Теодора Мицеска (17), пејачка: „Се трудам македонската изворна музика да не се пее само во Македонија, туку и надвор од границите“

Кога настапуваш, твојот стил на облекување е уникатен. Бидејќи преку народната носија која ја носиш ја отсликуваш целата приказна околу македонската традиција. Од каде инспирацијата за тоа?

Секогаш кога настапувам, пред сè гледам да биде нешто автентично, нешто кое ќе ме направи посебна, уникатна и онаа која ќе биде запаметена не само по нејзиниот моќен глас, туку и по нејзината облека.

Нашиот фолклор изобилува со прекрасни изработки на убавите народни носии, посебни се, имаат голема историја, најубави се.

Целта на еден пејач не е само да излезе на сцена колку да испее и да си замине само со еден поклон, целта е да се долови магијата на песната и на таа носија.

Кога настапуваме надвор од државата, на публиката треба да ѝ го привлечеме вниманието со сè што поседуваме. Инспирацијата за ова се старите изведувачи на изворните песни и интересот кон нашиот фолклор и традиција.

mladata-pejacka-teodora-miceska-ke-se-trudam-do-kraj-da-se-pee-izvornata-muzika-ne-samo-vo-makedonija-tuku-i-nadvor-od-nejzinite-granici-09.jpg

Претпоставувам има песни кои ги пееш со посебна емотивност и ти се омилени. Дали би можела да ни издвоиш некои?

Едно од најтешките прашања лично за мене. Секоја песна сама по себе те води низ еден емотивен циклус, низ тие некогашни тешки времиња, времиња кога нашиот народ навистина знаел што е тоа љубов, почит, емоција, емпатија.

Во самите песни се опишани нивните животи, нивното макотрпно работење, и тие аргатските времиња.

Секоја песна има посебни силни емоции, но кога би морала да издвојам, тоа би била песната со која за првпат настапив на сцена - „Ај зајди, зајди“ од Васка Илиева.

mladata-pejacka-teodora-miceska-ke-se-trudam-do-kraj-da-se-pee-izvornata-muzika-ne-samo-vo-makedonija-tuku-i-nadvor-od-nejzinite-granici-04_copy.jpg

Македонската музичка сцена е преполна со пејачи кои се вистински доајени на македонската народна песна. Па, дали имаш некој идол на кој се огледуваш?

Можеби сте слушнале за еден посебен, уникатен и автентичен вокал или за мене една личност со најубавиот глас – Зарина Првасевда.

Мислам дека ќе биде мојот засекогаш најголем идол, затоа што таа е човек кој подари многу на музичката народна сцена, нешто кое е несекојдневно за слушање, но со нејзините прекрасни изведби знае да те направи да го сакаш она за кое си мислел дека нема никаква вредност.

mladata-pejacka-teodora-miceska-ke-se-trudam-do-kraj-da-se-pee-izvornata-muzika-ne-samo-vo-makedonija-tuku-i-nadvor-od-nejzinite-granici-07.jpg

Како млад талент, сигурно имаш планови со коишто би сакала да се стекнеш и со поголема публика. Дали би ни открила кои се твоите идни музички планови?

Како „почетник“ во ваквите таканаречени музички води, секој еден од нас сонува за најдоброто и за најуспешното. Пред мене престои една тешка, макотрпна авантура полна со љубов и желба за работење.

Можам да кажам дека ова ќе биде една посебна музичка година. Некои конкретни планови и немам, оставам на времето да покаже самото на каков музички пат ќе се истакнам јас како личност.

Можам само да откријам дека ме очекува нешто убаво и ново за мене оваа година, па се надевам дека за скоро ќе се вратам со позитивни резултати од тоа место.

mladata-pejacka-teodora-miceska-ke-se-trudam-do-kraj-da-se-pee-izvornata-muzika-ne-samo-vo-makedonija-tuku-i-nadvor-od-nejzinite-granici-02_copy_copy.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Љубовната приказна на Бојан Велевски и Каролина: „Се запознавме во диско - таа го викала келнерот, ј... „Таа вечер не требаше да одам во диско. Не требало ни Каролина да оди, непл...
Еден ден со д-р Владимир Чадиковски, детски кардиохирург: „Станувам во 5h, возењето мотоцикл ми е из... „Станувам во 5 часот затоа што сакам денот да почне мирно, а не хаотично. Не ми ...
Maрија, ѕвездата од „Тин камп“, стана диџејка: „Клабингот не е нешто негативно - терапија е, идол ми... „Почнав да пуштам музика многу спонтано, речиси случајно. Но, ако размислам...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...

Најчитани неделава