеални услови.

Затоа е важно да се спуштат тие FIS точки, затоа што помалку точки толку подобар стартен број. Точките се намалуваат согласно рангирањето на тие трки.

najdobrata-makedonska-skijachka-na-site-vreminja-jana-atanasovska-07.jpg

Кои се плановите за наредната сезона?

Александар: Секоја сезона до крај на август се објавува во календарот на трки. Штом ќе се објави ќе одлучам на кои трки ќе учествуваме.

Нормално ќе има и некои исти трки на кои бевме оваа година што ми се допаѓаат по квалитет, под квалитет подразбирам силна конкуренција.

Ќе одиме и на нови трки, да запознае нови терени и да стекне поголемо искуство.

najdobrata-makedonska-skijachka-na-site-vreminja-jana-atanasovska-05.jpg

Со само 16 години, веќе важи за скијачка со најмногу достигнувања кај нас. Каде се гледа Јана во иднина?

Александар: Во Македонија е прво дете што на 16 години се спуштило на 54 точки. Во историјата на Македонија не постои ни машко ни женско дете што се спуштило во првата година FIS на толку точки. Во скијањето е што помалку точки толку си подобар.

Следната година би сакале да учествуваме на Европа куп, тие се една категорија повисоко од FIS натпреварите, а над нив се само Светските купови.

Идејата е да видиме на Европа куповите каде се наоѓаме, бидејќи тука учествуваат натпреварувачи од светски калибар.

За Светски куп по некој оптимум ја гледам во топ 30 да велезе со нејзини 22-25 години. Меѓутоа секако би почнале да учествуваме порано, да го осети тој притисок, да го осети теренот и да се намали психолошкиот притисок кој го носат натпреварите од тој ранг.

Потребна е ментална зрелост, што си доаѓа и со годините и со искуството. Не можеме да бараме, не само во спортот, туку и во секојдневниот живот, од 16 годишно девојче да има ментална зрелост како некој од 22.

Секако цел ни се учества и добри резултати на Олимпијадите.

Јана: Тренерот вика од 22-25 години да влезам во топ 30, јас мислам дека можам многу порано во први 30, а на 25 години веќе во први 15. Тоа е нешто кон што се стремам.

najdobrata-makedonska-skijachka-na-site-vreminja-jana-atanasovska-25.jpg

Да се биде успешен во еден ваков спорт бара многу жртви. Кој ви е најголема поддршка во целиот процес?

Александар: Најголемата жртва во целата оваа спортска приказна е секако Јана самата. Мојот дел од овој пат е секако подразбирлив ако се земе фактот дека јас сум човек кој живее и дише за алпското скијање.

Но најголем столб, безрезервна поддршка во сите сегменти на оваа спортска приказна е несомнено нејзината мајка, мојата сопруга.

Таа е фигурата која најмногу се радува на нашите успеси, најмногу нè теши во нашите падови и со самото тоа е најважната алка во нашиот спортски пат.

Од минатата сезона имаме и помош и поддршка од Скијачка Федерација на Македонија. Ова раководство на СФМ е прво којашто ја поддржа Јана и многу сме благодарни.

Под поддршка и логистика не го подразбирам само делот во финансиите со кои нè поддржаа, но исто така битен момент е што пред секоја трка добивам телефонски повик од Претседателот и од останатите членови, со прашања од типот: како е Јана?, ви треба ли нешто?

Ги следат сите наши натпревари, уште јас не сум го видел резултатот тие го знаат, се јавуваат, честитаат, ако нешто не е како што треба нè тешат и сл.

Самото тоа што знаеш дека некој те прати и те мисли од твојата држава многу значи, затоа што 11 години буквално сè сами спонзориравме од опрема, патувања, комбиња, кондициска опрема, вежби, тренинзи, сè сè, затоа сум многу среќен што од минатата година ја имаме и поддршката на СФМ, нивната доверба во квалитетот и талентот на Јана и со големо задоволство сме среќни што во целост ја оправдавме укажаната доверба и поддршка.

Тие се неколку алки без кои не се може, односно нашиот пат би бил многу потежок.

najdobrata-makedonska-skijachka-na-site-vreminja-jana-atanasovska-09.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.



Би можело да ве интересира:

Александар Цветковски: „Со сопругата се боревме со неплодност, имавме и мртвороденче, но сега сме бл... „Јас правев буквално сè за да го преболиме мртвороденчето по второто ИВФ и сега ...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg