Анастазија (24) од Штип: „Бев хоспитализирана и тогаш започнав да креирам текстурирана уметност - така ми дојде идејата за свој бизнис“
Кога сликам, секогаш ми свири музика. Имам тенденција да се изгубам во работата кога работам на слика. Тоа е многу медитативно за мене.

Обично започнувам со општа идеја за дизајн и продолжувам оттаму.

Научив да не се врзувам премногу за некои одредени области на сликата на почетокот бидејќи тоа понекогаш го ограничува исходот. Мојата работа е во изградба на слоеви.

Мојот стил би го опишала како минималистичен и чист, главно работам со структурна паста во неутрални бои.


Како уметник, сакам да продуцирам повеќе од само естетски пријатни уметнички делa, сакам да ја доловам атмосферата и чувството на смиреност во нашите зафатени животи.

Се надевам дека мојата уметност може да внесе чувство на смиреност и да ја подигне атмосфера во вашите домови.

Рамките ги изработувам рачно од мазно дрво со дебелина од 2-3 сантиметри, тие се обложени со високо квалитетно платно од памук.

За изработка на една слика ми е потребно 1 седмица, во зависност од големината и дизајнот, а моите досегашни изработки можете да ги разгледате на texturedart.mk“.