Цеце Николова за растењето без родители: „Првата жена која ме згрижи беше лоша, ми покажа како изгледа пеколот“

„Детско село секогаш ќе го паметам по живеењето со многу деца, сите со исти или слични судбини. Во принцип денот на дете од Детско село не се разликува нешто многу од денот на дете што живее со родители“, раскажува Цеце Николова за CRNOBELO.com, за нејзиното детство поминато во домот за деца без родителска грижа.

cece-nikolova-za-rastenjeto-vo-dom-bez-roditeli-se-sekjavam-na-edna-mnogu-isfrustrirana-losa-zena-zenata-trebase-da-se-grizi-za-mene-a-mi-pokaza-pekolot-kako-izgleda-01.jpg

Го знаеш она чувство кога всушност не си тажен туку си празен, кога не си сам, а немаш никого. Го знаеш она чувство на борба. Но, онаа борба на децата кои немаат родители.

Кој ја фрлил оваа клетва злобна, па тие да мораат да го поминат животот без родителската прегратка? Би ви рекол дека тоа не е клетва, туку судбината го направила својот тест за најсилните деца. Ги одбрала нив, бидејќи тие се моќта која го создава успешниот човек.

За таква борба зборува и приказната на нашата новинарка и ТВ водителка Цеце Николова, која израснала во СОС детското село.

Приказна која би сакале да ја споделиме, со цел да ја искажеме силата на децата без родители и успесите кои сами ги направиле.

Нивната борба, која треба да ја направиме доволно гласна за да стане наш приоритет со кој ќе се обидеме да дадеме поддршка на сите деца без родители.

Во интервју за CRNOBELO.com, Цеце Николова говори за нејзиното детство поминато во домот за деца без родителска грижа:

Борбеноста е една од одликите кои те прателе уште кога беше дете. А за тоа зборува фактот дека си се соочила со многу болни моменти во првото згрижувачко семејство каде си била сместена. На што се сеќаваш од твоите денови поминати таму?

Се сеќавам на една многу исфрустрирана, лоша жена. Жената требаше ДА СЕ ГРИЖИ за мене, а ми покажа пеколот како изгледа.

Тоа дефинитивно е период кој го дефинира целиот тек на мојот живот. Ѝ благодарам за сета злоба, поради неа денес сум сѐ што сум.

Твоето детство ќе го продолжиш во СОС детското село. Како изгледаше еден твој поминат ден и по што ќе го паметиш твоето живеење таму?

Детско село секогаш ќе го паметам по живеењето со многу деца, сите со исти или слични судбини.

Во принцип, денот на дете од Детско село не се разликува нешто многу од денот на дете што живее со родители.

Одиш на училиште, пишуваш домашни, спортуваш (јас танцував), учиш, си играш со другарите во двор.

Сигурен сум дека си имала тешки денови, денови на борба. Па што беше пресудно за тебе и што те мотивираше да издржиш во тие моменти?

Во тие моменти не знаев дека нешто „издржувам“. Генерално бев среќно дете кое живее со мисла дека „сѐ што се случува - така треба“.

Тажно беше кога почнав да сфаќам колку работи НЕ СМЕЕ дете да ги доживее, а не па дека „така треба“. Никој да не доживее такви работи, дете најмалку!

Несебично даваш поддршка на сите деца без родители преку формирањето на твоето здружение „4U“ (за тебе). Раскажи ни нешто повеќе за тоа. Од каде ја доби идејата?

На 18 години кога требаше да почнам да живеам сама, немав нешто многу поддршка зад себе, барем не онаква каква што ми беше потребна. Универзумот тогаш ми испрати луѓе кои ме однесоа на прав пат.

Неколку години подоцна сфатив дека веќе сум подготвена да им помагам и на други млади во социјален ризик кои на 18 години се оставени сами на себе.

„4U“ полека, но сигурно менува животи на многу млади растени без родители и многу сум среќна поради тоа!

Пораките се многу важни, а јавните личности се најсоодветниот глас за пренесување на истите. Па што би ги советувала сите деца кои се наоѓаат во ситуација во каква што си се наоѓала ти?

Да зборуваат со стручно лице за сѐ што ги мачи. И тоа за коешто мислат дека е најчудно, ненормално, срамно, дека само ним им се случува - ДА НЕ СЕ ПЛАШАТ ДА ГО КАЖАТ ГЛАСНО.

Сигурно не се единствени, а и психологот (одговорно тврдам) не би се изненадил што и да слушне. Важно е да се свесни за себе и за своите животни случувања и да научат како да го извлечат најдоброто и од најлошата ситуација.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Марио (21) од Битола учи факултет и има фарма во село Крклино: „Носам кози на пасење, собирам јајца ... „Живеам во Битола, но на имотот од дедо ми во село Крклино на 15 години ја започ...
Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...
Александар и Надица се игроорци од Валандово: „Ја негуваме традицијата, по аманет од баба и мајка, и... „На играорна ме запиша мојата покојна баба, и тоа ми е најубавиот спомен од неа,...
Maрија, ѕвездата од „Тин камп“, стана диџејка: „Клабингот не е нешто негативно - терапија е, идол ми... „Почнав да пуштам музика многу спонтано, речиси случајно. Но, ако размислам...

Најчитани неделава