Поранешен ученик за CRNOBELO.com: „Бев исмејуван на училиште поради мојата тежина, добивав погрдни комeнтари“

Што мислиш дека треба да се направи за да се спречи секаков вид на дискриминација во општеството, особено во училиштата?

Мислам дека нашето општество има уште многу да учи и да развива свест на оваа тема. Би препорачал, што повеќе обучена стручна служба во училиштата, повеќе разговор со децата, и дома и на училиште.

Нема ништо повеќе што му значи на детето од тоа да му пружите разбирање и сочувство во тешки ситуации, било тоа да е дискриминација, врсничко насилство или друг проблем.

Која е твојата порака за големиот број на деца кои се наоѓаат во ваква тешка ситуација? Што би ги советувал?

Мојата порака е едноставна – знам дека е тешко, знам дека многу пати ќе се запрашате зошто баш мене ми се случува ова, но тие работи се она што нè градат како личност и ни ја зајакнуваат самодовербата.

Секогаш останете свои и никогаш не подлегнувајте на никакви промени заради толпата. Бидејќи твојата посебност е она што го прави светот поубаво место за живеење.

Живееме во свет во кој ако не си дел од толпата тогаш си губитник.

Во свет во кој сите очекуваат да живееш според нивни правила. Тешко е да бидеш дел од сцената преполна со луѓе кои се обидуваат да ги излечат сопствените комплекси кажувајќи дека си само небитен декор кој му смета на глумците кога настапуваат на неа.

poranesen-ucenik-za-crnobelo.com-bev-ismejuvan-poradi-mojata-tezina-dobivav-komentari-kako-sakam-da-sum-razlicen-i-kako-sedam-sam-04.jpg

Да се наоѓаш во чевлите на детето кое е навредувано и злоупотребувано од неговите врсници значи да немаш детство. За жал, дискриминацијата и насилството е сè повеќе присутна во училишните ходници.

Постоењето на свесност за таквите проблеми и решавање на соодветен начин – едно од главните оружја со кои треба да располагаме. Затоа пред да осудиме или дискриминираме некого да се обидеме прво да го запознаеме.

Соодветното домашно воспитување и едукацијата од родителот сè уште едно оружје со кое ќе го изградиме мечот за победа. И за крај потребни се нашите раце, нашата сила, и волја со кој ќе се обидеме силно да замавнеме со мечот и да ја поразиме дискриминацијата еднаш засекогаш!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобело / фото: pexels.com



Би можело да ве интересира:

„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Даниела од Скопје е впечатлива модна дама, со страст за скап и безвременски накит „Од накит ретко носам бижутерија поради алергија и сакам квалитетни часовници и ...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...
Баба и внука од Кавадарци се поим за нераскинлива љубов - Наташа (29) си ги истетовира името и окото... „Јас ја сакам баба ми најмногу на целиот свет. Во нејзината прегратка пораснав, ...
Даниела Панева помага на жртви на семејно насилство: „Една жена ја затворале во кочина, друга пријав... „Имав случај каде постара жена од рурална средина после 35 години насилство во б...

Најчитани неделава