Д-р Вангелица Гаврилова: „Ја криеме апатијата зад лажна насмевка, многу болести се од потиснати емоции“

„Наместо прашањето: 'Што не е во ред во мене', да се запрашаме: 'Што е во ред со мене и зошто?'... И покрај проблемите на кои наидуваме, прифатете позитивен став кон животот, запамтете дека животот ќе ви биде онаков како што ќе се поставите спрема него“, советува д-р Вангелица Гаврилова, доктор по психолошки науки и професорка на Меѓународниот Славјански Универзитет. За CRNOBELO.com, таа открива како можеме да се справиме со негативните емоции во ова стресно време во коешто живееме.

d-r-vangelica-gavrilova-doktor-po-psiholoshki-nauki-mnogu-bolesti-se-rezultat-na-potisnati-emocii-za-da-se-spravime-so-niv-nekogash-treba-struchna-pomosh-01.jpg

Во ова стресно време, кога проблемите со менталното здравје стануваат сè почести, не е ни чудно зошто книгите за самопомош се толку популарни.

Сите бараме начин да се справивме со предизвиците што ни ги приредува животот, но во некои мигови ова може да ни изгледа како невозможна задача.

Д-р Вангелица Гаврилова, доктор по психолошки науки, е професорка на Меѓународниот Славјански Универзитет во Свети Николе и Битола.

За CRNOBELO.com, таа открива каква е улогата на емоциите врз менталниот развој, а споделува и неколку совети што можеби ќе ви помогнат да се справите со негативните чувства и да се фокусирате на убавите работи во вашиот живот:

Каков е Вашиот поглед за животот во ова модерно време?

Живееме во време на изместени морални вредности, висока корупција, време на неизвесност, несигурност, време кога имаме многу пријатели, а вистински малку, време на апатија која многу лесно може да се прочита на изразот на повеќе лица, дури и кај случајни минувачи, колку и да се сака да се прикрие низ маската на вештата лажна насмевка...

Чекориме низ турбуленции, изложени на падови и подеми како на личен план, семеен, професионален...

Но, да се потсетиме на познатата максима: „Во животот не е важно колку пати ќе паднеш, туку колку пати ќе успееш да се исправиш“.

За жал, многу често се случува да ни е поважно како нè перципира средината, околината, отколку како ни е нам во душата.

d-r-vangelica-gavrilova-doktor-po-psiholoshki-nauki-mnogu-bolesti-se-rezultat-na-potisnati-emocii-za-da-se-spravime-so-niv-nekogash-treba-struchna-pomosh-04.jpg

Како да си ги зачуваме психичкиот мир и здравјето во овие околности?

Како и да е, секогаш има светла точка. Многу е важно да сфатиме што во животот зависи од нас, а што не.

Она што можеме да го промениме, ќе го промениме, а она што не можеме ќе го прифатиме, но најважно од сè е да умееме да правиме разлика помеѓу првото и второто.

Во никој случај не треба да се дозволи да се препуштиме на депресивно расположение, отсуство на борбен дух и чувство на безнадежност, зошто вербата, позитивната мисла и емоција се чекор кон успехот.

d-r-vangelica-gavrilova-doktor-po-psiholoshki-nauki-mnogu-bolesti-se-rezultat-na-potisnati-emocii-za-da-se-spravime-so-niv-nekogash-treba-struchna-pomosh-04_copy.jpg

Каква е улогата на емоциите врз менталниот развој?

Силата, а не слабостите, е она што е клучно кон патот на успехот. Наместо прашањето: „Што не е во ред во мене“, да се запрашаме: „Што е во ред со мене и зошто?“.

Овој позитивен пристап придонесува за елиминирање на негативностите, но и ги повикува личностите да се фокусираат на она во што се добри, при што тогаш сите постигнуваат повеќе цели и се позадоволни. Ова може да придонесе и за подобрување на образованието и техниките на учење.

Емоцијата е потсвесна и субјективна ментална реакција насочена кон определен настан и скоро секогаш е придружена со менување на физиолошкото и физичкото однесување на личноста. Потсвесната реакција се однесува на човековата меморија, размислувајќи и перципирајќи одреден момент.

Многу е важно да се напомни дека подучувањето за емоционално „описменување“ и поттикнувањето на развојот на емоционалните способности, во голема мера може позитивно да ги менува личностите и да влијае врз нивниот раст и развој, особено што емоционалната писменост е значајна на планот на животот, при комуникацијата, односите со другите луѓе и при односот кон себе.

Емоционално писмените личности се сакаат себеси и другите, свесни се за своите потреби и ги искажуваат во комуникацијата, а нивниот комуникациски стил е асертивен.

d-r-vangelica-gavrilova-ja-krieme-apatijata-zad-lazhna-nasmevka-mnogu-bolesti-se-od-potisnati-emocii-006.jpg

Како да се справиме со негативните емоции?

Факт е дека емоциите се основната погонска сила на животот затоа што тие можат да предизвикаат одредено однесување, да дадат енергија тоа да се изврши и да го одржуваат.

Ако погледнеме наоколу ќе видиме различни лица: насмеани, зачудени, некои преполни со болка, скриена или очигледна. Фацијалната експресија е израз на она што го чувствуваме внатре, тоа е израз на нашите емоции.

Клучот за да имаме здраво однесување е во нас самите, односно да имаме способност да ги контролираме емоциите. Ова не значи дека не треба никогаш да се препуштиме на чувствување на негативни емоции, туку дека не треба да им дозволиме да ни го управуваат животот.

Наместо тоа, секогаш кога нè обземаат треба повторно да размислиме или повторно да ја процениме целата ситуација. Голем број од болестите се резултат на потиснати емоции.

Кога ќе се ослободиме од тие заробени негативни емоции ќе можеме да го излечиме и телото и душата, а за тоа често е потребна и стручна помош, особено од психолог.

И покрај проблемите на кои наидуваме чекорејќи низ лавиринтот на животот, потрудете се и научете се на позитивен начин на размислување, прифатете позитивен став кон животот, запамтете дека животот ќе ви биде онаков како што ќе се поставите спрема него.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Ана од Битола: „Партнерот ме запроси на 18 години, сите нè осудија, но чувствата не бираат ниту годи... „Кога партнерот ме побара за жена, имаше премногу негативни коментари, предрасуд...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Михаил Корубин: „Моите ми направија прва ‘изложба’ дома на 6-7 години, израснав во ателјеата на татк... „Паметам на 6-7 години моите ми ја направија првата „изложба“ во нашата куќа, ја...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg