Николина е акушерка во Германија: „Има жени што каснуваат од плацентата, родилките не треба да внимаваат колку се гласни при породувањето“

Инстаграм профилот на Николина Ралевски „Моја Акушерка“ e вистинска ризница со совети за сите бремени жени и мајки на новороденчиња. Таа редовно го споделува своето искуство и знаење што го стекнала како акушерка која неколку години наназад работи во родилна сала, а на тој начин и на македонските мајки им ги пренесува трендовите што се карактеристични за една развиена европска земја како Германија.

nikolina-e-akusherka-vo-germanija-ima-zheni-shto-kasnuvaat-od-placentata-rodilkite-ne-treba-da-vnimavaat-kolku-se-glasni-pri-poroduvanjeto-01.jpg

Николина е родена во Битола, а живее во Штутгарт, Германија. Таа е мајка на две прекрасни дечиња, Лука и Лара, а веќе 10 години работи како акушерка во родилна сала.

Прво работела во мала болница каде се раѓале деца од 37-ма гестациска недела, па натаму, а во 2016-та година се вработила во болница каде породувањата се од 24-тата гестациска недела, со интензивна бебешка нега (за ранородените бебиња), клиника која е со преку 2.700 породувања годишно.

nikolina-ralevski-e-akusherka-vo-germanija-ima-zheni-shto-kasnuvaat-parche-od-placentata-zhenite-ne-treba-da-vnimavaat-kolku-se-glasni-pri-poroduvanjeto-24_copy.jpg

Таа појаснува дека идејата за да започне свој Инстаграм профил посветен на совети за мајки и бремени жени дошлa сосема спонтано.

„Во 2021 година останав бремена со моето второ дете, Лара и поради КОВИД пандемијата, и заради мојата бременост не работев во родилна сала.

Во исто време неколку мои другарки од Македонија беа бремени.

Така почнавме да разговараме на теми поврзани со бременоста, пораѓајот и заклучив дека Македонија нема доволна медицинска и емоционална поддршка за периодот кога жената е бремена.

nikolina-ralevski-e-akusherka-vo-germanija-ima-zheni-shto-kasnuvaat-parche-od-placentata-zhenite-ne-treba-da-vnimavaat-kolku-se-glasni-pri-poroduvanjeto-05.jpg

Вака се раѓа желбата, целото мое искуство да го пренесам на мајките на кои им е потребна мојата помош, притоа, тие да не бидат советувани од кругот на семејството и пријателите.

Морам да напоменам дека од пред три месеци го започнав мојот онлајн курс, поготовка за пораѓај и постпартум период, кој се наоѓа на платформата mojaakusherka.mk, кој е единствен во Македонија од стручно медицинско лице.

Со Николина разговаравме на повеќе теми, поврзани со самиот процес на породување кај нас и во Германија, но и за тоа на што треба да внимаваме во грижата за новороденчиња во текот на летните денови.

nikolina-ralevski-e-akusherka-vo-germanija-ima-zheni-shto-kasnuvaat-parche-od-placentata-zhenite-ne-treba-da-vnimavaat-kolku-se-glasni-pri-poroduvanjeto-03_copy.jpg

Следува целото интервју со Николина:

Кои се најчестите проблеми со кои бремените жени се соочуваат во текот на летниот период?

Летните, жешки денови, како за сите, така и за трудниците имаат негативно влијание врз телесната хидратација, чести појави на отоци на екстремитетите, влијание на крвниот притисок и сл.

Затоа треба трудниците да бидат внимателни, да избегнуваат директна изложеност на сонце, добро хидрирање, користење на креми за заштита од сонце (природноминерални) и слично.

За сите ваши грижи и симптоми обратете се кај вашиот матичен гинеколог.

nikolina-ralevski-e-akusherka-vo-germanija-ima-zheni-shto-kasnuvaat-parche-od-placentata-zhenite-ne-treba-da-vnimavaat-kolku-se-glasni-pri-poroduvanjeto-25.jpg

Кои се најчестите заблуди што жените ги имаат за самиот процес на породување?

Нестручните совети и приказни од другарка, сосетка, братучетка... Можат да доведат до несигурност, стравови, заблуди итн.

Што се случува вообичаено со остатоците од постелката од утробата на мајката што се вадат по породувањето?

Германија е држава во која живеат многу народи и испреплетени се многу култури при што сме биле сведоци на различни традиции.

Едни од најпознатите се: правење на хомеопатски лекови од плацентата, засадување на плацентата во земја и потоа садење дрво на истото место, симболирајќи го почетокот на новиот живот.

Поретко се среќава пациентка која сака да касне парче од плацентата или да направи смути. Во најголем дел, болницата се погрижува за остатоците од плацентата.

Кои се најдобрите вежби, според вас што на бремените жени може да им помогнат при самото породување?

Самото породување е процес во кој треба да бидеме и физички и психички активни.

Промената на позициите и движењето за време на пораѓајот нуди многу придобивки.

Колку што сум информирана, во Македонија, овие техники кои помагаат во породувањето, за жал, ретко се користат.

Во Европа и светот, на родилката ѝ се дава можност да избере начин кој најмногу би ѝ помогнал.

Со користењето на овие техники се намалува болката, се зголемува чувството за контрола и соработка на мајката во самиот пораѓај, се подобрува удобноста, се променува обликот на карлицата со што главата на бебето се доведува во оптималната положба итн.

Во мојот курс има видеа за позиции кои можат да се користат за олеснување на пораѓајот.

nikolina-e-akusherka-vo-germanija-ima-zheni-shto-kasnuvaat-od-placentata-rodilkite-ne-treba-da-vnimavaat-kolku-se-glasni-pri-poroduvanjeto-25.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Дарио Панковски: „Излегував во најпопуларните шминкерски кафулиња и дискотеки, и денес би облекол ко... „Не готвам, но сакам да си подготвувам интересни ‘бранчови’. Хит ми се оние со а...
Рената (36) од Гостивар за борбата со ракот: „Доејќи го моето бебе опипав грутче на градата, мислев ... „На само 33 години и 10 месеци, кога моето второ бебе беше уште во пелени, ми бе...
Анита Русевска (47) е дама со впечатлив стил - обожава бунди, преферира патики пред високи потпетици... „Со сопругот за преку ден не гледам да сме модно усогласени, но навечер или за н...
Бубе Јаневска за стилот и убавината: „Имам над 35 сакоа, откако пијам 2.5l вода дневно имам поубава ... „По еден период на „мрза“ сега сум повторно физички активна. Сѐ уште немам ...
Игор Џамбазов за CRNOBELO: „Докторот што ме оперираше рече дека ќе останев без десната нога над коле... „Од татко ми научив да бидам чесен човек. И покрај сè што преживеав, се гор...
Успешни Македонци низ светот: Инес Станковска прави силуети од хартија - учела од дедо ѝ во Париз, с... „Им имам направено силуети на Џенифер Лопез, Мајкл Даглас, Џон Траволта... Сум р...

Најчитани неделава