Д-р Звезда Спасовска, специјалист педијатар советува: Кои лекови треба да ги понесеме на одмор со деца?

„Родителите треба да понесат препарати за кои сами можат да проценат дали треба да ги вклучат во лекувањето, на пример сируп и чепчиња за температура, електролити, пробиотик, капки за носето, крем за смирување на иритациите...“ вели специјалист педијатар Звезда Спасовска за CRNOBELO.com.

d-r-zvezda-spasovska-specijalist-pedijatar-sovetuva-koi-lekovi-treba-da-gi-poneseme-na-odmor-so-deca-01.jpg

Доктор Звезда Спасовска, која важи за еден од најдобрите педијатри кај нас, често се соочува со прашањето кои лекови треба да ги понесат родителите кога одат на одмор со деца.

За CRNOBELO.com, Д-р. Спасовска вели дека иако кај родителите постои страв за здравјето на детето, тие треба да се одлучат за препарати за кои сами можат да проценат дали ќе му ги дадат на детето или не.

d-r-zvezda-spasovska-specijalist-pedijatar-sovetuva-koi-lekovi-treba-da-gi-poneseme-na-odmor-so-deca-02.jpg

„Сега е сезоната на летните одмори и сите родители се во страв да не се случи нешто додека се на одмор. Тие често земаат лекови и антибиотици со себе за кои, искрено, не можат да проценат дали треба да ги употребат.

Затоа треба да понесат препарати за кои сами можат да проценат дали треба да ги вклучат во лекувањето, како на пример сируп и чепчиња за температура, електролити, пробиотик, капки за носето, крем за смирување на иритациите, газички, фластерчиња и јоден раствор за тоалета на мала рана, препарат против убоди од инсекти и, секако, фактор за сончање.

А доколку состојбата на детето се влошува или трае подолго од три дена, тогаш треба да посетат доктор кој ќе им даде дополнителна терапија доколку има потреба од тоа,“ вели таа.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сандра Ш. Каевска со семејството живее во Шведска: „Првите 3-4 години често размислувавме да се врат... „Првите три до четири години ни беа навистина тешки и често размислувавме за вра...
Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Аница 55 години живее во САД: „Се преселив на 16, со сопругот изградивме куќа во Ресен да имаме свое... „Америка не ме пушта да си заминам засекогаш во Македонија, зашто таму ми се дец...
Интервју со Кики, мајката од Grizzly семејството - Имаат 4 деца, 2 коња, 1 куче, а Козјак им е втор ... „Како 6-члено семејство омилени ни се кино-вечерите дома, boardgames, кампување ...
Ивана од Берово е мајка на 4 момчиња: „Моја желба беше јас да се грижам за нив, избегнуваме штетни с... „Имаме спори утра, нема брзање за одење некаде. Од мали ги поттикнувам самостојн...

Најчитани неделава